Здраво девојки, дали знаете каде во Скопје можам да најдам некој ваков модел за купување или изнајмување, или пак да сошијам а да не е 100 000 евра хахахаха
Леле девојки денес бев во бутик за венчаници Буши. Цените преефтини дури за неверување... има ли некоја купено, шиено таму, да сподели искуство?
Во чаршија... Некако ризично ми беше не знам, на крај си закажав за шиење во јасмина во мавровка, ми понуди цена што ми одговара, иако поскапо од Буши сепак Некако посигурно.
Здраво Женски, ми треба помош. Здравје планираме да правиме венчавка, крштевка и прв роденден на малото заедно, е сега..Желба ми е од мала да имам некој убав и голем фустан. Ама мислам дека нема да личи со се роденденот и крштевката да се лупнам со тој фустам шо си го замислив хаха, па кај можам да најдам нешто така поедноставно а сепак да ме одбележува како невеста .. (Во Скопје)
Здраво Во Штип/Струмица каде изнајмуваат венчаница? Ме интересира и тоа дали невестинките фустани се со голема разлика в цената доколку изнајмувам или купувам?
Девојки дали имате искуство со Fairytale bridal или Mimosa bridal? Не ми се шие венчаница, а гледам на овие 2 места има готови.
За првите јас пред некој ден ги прашав за изнајмување како се движат цените ми рекоа до 700 евра.... И дека имале над 200 модели, да закажам термин за проба.
Дали може да ми препорачате салон за изнајмување/ купување на венчаница? Сакам готов модел, не да шијам. Ми треба некој како Mimosa bridal или Fairytale bridal што носат познати брендови?