1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бутик за венчаници

Дискусија во 'Свадба' започната од RainBow, 20 февруари 2012.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    И кај мене инсистираа,така ми рекоа дека смета.Иако и со корпа малку ми е тешко одењето.Прво побарав без корпа ама рекоа дека мора барем со најмала корпа.
    Мислам дека оттаму никој не си отидол без корпа :lol:
     
  2. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Давојки да не купила некоја од вас венчаница од Кокев-Кадриу да ми кажете како им се цените, задоволни ли сте од соработката и квалитетот?
     
  3. Marina1989

    Marina1989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8
    Во темата каде ја шиевте вашата венчаница мислам дека ке најдеш многу мислења за нив. Јас како што пишав таму воопште не им се нормални цените, венчаница како божем од 800 евра на другарк и ја намалија на 500 ( значи името го наплаќаат прескапо) не сум задоволна ни од соработката. а за квалитетот не сум толку стручна да коментирам, бидејки не се до толку лоши за на ништно да не личи венчаницата. А материјалите - скоро сите земаат од едно место, такада нема да најдеш подобар :D
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Па малку се поскапички во однос на другите, ама јас мислам дека се прав избор. За разлика од други (на пр. во Мавровка) каде материјалите се светкави и изгледаат ефтино или кич, Кокев користат квалитетни материјали. Изработката им е феноменална. Другарка моја шие таму, моделот е обичен, ништо сложено и ќе ја чини околу 400е. Отиди и поразговарај си. Ништо не губиш.
     
  5. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    баш ме интересира каков е тој модел во кокев 400 евра , мене моделот ми е со тафт и тул и ништо друго ни везено ни чипкано 600 евра ми кажаа
     
  6. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Скрос обичен, само пуштен надоле, малку во стилот на римските божици. Не знам баш како да ти објаснам. А од материја баш не се разбирам. Може и он ја крева цената. Како и должината (твојата висина)
     
  7. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    девојки ај ако може да ми напишете адреса или одприлика каде се наоѓа тој кокев кадриу, и сите што знаете бутици за венчаници во Скопје со квалитетни и убави венчаници пишете. Пред некоа ден бев во Мавровка, влегов во сите бутици за венчаници, но ниту еден не ми се допадна. :sweat:
     
  8. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    23
    Кокев-Кадриу се кај гимназијата Јосип Броз сега се нешто како нај ин, а мене лично повеќе ми се допаѓа Селестра на улицата кај градска болница, матерјалите им се преубави и меки како воопшто да не носиш венчаница. Жана ти е таму блиску има убави модели, но инсистира на корпа што според мене значи дека не знае да ги направи да изгледаат убаво без. Мавровка не сум била затоа што знам дека главно се лоши матерјали
    Се надевам помогнав
     
    На senjorita.lombardi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Мислам дека Кокев-Кадриу беа оние на Бул. Климент Охридски што висат како обесени невести на први спрат :) Кога одиш по булеварот од гимназија Јосип Броз Тито према Партизанска, на десната страна, на ќошот има во зградата на први спрат наместо тераси, стаклени излози и во нив наредени венчаници да ги гледаш озодола. Сигурно си ги приметила.
     
  10. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    да да бев денес таму, но искрено да ви кажам ни еден не ми се допадна, сите некако како испрљани, и немаше нешто посебно, рекоа се им се истрошило. Кој знае како ке биде мојата срека со венчаниците :D :D а имам уше 40 дена :lol: :lol:
     
  11. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Провери во она Целестра мислам се викаше, спроти зелено пазарче, се гледа од булеварот кога одиш од Градска болница према Кисела Вода. Мислам дека таму прават едноставни фустани. Имаат и профил на фејсбук,можеш да разгледаш слики. Јас се мислев ако не најдам фустан, да шијам нешто кај нив. Имаат убави вечерни фустани што можат да ти ги направат во бела боја како венчаници.
     
  12. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Да не знае некој дали продаваат само корсети во бутициве за венчаници,и која им е цената? :)
     
  13. happy1901

    happy1901 Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    корсети видов во бутик Филка во Мавровка, ама не знам која цена беа
     
    На Anna-Banana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Јас лично не се залетав по Кокевци, Селестра и слични. О боже зарем суми од 500-600 па и повеќе евра се нормални за венчаница во Македонија? Абе во Македонија каде платите ни се ај да не кажам колкави... Јас не ни влегов во дотичниве продавници, знам дека ако сакав ќе си приуштев скапа венчаница, но јас од старт ги прескокнав тие продавници. И така фино си излегов, прошетав низ градов, и не знам зошто мислите дека во Мавровка не се наоѓаат интересни модели, јас лично таму ја шиев во Маријаж (на спрат горе) и мојот предуслов исто беше венчаница која нема да светка, ќе биде едноставна а сепак бујна и богата. Ја купив 300е, ја носев со најмала корпа под фустанот. Бев презадоволна.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На L-a-r-a22, tinkerbelll, irenna и 5 други им се допаѓа ова.
  15. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    венчаница која нема да светка,
    е ако твојава венчаница не светка незнам која светка...па целиот корсет ти светка :rofl:
    п.с. фризурата ти е прекрасна
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ^од сликите изгледа светлуцаво (а ако не се лажа и мислеше на друго светлуцаво)
    инаку girl1985 беше прекрасна невеста, во живо фустанот и беше уште поубав одколку на сликиве,беше прекрасна
     
  17. majafimceva

    majafimceva Активен член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Убава венчаница , ми се допаѓа, само тие ракавиците ми се ептен грди(без навреда), не знам зашто сеуште се носат ја здравје боже не планирам никакви ракавици да носам :wasntme:
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.252
    Допаѓања:
    45.675
    Пол:
    Женски
    Прекрасна венчаница, баш по мој вкус :) Јас ќе правам свадба на пролет, Мај месец најверојатно и венчаницата би сакала да ми биде нешто во овој стил :)
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Има нов бутик за венчаници карши соборна. Sposa moda мислам се викаше.
     
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    споса мода не е нов бутик, претходно беше во бисер а жените работат над 20 години. мојата венчаница излезе прекрасно значи поубава неможеше да биде. цената според мојот буџет а односот најпрофесионален. значи апсолутно препорачувам бидејќи јас лично сум презадоволна од се.