Здраво ми требаат бутици за венчаници во Скопје со нормални цени и ме интересира дали се закажува за проба или пак не бидејќи имам план неделава да прошетам да разгледам.
Јас не ја гледам поентата на втората венчаница. Според мене треба да е една, во која што ќе се чувствуваш посебно и која што ќе ти го одбележи денот. А кога ќе видам дека невеста се пресоблекува во кратко бело фустанче и патики коса ми се крева
Да споделам искуство со бутиците во Ниш. Се гледа дека имаат венчаници од брендови но не ми штимаше нешто за некои венчаници бидејќи имаше пропуст во изработката. Како може ултра познат бренд да утне со распоредот, раздалеченоста меѓу бисерите кои ги има да е едно погоре две подолу. Во оригиналната не се така. Значи или ги збираат фустаните што имаат пропуст во шиење за помала цена или се работи за копија. Плус премалку време имаш за проба, ти треба однапред да знаеш што ќе пробаш а ти нормално не знаеш што че ти стои. И те брзаат цело време, не обрнуваат многу внимание бидејќи имаат премногу, на секои 20мин доаѓаат луѓе. Со тоа ми се губи смислата. Инску да, цените за рентанје се движат од 500, 600 евра нагоре. Кратките може да се најдат и за 350, 400
House of white cenite od 500 evra(na popust modelite) pa nagore do 3000 evra imaat vo Skopje. Moze da se najde ubava vencanica kaj niv do 1000 evra
Да, зошто да не. Цел ден во долг фустан ќе си пукнеш. Или пак венчаница на два дела, да се вади горниот дел и да дојде како краток фустан. Јас таква планирам... Нема шанса од сабајле до вечер со долг фустан. После вечерата одам да се пресоблечам!!!
3 месеци, ја земав неколку дена пред свадбата обично чекаат до крај за финално да ја завршат, да не има варијации во тежина на невестата