1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бутик за венчаници

Дискусија во 'Свадба' започната од RainBow, 20 февруари 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^едно не ми е јасно, зошто мајките тоа толку трагично го сваќаат :?:
    со здравје да си ја носиш дента, не се сомневам дека има утка,зошто во Жана се перфектни венчаниците :)
     
  2. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    88
    Леле тие мајки,и мојата иста е -сине повеке сакав да купиш чисто бела венчаница,па бела е за невеста,ај поканите сами ги одбравме,ама многу и се допаднале,и сега сама сакам да си ги правам бомбончињата,и нели зошто фустанот ми е шампањ-слонова коска,има тул што светка златно,поканите ги одбравме крем со златно,и вчера бев купив исто материјали за бомбончинјата,и тие на крем со златно ке ги правам,нели да се заокружи цела приказна во таков стил,Е НЕ СИНЕ,требало повесели да ги правиш,со розевко со плаво со љиљаково,така се поубави :lol: :lol: :lol: :rofl: :rofl: смешки,и сега ке треба да докупам уште малку материјали да и го поднаправам кеифот,малку, :lol: многу ми е слатко кога мајките се мешаат а најчесто немаат ист вкус со нас помладите,многу ја сакам цело време кога ке ми предложи нешто јас се смеам :D МАЈКИ,се најдобро за своите деца, :lol: се радуваат, а на свадбата ;( животни вистини за сите нас жените :)
     
  3. Ane.85

    Ane.85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    29
    Ти благодарам многу :)

    Јас не се замарам со тоа.Тие спремања може многу лесно да поминат.
    Жана ја одбрав бидејки тука доста ја имаат фалено и викам тоа е тоа.
    Прв пат влегов во бутик за венчаници и во првиот се нафатив да си ја шијам.
    Не му се замарам многу. За свадбата на брат ми леле кога ќе ми текне колку беше напнато и си реков леле вака ли секогаш е? Ама ете не било.
    Другарка моја има цвеќара, и за тоа нема да се замарам. Нека направи бомбончиња,китчиња, китенки, сеедно ми е какви ќе бидат. Единствено сакам све да биде во бисерна боја со циркони и толку, остатокот го предавам на друѓгите :) Поканите исто така, поканата трае некое време, ако не и 2 дена и после кантата и е најдобриот пријател. Све е за еден ден и толку.
     
  4. laddy

    laddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    8
    Лелеее а мојата свадба е во јуни, ќе се нафатат ли во Жана да ми шијат венчаница :?: А зошто не ги продаваат готовите?
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.766
    Пол:
    Женски
    Јас сеуште сум далеку од свадба и слично но активно учествував во свадбата на сестра ми, малку и ја претерав мислам :D . Значи сестра ми шиеше кај Секирарски, човекот е лудница, не и наплати многу а и соши фустан од Вера Вонг, и направи брош за фустанот, обетки, шнолки за во коса, свилен шал, кристален вел и сето тоа за страшни 400 евра. Мислам дека и јас кога ќе дојде ред ќе одам директно кај него, човекот е лудница, страшно пристапен и многу забавен, сестра ми е презадоволна, поготово што и го направи за месец дена. Најтопло ви го препорачувам и на сите кои што сум им го препорачала не сажалиле.
     
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Кога сме кај мајките,јас пак многу сакав да биде со мене кога ги пробував венчаниците.Заради работата не можеше да дојде,чува слободни денови околу свадбата да има.Ми вети дека за пробата ќе биде со мене.
    Кој друг,ако не мајка ќе ти даде најточна сугестија,комплимент,и ќе се осуди да ти каже дека не и се допаѓа?За мене е мојот најдобар критичар и досега не погрешила. Сигурно нема да ти ласка и прави лице.Пример кога бев во Жана,дојдоа неколку девојчиња и едната пробуваше венчаници а овие демек да и кажат која и е најубава.Криво ми е што девојчето ги послуша и ја одбра венчаницата што нај не и стоеше,а и самата кажа дека не се замислувала така !

    Но,сепак не оправдувам кога мајките за се се мешаат и не ја почитуваат желбата на ќерката.Мајка ми ете за ништо не ми се меша,си разговараме заедно што како да биде,каква торта,какви бонбончиња ,украсување,ама не се случило да рече не може така и точка.
    Но сепак имало и такви мајки,а мој совет е да си правете како сакате вие така-тоа е само ВАШ ден.

    Инаку Лејди,побрзај за во Жана ,јас ете на проба ќе одам во април,а и мојата свадба е јуни ама уште пред 2 месеца закажав.Работат и утре па што поскоро прашај си
     
  7. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    88
    Зошто несакав да и го кршам атерот,ете,мајка ми е многу си ја сакам,се одлуцив за друг модел ,комбинација од мојот и нејзиниот, :!: и мора да призанам,вака се поубави,и кога направив едно бомбонче видов како и светнаа очите и ми се наполни срцето,што и јас задоволна и она задоволна :) :lol:
     
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    јас конечно се решив да посетам бутик за венчаници и бев кај жана кај југодрво.

    кога влегов фрлив еден поглед на венчаниците ми објаснија дека тие се тие модели за пробување и дека има уште два модела кои се на хемиско. од изложеното ништо не ми се допадна и не сакав да пробувам, туку седнавме поразговаравме малце објаснив што сакам можеби да ми сошијат итн.

    единствено нешто што ми се допадна кај жана е вработената која беше многу пријатна и не и беше тешко да разлиста сто каталози да види што ми се допаѓа додека јас сум живца и мислам дека после 5 минути му станувам досадна на луѓево. :D

    како и да е се разочарав од фустаните, материјалите мене не ми беа убави премногу крути, премногу напумпани и најбитно некако не беше чисто немаше бела боја...

    какао и да е ќе прошетам во уште два три бутика па ќе видиме како ќе биде.али во жана дефинитивно би се вратила бидејќи знам дека ќе ме разберат што сакам и нема да се чуствувам како натрпник :D
     
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Жоел,за материјалите и јас се зачудив и ја прашав вработената,таа рече дека е така пошто се постари,носени на ревии на хемиско итн....
    Јас тогаш битно сите ги испробав :D ,требало да пробаш некој да видиш како ќе ти стои.Вака гледајќи е друго,и материјал и се,друго е кога ќе го облечеш на тебе.Ако со тебе била плавата жена,нема да погрешиш ако ги избереш,се ангажира премногу,се слушаме на телефон,2,3 пати одев и секогаш ми велеше пробај уште некој модел да не се предомислиш...не и беше тешко.Во Селестра пример се покајав што отидов,а ваму се осеќав пријатно и слободно.
    И не ја мразеше да изгледаме преку 1000 венчаници кои ги имав симнато од интернет,плус по списанија ,сепак разгледај па ќе се одлучиш.
    Сега скоро бев на свадба ,девојката имаше купено фустан од Гтц на најгорниот спрат не онаа страна накај плоштад,од другата,има убави венчаници,биле по 350 евра.
    Имало и убави детаљи,нараквици,цветови,по 500 денари биле сите
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    абе ели неможев да ги пробам, џабе ќе си губев време тие сите беа принцес стил со чипка и триста чуда а јас сакам помало нешто и поедноставно, не се работеше само за материјалите туку и за самиот модел али нејсе ак се вратам пак ќе пробам нешто :)
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.003
    Пол:
    Женски
    Joelle, најдобро ќе ти биде убаво да разгледаш на интернет што би сакала, каков би сакала да ти биде фустанот, и секако, материјалите. Ќе одбереш неколку слични модели, па ќе ги испринташ и ќе ги однесеш таму кај што ќе шиеш. Верувај, и јас бев иста како тебе, ниеден готов фустан не ми се допаѓаше, ама почнав да пробувам, само за информација - да видам дали тој модел што го сакам ќе ми стои, или пак, подобро ќе ми одговара некој друг модел. Едно е каква слика имаш во главата, друго е колку тој модел тебе ти одговара. Секако самата си ги бираш материјалите, а тие што ќе го шијат фустанот ќе ти дадат сугестија кој материјал за каков модел одговара. Јас мислев дека најтешко ќе ми биде со невестинскиот фустан, а не беше така.
    Еве ми го фустанот, поедноставен здравје - не сакав ни чипка, ни циркони, ни шљокици - ништо...
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На anabel-a, kate21, guguence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Жана имаат убави венчаници, единствената причина што не се решив за нив е инсистирањето на корпа во скоро секој од моделите што го пробав/покажав од Интернет (најдобро ми стои А-линија). Корпа е најлесно за изработка, но е многу незгодно за носење, и после консултација со други салони, се решив за друго место, каде со тул ќе добијат сличен ефект (а и онака не сакам многу широк фустан).
     
  13. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    ^ Јас не се замислував во тие принцес стил што велиш :lol: Ни на крај памет не сакав ни да ги пробам,ама она ме убеди барем да пробам.Така јас ги испробав а тие ми стоеја многу убаво :lol: Сестра ми и она ме разубедуваа да сошијам таков модел а и јас многу се мислев....Сепак се одлучив за сирена а и сеуште се мислам дали го избрав вистинскиот модел :(
     
  14. EuRo

    EuRo Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    15
    Не се потресувам многу да барам или да шијам или не знам што,можам одејќи по улица да загледам и ако ми падне во око одма се решавам :D
    Знам дека мојот фустан (здравје за некоја година) ќе го земам од Queen.Го имаат тоа што го барам.
    Само,знае ли некој колку отприлика се движат цените таму?
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^ еее и јас знам дека мојот од соништата го има у queen ама таму минимум со 500 евра у џеб треба да влезеш
     
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    сноу јас кога бев во квин им побарав по обичен не од тие принцес и цената на тој беше минимум 500 еур (а беше ружен) така да претпоставувам дека оние поголемите се и уште посакпи.

    јас немам слушнато некој да има купено од квин а да е под 750/850 евра.

    како и да е совет од мене не се плашите од цените иди и види си ќе си прашаш можби ќе се договорите за секого е различно ако не фала чао и пријатно.
     
  17. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    немам пробано до сега ниту една венчаница но...незнам зошто жана инсистираат на корпа ????? има некој искуство , смета тулот или?????
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.801
    Допаѓања:
    65.519
    Пол:
    Женски
    Да, да, смета, полесно е за одење со корпа. Иако ако си побараш без корпа сигурно нема да има проблем.
     
  19. Betty.Boop

    Betty.Boop Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    61
    Искуство со Жана,Маријаж,Жан Мари и Јасмина во мавровка:)))
     
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    вчера спроти соборен видов еден бутик за венчаници споса па сакав да идам да видам како што. има некој искуство или нешто да чул ?