Бутик за венчаници

Дискусија во 'Свадба' започната од RainBow, 20 февруари 2012.

  1. kathy.cathy

    kathy.cathy Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Nekoj iskustvo i dali znae kako se dvizat cenite vo Emili Exclusive Design?
     
    На ilyan му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    509
    Невести бивши и идни, помагајте :D
    Шетав по салони, конкретно: Жана, Жан Мари, Пепика, Елизабет, Форевр, од кои убав впечаток ми оставија првите 3. Сите ми рекоа за моделот што ми се допаѓа дека цената ќе се движи од 450 до 650,со тоа што Пепика (ако се вика така девојката) ми рече дека не е проблем да се склопи цена и ако имам друг буџет.

    Ме интересира помеѓу Жана, Жан Мари и Пепика кое би го одбрале?
    Планирам уште во Мавровка да поминам, конкретно Бјанка па да се одлучам кај кого ќе биде,а тоа треба да е најдоцна за една недела :) Читав добри коментари и за Антонија Ристовска, Викторија Маер, но не знам дали кај нив има готови венчаници да видам во живо како работат и дали може да се проба?
     
  3. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    660
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja Другарка моја шиеше венчаница во Жан Мари и беше задоволна. Коректна е жената, се држи до термините кога ти закажала. Мене единствено не ми се свигаше што чипката (горниот дел и беше чипка и имаше додавано плус детали со чипка) и беше лепена со силикон а не зашиена, па се пододлепија некои парчиња во текот на денот. А изгледот на фустанот беше топ без ниедна мана.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    509
    Бидна ли венчаницата, за слика чекаме :D
     
  5. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    2.330
    Nekoj da ne ima iskustvo so venesis vo mavrovka?
     
  6. princess92

    princess92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Девојки дали некоја има искуство со бутиците Ti amo или My wedding во Битола?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Karmina1989

    Karmina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    371
    Пол:
    Женски
    @princess92 Скоро разгледував венчаници и мегу другите ги посетив и двата споменати, во тиАмо имаше венчаници по доста приступни цени да речам поефтини, мегутоа моделите некако не ми се допаѓаа а воедно и изработката. Во мај вединг имаше премногу избор за сечиј вкус, меѓутоа мене сите ми беа големки па им беа потребни корекции што мн и не ми се допаѓаше, имам мали гради па продавачката ме советуваше да сум купела градник полнет и поголем број, без врска јас си се бендисвам како што сум. На крај бев во Симона венчаници и таму на мое изненадување венчаниците беа со конфекциски број и порачани од Грција ми рече продавачката, пробав неколку модели и сите беа како кроени за мене оти беа мое бројче 36 и решив да изнајмам еден од тие што ги пробав во Симона венчаници. Поздрав се надевам ти помогнав со моето искуство
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    2.789
    Допаѓања:
    31.400
    Јас имав венчаница ос My wedding презадоволна сум,исто и во Ti amo има добри ама јас повеќе се пронајдов во My wedding.
     
  9. Ariety

    Ariety Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Колку ти побараа за изнајмување?
     
  10. kanella

    kanella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.958
    Пол:
    Женски
    Во Мавровка кога прашував за мојот модел во сите бутици 350евра беше цената. Затоа приметив колку помалку чипка и колку помалку везеници толку поевтина. Јас одбрав балски модел долниот дел многу буен со тил само а горниот чипка. За истиот модел во Квин 950 евра ми бараа :)
     
  11. Karmina1989

    Karmina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    371
    Пол:
    Женски
    17 000 денари фустан, вел и перниче за бурми.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kathy.cathy

    kathy.cathy Активен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Ne iznajmuvaat, bev skoro tamo
     
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    27.914
    Пол:
    Женски
    Колку се движат цените за изнајмување на венчаници од проновиас? Благодарам
     
  14. Zineta

    Zineta Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Devojki dali znae nekoja vo koj butik vo Skopje ima naj skapi vencanici?
     
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.476
    Допаѓања:
    15.173
    Пол:
    Женски
    Бутик Queen
     
  16. Тацич

    Тацич Нов член

    Се зачлени на:
    17 јули 2017
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, еве и од мене мала помош, другарка ми пред мене правеше фустан во Пепика и беше страшно разочарана за цената не испадна ич како што треба, јас мојот го правев во Лебед во Мавровка кај Наташа, немам зборови за жената ептен е на место и многу ми ја фалеа уште од порано и не згрешив, буквално секогаш беше достапна и отворена за идеи, супер супер немам зборови, сакам да се надоврзам само на муабетот не е најскапото најдобро девојки битно вас да ви прави мерак :):D
     
  17. MoniM

    MoniM Нов член

    Се зачлени на:
    22 август 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Јас ќе споделам мое искуство со Модна куќа Билјана. За нив дознав на саемот за венчаници и навистина ме воодушевија. Не се многу познати, но работат супер професионално и квалитетно. Многу ми се допадна креаторката, стварно е многу фина жена. Во однос на венчаницата, како што посакав со некои ситни нивни препораки така ми ја направија :) На крај се на се презадоволна :D
     
  18. Linda*

    Linda* Нов член

    Се зачлени на:
    3 септември 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Девојкии малку помош, утре ке одам во мавровка за невестински фустан кој бутици ми ги предложувате :)
     
  19. kanella

    kanella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.958
    Пол:
    Женски
    Камелија :) топло ти ја препорачувам, јас таму ја шијам. Сеуште не ми е готова но сум презадоволна од прва проба. Шнајдерката си ја разбира работата и те слуша ти што сакаш и како сакаш. :)
     
    На Linda* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elenceto*982

    Elenceto*982 Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Skoro pravev svadba, mnogu se dvoumev dali da iznajmam ili da kupam vencanica. Ne mi se davaa 500e za fustan sto ke go oblecam ednas i posle treba po skafovi da go cuvam a plus moze i da dades 500e i ona sto ke go dobies so sien fustan moze pak da ne e toa sto si go zamislil, pa dzabe parite. Slucajno na fb koga barav iznajmuvanje mi iskoci Vencanici Divine Dress. Za 150e imas vencanica, nakit i vel, a izborot na vencanici e golem. Devojkite bea mnogu trpelivi, mi pomognaa vo izborot i iskreno na site vi gi preporacuvam. Prezadovolna, izgledav super a ne potrosiv bogatstvo. Vo Kisela Voda se, i skoro imaat otvoreno.