Јас колку што имам забележано само кај нив има така готови а од познати брендови. Си била ли да ги посетиш и ако да може ли да споделиш искуство?
Сакам да најдам вакво нешто, се надевам ќе има нешто слично. Планирам и во Ателје Антонија Ристовска да отидам, она има опција и за изнајмување.
Девојки каде има убави фустани по пристапни цени? Размислувам за Жана, и тоа да идам до Штип. Какво е вашето искуство?
https://www.pazar3.mk/oglas/sport-r.../aerodrom/prodavam-nevestinski-fustan/4013233 Девојки ако има некоја заинтересирана, немам простор за чување и одлучив да ја продадам.
Јас летово имав спремно трошок за венчаница и украс, вел, корпа се комплет да ми биде 350 евра, барав за изнајмување, во Лебед не изнајмуваа, а на друго место што прашав се беше поскапо. До таа цена во Лебед имаа изложено за купување, ама немаше број за мене Се одлучив за изработка и се комплет ме чинеше 350 евра, венчаница поубава од што ја замислив за мене шиена, многу сум задоволна и цена и изработка.
На некој ако му е од помош јас ја купив од Ателје Жана, има доста голем избор на венчаници. Задоволна сум, беше лесна и удобна за носење. Се е по договор на време готово. 10/10
Здраво девојки, дали може да ми предложите бутици за венчаници во Скопје каде што дозволуваат пробување?
Здраво, слушнав дека во бутиците во Скопје не давале да се разгледува венчаници и да се пробува додека не потпишеш договор и оставиш капар? дали тоа е вистина и дали секаде е така? Не сум од Скопје, но некако ми нема логика, како да дадеш капар на нешто што немаш видено пробано...
Здраво на сите, нова сум на форумов и планираме свадба во јуни. Веќе имам потесен избор на салони за венчаница. Ќе треба да ја посетам Жана, ми се допаѓаат моделите на Кокев, малку се поскапи и ги следам Лебед ми одговара и цена и избор на модели. За оваа година девојките што порачувате кои имаат најубави модели и изработка? Фала девојки
Kako se dvizat cenite kaj Zana i vo Lebed za sienje na vencanici? Kako ste zadovolni od uslugata? Vi blagodaram
Во Лебед бев лани и многу сум задоволна од пристапот на жената, многу пријатна фина, само ми беше многу кратко времето и немаше на лагер баш избор каков што сакав јас, а за шиење беше исто пребукирана. Ама ја препорачувам, цените се океј и мислам дека супер ги изработува венчаниците. Тоа што имаше готово беше од 300 до 500 еур