@Allisa01 Искрено не, ама мислам дека има кај Жана, ама се помалку изнајмувале и да ти го изнајмат фустанот барале од околу 1000еур, а новите им се движат од 950 па нагоре. Плус имало ограничени неколку модели кои можеш да ги изнајмиш, не можело кој сакаш ти.
Здраво девојки, како се движат цените на венчаниците во Кокев и Прокопие? Исто така, дали во Скопје изнајмуваат венчаници?
Од 950 па нагоре се движат. Инаку изнајмуваат некои само што имаш одредени модели, не можеш да одбереш кој модел сакаш, само можеш да бираш од тие неколку модели што ги нудат.
Незнам за сите - 500+ јас мојата ја купив 750€, ја продавам 400 со круна и вел , некој ако чита можам и да ја изнајмам комплет 150€ за 1 вечер(чиста секако ))
Бев во House of White преубави модели, цените се од 57.000 па нагоре. Јас одбрав еден да ми го шијат 1600€ ми побараа. Тука единствено видов дека имаат модели свила со сатен и корсети убави. Бев во Жана имаат модели убави исто, повеќе се мрежести со туљ и се околу 1200/1300€. Бев во Елена Лука, цените подуени. Имаа изложено само мали броеви, а секако мене ми треба поголем број и да ми сошијат ми побараа од 1800€ па нагоре. Моментално одам во Зага- Велес, ќе додадам како ќе поминам!
Леле што е ова со цениве случајно влегов во темава. Јас пред 7 години шиев, 350 еур платив. Цениве се плафон за све во споредба со пред ковидот, 200, 300% покачено
Во 2019 ја сошив венчаницата од соништата кај Зијане Бакиу, ми побара 700€ (и за тогашни цени ми беше многу прифатливо со оглед на комплексноста на венчаницата). Сега не знам колку се покачени цените, можам само да дадам најтопла препорака за жената.
Инаку апдејт, утре одам за Косово да видам и видов дека во Бридал Бутикот во Штип имаат убави венчаници. Во текот на неделава ќе одам и до таму. Цените им биле до макс 1200 евра за венчаница. Спојлер: СПОЈЛЕР Кујна имам нова порачано и е 1300 евра, а венчаниците што ги гледав во Скопје се од 1600 па нагоре. Интересна споредба. .
Ајде уште ова да споделам само и толку од мене, се надевам ви помогнав колку/толку. Бев во Феризај, венчаници преубави, нормални цени, модели што тука д е ф и н и т и в н о ги нема. Има венчаници од 600/700/800 евра. Многу се љубезни и сакаат да ти помогнат, т.е со еден збор знаат да продаваат. Да се вратам на венчаниците имаат секакви модели од обични до најсветкави. Цинично кажано, мака ми е што трошев време во Скопје пошто реално преценети им се и сакаат да ги продадат останатите модели и се напорни за тоа и плус нон стоп коментираат дека немаш време да шиеш. Кога прашав во Косово ми рекоа дека венчаница ако не ти е итна за 1 месец макс се шие, ако е итна може и за 2 недели. Кој бара и може да отиде мој искрен совет е да отиде директно во Косово, пак ќе кажам прекрасни венчаници, прељубезни продавачи. Инаку ја одбрав јас мојата, баш тоа што сакав го најдов и плус имам некои додатоци што сакам да ми се стават. После свадба ја постирам тука. Земете си пари во вас пошто со картички не работат типично за Косово. Бараат само капар од некои 200/300евра. Јас во Април после празниците ќе отидам да ја доплатам и да ја пробам пак да видам ако додавам уште нешто и Мај месец ја подигам. Таман последна проба да не сум нешто плус минус во кг. Со лесно на сите што си барате и да си најдете тоа што си го замислувате. Посебен ден е тој ден за секоја невеста.
Баш ме замисли сеа. Блиска особа ми е албанка и можам да отидам со неа и да се разбереме...јас не барам нешто комплицирано и не барам прескап фустан, а тука кога кажувам фрштат цени над 1200 евра..