Минатата година најевтината венчаница од пред неколку сезони и беше 750е. Убавите и беа околу 900-1000е. Јас не купив од таму ама најубави модели и најголем избор имаше кај Жана.
Jas se odlucuv posle tolku hledanje za kaj sonja i marija, si ima nekoja magija prviot fustan shto ke ti se dopadne gledav i drugi no nikoj ne e ubav kako prviot shto mi se dopadna
@дипломска @LovelyGirl3 @Malesia Зависи каков модел изгледа, јас се изненадив од коментариве бидејќи пробував во Жана во февруари и сите што ги пробав беа 750 евра.
Колкав процент од платата или која сума мислите дека е во ред за венчаница? Венчаницата што ми се допаѓа е 1000 евра, не знам дали да си го правам ќефот или цената е надвор од умот?
Би сакала да го искажам моето мислење за atelier_lence во Куманово. Коректни се во однос на комуникација и девојчето што работи таму максимално се труди да помогне. Е сега, блиска пријателка купи од кај нив фустан. Фустанот уште на првото носење (по помалку од 1 час носење) се отпара и тоа на ептен видливо место. Од нивна страна добивме само коментар дека станува збор за наше невнимание при облекувањето и како баш во тој дел кој воедно не беше ни сошиен туку ЗАЛЕПЕН со лепак сме требале да бидеме максимално внимателни бидејќи станува збор за нежна изработка Имаат повеќе модели и на фустани и на венчаници, но не очекувајте голем квалитет.
@catgirl00. Јас на саемот пробав од кај нив и тоа е најлошата венчаница што сум ја пробала, материјалот ме гребеше насекаде. @дипломска мислам дека таа што ја пробав беше околу 750 евра.
Правевме свадба лани и буквално првата што ја пробав ја одбрав , се чувствував совршено значи се воодушевив . Во Бианка споса на плоштад ја земав.. Имаше многу убави модели но и доста се скапи венчаниците. П.с ако не смее да се ставаат слики бришете
Преубава е! Јас дојдов на темава да прашам како да се движам со фустан со опашка и ја видов твојава слика, ми личи како да има опашка? Шнајдерката го зафркна мојот, требаше да остави малку опашка, а таа многу малку пресекла и сега ми е долга, и не можам да отидам да го скрати пак, а кај друга ми е страв да одам. Значи, како да се движам и играм нормално ако имам опашка од фустанот?
Мојот фустан имаше горе како копченце , и таму тој дел како опашка си го закачив од како влегов и го изигравме првиот танц. Може некоја таква солуција да ти направи