1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бутик за венчаници

Дискусија во 'Свадба' започната од RainBow, 20 февруари 2012.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.661
    Пол:
    Женски
    Ако шиете во Скопје, треба најмалку два три месеци пред свадбата да закажете за венчаница, ако ја шиете. Јас ја шиев во Охрид, а мерки ми зедоа три недели пред свадбата, ми ја довршија во Скопје - петокот пред свадбата ми беше готова. Така повеќе ми одговараше, отколку да ми стои со недели во плакар и да собира прашина. Башка мојата беше мнооооогу едноставна - без чипки, тантели и придружни тракатанци (без навреда, ама јас не сакам такви работи) само со виолетови ружички и може беше полесна за шиење. А ја платив 300 евра.

    И ден денес кога ќе ја видам, убава ми е исто како и првиот ден... и се надевам дека така и ќе остане, не сакам некогаш во иднина да се чудам како сум можела таква венчаница да одберам :)
     
  2. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Ви благодарам на одговорите феминки,значи рано ми е уште за закажување,ама во мај сигурно ќе закажам цели 4 месеци однапред мислам дека е ок:)
     
  3. konstandinka

    konstandinka Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    дали знае некој кога ќе биде саемот за венчаници оваа година?
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    секоја година е различно, но е секогаш во период март-мај,лани многу ми е криво што не отидов од хх причини, но оваа година сигурно ќе одам.
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Јас денес тргнав во потрага по бутик и по фустан, решена бев да шијам, нема да ги споменувам имињата на бутиците, барем не за сега, туку откако ќе го купам фустанот, како за среќа имаа мој број, го пробав и беше шиен скоро како за мене, прво сакав со чипка да си најдам и имав замислено некој модел но кога го пробав фустанов ми фати око одма и баш беше по мој вкус, не класична венчаница, не сакам некои мазни стокмени везени и со бисери. Корсетот беше едноставен во два дела, едната половина еден материјал кој продолжува некаде над колена и е набран, светло сребрена нијанса имаше, а од него излегува бел дел покриен со чипка, над корсетот можам да ставам прерамки од чипка или ќе изберам некој околувратник со некој украс од материјалот на фустанот. Ќе ме чини 320 евра, само до понеделник ќе размислам дали да го земам тој со мали корекции или да шијам друг. Среќна сум што после само еден ден успеав да најдам фустан и не планирам да шетам повеќе, најдов нешто што ми се допадна, нормално дека ако пробувам уште сто дека од секој ќе најдам нешто убаво, но битно ми е што кога се гледам во овој фустан си се сакам, не е некој класичен фустан со везени украсувани детаљи на корсетот но е интересен.Сега сум уморна, но утре ако најдам слободно време ќе направам скица како би изгледал фустанот.
    Во понеделник ќе оставам капар и да договорам што, како, кога... :whew:
     
  6. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    Девојки 3,4 и 5 април Денови на модерна невеста во ТЦ Рамстор се гледаме таму :)
     
    На saja и soncenceto.matea им се допаѓа ова.
  7. saja

    saja Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0

    moze podetalni info. za nastanov???
    ke ima samo vencanici ili???
    poz i fala:)
     
  8. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Ако имаш време и не се брзаш прошетај сегде , од мавровка до Зиане и Елена лука Има сегде ГТЦ трет спрат , мавровка , бунјаковец треска нели елена лука , зиане беверли хилс, Цени од 300 евра па нагоре но има и за двеста зависи од материјалот . Јас мојата ја правев во жан мари бунјаковец. Пробувај све и тоа што ти се свига и не ти се свига без разлика дали имаш пари да го купиш потоа види што сакаш и дефинирај буџет.
    Вака види има варијанти и под варијанти . Можда може да се најде и за тие пари . Ако сакаш чипка има на битпазр а и во кманово има една многу добра силвер се вика за 100 до 150 евра е поевтина од скопје лесно се наога . Значи намали го бучетот но не се откажувај од тоа што го сакаш.
    Мног е убав само внимавај со ваквиот фустан има многу варијанти . Контролрај се од материјалот до шиењето се до последен детал.

    Модератор: Не испраќајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај.
     
  9. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    1.442
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,

    Јас мојата венчаница ја сошиев кај жан мари во буњаковац и сум многу задоволно ја направи баш така како што ја замислував.све како што барав јас.и не работи многу скупо, од разлика од другите.а за материалот сите горе-доле ист материал користат овде.

    Поздрав :D
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    За девојките кои сеуште шетаат или же шетаат по бутици, видов пред 2-3 недели ново атеље (незнам дали е ново но јас сега го заприметив,а често поминувам од таму). Веднаш до селестра (кај градска болница) на 15-20м подолу има атеље Барби.

    btw ај подетални информации за ова ако некој нешто знае
     
  11. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    Незнам што точно ќе има во Рамстор, ама ќе биде во склоп со Fashion Weekend Skopje. Мене ми стигна само покана на фејсбук,ама нема ништо освен дека започнува во вторник, 3 април во 13 часот, до четврток, 10 април до 16 часот. Еве и линк ама ништо нема, сеуште е рано http://www.facebook.com/events/241001642656162/
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Вечера со автобус поминував покрај соборна, и многу доцна забележав, но видов некој нов бутик за венчаници карши соборна, не и го видов името, а ни моделите, само видов венчаници,на секунда и толку.
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Вчера минувајќи со автобус накај дома,во аеродром карши палма,одма до тугедр тобакото од лева страна е боби бурекџилницата а од десна страна во самиот ќош ако добро заприметив видов бутик за венчаници.Автобусот тргна,а јас доцна приметив и не му го видов името :| но сепак како информација можеби на некого ќе послужи
     
  14. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    88
    Јас го остварив мојот сон,венцаницата е конечно моја :rofl: :rofl: :rofl:ви посакувам на сите што не сте го сториле тоа ,што побрзо да си купите венцаница и да си бидете мирни како сега што сум јас,и мислам што побрзо тоа подобро ;) :rofl:
     
    На soncenceto.matea му/ѝ се допаѓа ова.
  15. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    оваа од сликата ? ;)
     
  16. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    88
    Да,таа :rofl:
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. I.vana

    I.vana Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    40
    Иленце ти посакувам венцаницата само убавина и среќа да ти донесе во животот. Мило ми е што ти се исполни сонот
     
  18. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    88
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :* фала ви,фала,преубава е :inlove:
     
  19. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Феминки какви се вашите искуства со бутиците за венчаници Лебед,Викторија,Јасмина,Среќен ден(сите во Мавровка)јас сум збунета и некако немам доверба,не знам дали има незадоволни од кај нив :?:
     
  20. Ane.85

    Ane.85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    29
    Јас си одбрав венчаница :D
    Никој не знаеше, отидов кај Жана, пробав 2-3 венчаници, си одбрав еден принцес модел што стоеше на кукла и иако има време ама од другата недела почнуваме. :)
    Мајка ми збесна - како без мене!! лелелелелееее! Да не НЕ ти стои!? Виде ли убаво??
    Ко демек јас не знам што ми стои :rofl:
    Ама да ви кажам раат. На тенане полека си пробав си видов и оп, одбрааав.
    Не можам да најдам на нет бар нешто слично ама кога ќе одам ќе го сликнам ;)