Здраво, дали можете да ми предложите бутици за венчаници до 800е? Да не се некои со модели, чипки од 2012, не мора да се нешто пренакитени..
Здраво, дали можете да ми предложите бутици за венчаници до 800е? Да не се некои со модели, чипки од 2012, не мора да се нешто пренакитени.. бев во Мавровка бутиците ниеден не ми се допадна.
Искуство некој со cloud nine салонот за венчаници во Ниш? Дали само се изнајмуваат венчаниците или може и да се купат? Како се цените?
Јас од таму изнајмив, супер се. Може и да се купи ама ако сакаш да купиш ќе одиш пола година порано од свадба зашто треба да ја нарачаат, сите им се од дизајнери и има преубави. Е сега зависи и колкав буџет имаш зашто за купување е скапичко.
А за изнајмување како се движат цените? Колку време порано може да ја земеш венчаницата и дали они ти ја корегираат ако треба некои корекции? После колку време треба да ја вратиш? Колку време имаш за проба таму и дали претходно треба резервација? Извини те бомбардирав со прашања
Да треба да закажеш за проба, имаш 1 саат за тебе термин. Иначе мојата беше 500 евра да ја изнајмам и искрено не се каам воопшто. Топ ми беше, а вака купена ќе немав ни кај да ја чувам. Зависи од венчаницата ама мислам до кај 600 евра се за изнајмување а да купиш има и од 2000 евра нагоре. Исто мене петок ми беше свадбата ја земав во средата пред свадба и ја вратив понеделникот. А ако ти е сабота во четврток ја зимаш пред свадба исто понеделник ја враќаш.
А отприлика за изнајмување колку време порано би било доволно да одам за да резервирам? И дали гледаше некои други салони во Ниш, или само тука беше? Фала ти на одговорите.
Само таму бев, не гледав на друго место. Па јас бев во мај а свадбата ми беше во септември. Ти можеш и еден месец уназад ама па вака некои модели може ќе се резервирани и нема да можеш да ги избереш а да ти се свиѓаат.
Јас исто изнајмив од таму. Мене крај на мај ми беше свадбата, Јануари отидов и ми рекоа дека е доцна за купување... Па изнајмив на крај, и уште подобро. Мојот беше 570 евра. Поедноставните се поефтини, од кај 250 евра па нагоре за изнајмување се движеа цените. Па како е поголем, везен повеќе и од најнови модели, се поскапи. Неколку дена пред свадба одиш од сабајле да ти земаат мерки, чекаш неколку часа во Ниш дури го прекројат. 2-3 дена после свадба го враќаш, хемиско тие му прават. Искрено, да правам свадба, пак би отишла таму И би изнајмила. Фаќаат место ептен во шкаф таквите фустани, а после така стојат...
Извини, сега гледам Јас не ама моја блиска другарка да и беше задоволна. Објаснуваш само што бараш, заедно бевме на проба, многу е фина жената и укажува ако нешто сакаш, а не е океј. Со среќа, каде и да решиш
Zdravo,vo konteks na kupuvanje na vencanica od Nis ve molam za iskustva kako ste ja prenele niz granica. Razbrav deka postoi moznost da ti ja carinat.
Мене за во Ниш за изнајмување највеќе ме мачи тоа што два дена пред свадба треба да одиш до таму за да ја зимаш (кога си под најголем стрес) и после два дена од свадбата да ја вратиш (ај ова и не ми е толку тешко). И ме мачи тоа што би немала венчаница за фотосесијата која би сакала да ми е нешто порано. И сега гледам во последно отвориле во Скопје house of white, нешто слично на принципот на работа на салонот во Ниш. Искуства од таму некој? Или вие скорашни невести какви идеи имате од каде ќе ја земате вашата венчаница?