Во Косово купував фустани само. Ако ми излезе нешто ќе ти пишам. Пребарај на инстаграм или пиши им, верувам дека се закажува за пробување. Нека ти кажат ценовен ранг од прилика за да не отидеш а венчаница една да е 2 илјади евра
Имам некоја замисла, истите ги имам гледано во Солун ама онлајн, утре ќе отидам да видам како стојат со цените. Се претеруваат малку повеќе. Инаку сакам корсет со пуштен обичен, свила пуштена. Благодарам на понудата, само што јас во S број не влегувам, јас сум L. Од Ниш имам слушано дека се убави, само што последно како што разбрав дека не изнајмуваат веќе. Т.е се помалку и помалку изнајмувале.
Женска беше до Солун? Сподели инфо/препорака доколку ти фати око нешто, планирам и јас да одам, но имам време до септември.
Бев до Солун даа, многу убави модели имаат ама од 2700€ па нагоре. Јас баш во Примивариус влегов таму да видиш се какви има, ауу, преубави ама прескапи. Инаку на некои места даваат да видиш, не дават да пробаш ако немаш закажано, а во некои бутици дури и не ти дават да видиш ако немаш закажано Ме разочараа малку со постапките ама фустаните се сон. Исто и Деметриос одат со иста политика! Косово сега ќе одам да видам како е. Си била таму?
Машала цените, ама па не ни очекував нешто помалку Косово не сум била, единствено по Инста што ми испаѓаат некои продавници, ама се некако ми е too much, а јас барам нешто поедноставно. Баш пиши и за Косово, ќе чекам впечатоци.
Исто и јас барам по едноставно, само нагоре да е светкав надолу сакам од материјалот што е сатен со свила. Солун имаа баш такви ама прескапи. Инаку во Косово имав гледано по интернет и ги имаат објавувано најскапите модели Ќе отидам секако до Феризај да видам памтам имаше продавници кои не се рекламираат по социјалните мрежи. Баш ќе ти пишам, за 1/2 недели ќе тркнам.
Јас ја купив венчаницата во Миа Моса, и сакам да кажам шијат и тсму венчаници профи бифејќи првично сакав да сошијам кај нив ама се заљубив во изложен фустан.
@sia.bella Прашав пријателка која скоро правеше свадба која исто дели мислење со мене за тоа дека не и се дава пари за скапи фустани, ми кажа дека во Жана почнувале од 900€ па нагоре, Зага во Велес и House of white исто со нормални цени. За Косово не сум била, за 1/2 недели одам, сега за закажам тука за проба, во Скопје прво.
@FlirtBerry Искрено и мене не ми се даваат многу пари, затоа засега не размислувам за купување или шиење - изнајмување мислам ќе биде. Ако ептен до толку не најдам нешто да ми се бендиса, ќе видам што тогаш. Можеби наредна недела ќе видам тука низ Битола што имаме, па и до Охрид/Струга планирам. Пиши ми за House of White доколку одиш.
Закажав термини јас за наредна недела, баш ќе те известам. Инаку наслушнав дека да изнајмиш е околу 1000евра и тоа имаш ограничени фустани, немаш да избереш кој го сакаш.
Каде низ Битола ќе гледаш , освен Mywedding ? Се чудам и јас кај да барам, висока сум ми рекоја тешко се наоѓале за високи.
Симона е в пазар, наспроти Резидент бутикот. Л дизајн е на Солунска, кај Трета реонска. Претерале искрено, и со цени и со начинот на работа. Очекувам и јас некој шлог кога ќе видам низ град, но барем да најдам тоа што барам. Ако некаде виде или ќе видиш halter neck венчаница, без корпи, чуда - праќај.
Нема проблем. Мене ми е само дали ќе најдам таква каква што барам, корсет со пуштен фустан без корпи, по лесен за носење. Не сакам балски, не би да сум торта. Инаку начинот на работа им е у ж а с. Изненадена негативно сум.