И јас си избрав фустан од кај нив. Next level experience, заразлика од сите други. Презадоволна сум до сега, и одма ми го погодија моделот, што им покажав слика од Pinterest тоа добив.
Да, за нив зборуваме. Не сум сигурна дали шијат по нарачка. И јад бев на таа мисла но сакав да пробам прво. Но имаа скоро идентичен фустан од тој што го имав замислено и изберено од пинтерест. Пробај си ја среќата, може ќе имаат како тој модел.
Дали во Жана имаат готови модели? Пример одиш и што ќе ти се допадне да го купиш, да не мора да шиеш?
За венчаници видете и во White Angels.Сестра ми зема од таму и беше преубава.Жената што работи таму е многу фина и те остава да си бираш што сакаш да пробаш без да ти наметнува.Видете имаше за секој вкус и не беа нешто многу скапи.
Прекрасно искуство! Имав 2 венчаници (кратка и долга) и девојките ми ги изработија перфектно баш како што замислив. Секогаш би ги препорачувала
Сте посетиле саем на венчаници? Годинава е од 21-23 февруари. Колку се плаќа влезница да не знаете и дали вреди да се посети?
Јас посетив пред неколку години, убаво е да се отиде, има се во врска со свадба и ќе си собереш понуди од ресторани,сликари, венчаници, значи се што би ти затребало за свадба имаше.. немора да значи дека ќе се одлучиш за некој од таму ама убаво е да се разгледа и да се опипа, ќе си собереш податоци и информации и после ако нешто ти остави впечаток ќе си ги контактираш накнадно. Имаше и некои што даваа попуст ако се одлучиш за нешто од кај нив. Моево искуство е од пред 5-6години, ваљда е исто и сега
Девојки доколку некоја е заинтересирана зс купувањр на венчаница јад мојата ја продавам на пола цена,нека ми пише ја купив готова ,ви праќам слики
Дали некој видел венчаница што е кратка како на сликава и се додава само овој подолгиот дел, во продавниците во Скопје за купување? Нешто како 2 во 1. Види го прикачениот фајл 963792
Дали се' уште се модерни венчаници со "ракави" како од рамото надолу што се спуштаат право? Многу ми се интересни тие модели ама не знам дали се веќе видено и помината мода..
Да, зошто да не. Мене многу ми се романтични тие. И гледај тоа што тебе ти е најубаво, а не дали е веќе видено. Твој ден е и треба да си носиш венчаница каква што си имаш замислено