Јас одбрав шиење.... но некако на пробава денес беше целосно готов и мене ми е тесно во фустанот. Во кг се немам сменето или грешно зеле мерки или не знам. Викаат така тррбало моделот е таков.... Неудобно осеќав не можам да седнам баш најудобно
Леле, мој најискрен совет, остај што ти викаат, кажи си одма како се осеќаш и инсистирај да ти го поправат. Јас во мојот воздух не можев да земам, баш прашував тука дали е океј и жената кај што го шиев ме убедуваше дека така треба, дека на други дури и повеќе го стегала и секако, муабетот дека еднаш си невеста и дека ќе издржиш. Не е поентата да издржуваш, еднаш си и баш затоа треба да ти е комотно. На крај ми го пушти малце, а и на шнирење ми беше па не ми го стегнаа мајка ми и баба ми како она што ми го врзуваше. Твојот на шнирење е? И пробај да одиш комотно во него, буквално ден пред свадба го кратев мојот.
Да, тоа е. Нека ти го пушти малце тогаш, остај тие муабети што ти ги збори, така требало. Единствено што треба е да ти биде комотно.
Во Lamas ми кажаа дека има убави венчаници и имало за сечиј буџет. Zana на партизанска исто ми ја фалеа. Јас бев во Zaga во Велес, убави венчаници имаат. Цените им се движат од 400 евра нагоре, а сега гледам и попуст дека имаат
Женски, кај може во скопје да се пробаат венчаници да се види кој модел ми се свиѓа, па да се шие? Нешто кај што е со приступачни цени, а не во плафон.
Јас издавам венчаница, која е заинтересирана, нека ми пише А линија е моделот, S/M ама на шнирење е па тоа ќе се прилагоди.
Сакав да отидам кај Зиане да разгледам и да пробам венчаница, на телефон не можам да ја добијам, и пишав на вибер, 2 пати на seen ме остава. Катастрофа
Здраво, Дали имате идеја каде можам да најдам ваков тип на венчаница, сите се или принцеза или риба стил со бисери чипки а јас сакам обичен ептен. Се мислам да шијам но би било добро да пробам нешто налик ако има некаде барем да знам на што сум. Мислења/ препораки?
Сега не е во Дебар Маало, туку блиску соборна црква. На улица Никола Кљусев 11. Треба да се закаже термин, преуслужливи и препрофесионални се. И преубави венчаници имаат. Од мене 10/10.
Јас мојата венчаница ја зедов 950 евра, со тоа што фатив и некои попусти и на крај испадна 750 евра. Не гледав многу, брзо се одлучив. Имаше една друга што кошташе 1500 евра. За другите стварно не знам.