@AleksP само што го отворив линкот од љубопитност бидејќи сум голем фан за венчаници иако не сум мажена и искрено се воодушевив. многу убави изработки има ако знаеш нешто за нив повеќе може во лп да ми пишеш или ако си шиела кај нив како си задоволна и слично?
@Veki4kaa фустаните кај PepikaAtelier се прекрасни и совршено изработени.. и не само венчаниците таму израбтуваат секакви свечени тоалети... Инаку јас сум во потрага по венчаница,сеуште не сум одлучила но знам дека мојата колешка си ја шиеше тамо и беше презадоволна а и прекрасно изгледаше. Јас бев во салонот, поминавме 2 и пол прекрасни часа со дизејнерката, девојката си ја знае работата, предлага разни варијанти, материјали и сл. Инаку знам дека е дипломиран моден дизајнер и има големо искуство од повеке ателеја во Скопје. Помини разгледај си. Позз
Благодарам многу за оваа убава информација Навистина е тезок изборот кога не сакаш да фрлаш многу пари за венчаница,а знаеш како стојат работите по нашиве салони Ова навистина беше корисна информација...сакам да те прашам исто дали Камелија или Среќен ден имаат своја facebook страна или не?
@Veki4kaa @Sandrichka 89 цените варираат во зависност од материјалот и чипката ама мислам дека во договор со дизајнерката може да се договорите за цента која ви одговара..
И двата бутика имаат фб страна, сигурно ќе ги најдеш И ако знаеш што сакаш да носиш на тој ден не е тежок изборот јас уште пред да ме запроси знаев каква ќе ми биде венчаницата си ја имав сликата во мене и си прашував за таква венчаница дали е можно да се направи и колку би чинело...плус сум многу пребирлива, од над 100 модели што ги видов во Мавровка само еден пробав (тој беше најбиску до моделот што го сакам)...верувај ми дека и со 350 евра венчаницата може да изгледа убаво и богата, а од друга страна не сакам да отворам по фб и да видам уште 10 други невести што носат идентичен фустан како мојот (отвори на фб страната од Квин, прочепкај по сликите и ќе сфатиш за што зборувам)...па пиши што ќе одлучиш good luck
Благодарам уште еднаш ... Деновиве ќе одам лично да се консултирам со нив, па се надевам дека ќе најдеме некое решение. На повеќето места каде што прашав ми бараа по 500-600 евра за моделот кој го сакам, ама се надевам дека ќе најдам нешто поефтино зашто 500 - 600 евра за венчаница според мене е многу ... Сепак ова што ми го пиша ми е од голема корист, па ќе видам што ќе направам деновиве!
Дали некој има искуство со "Венчаници Тина" и "Филка"? И двете се во мавровка, филка е на први а Тина на втор спрат. Ме интересира чисто информативно, посебно за тина и изработката, и како се задоволни муштериите од таму?
Feminki dali nekoja od vas siela fustan kaj Sonja ( crnata ) vo Mavrovka se mislam za tamu a nemam ic veke vreme moram da zakazam nekade ITNO mi se potrebni vasite soveti i iskustva Pozz
jas za sonja nemam slusnato - ne znam koja e, a prasav dali ja znaete vencanici tina, isto vo mavrovka?
Од 300 па до 800-900 евра. Не се лоши Деа споса, малку бутикот го дотерали и е помодерен од останатите, но малку повисоки цени имаат од останатите а квалитетот (од моја гледна точка) е ист.
Конечно пред некој ден ја направив мојата конечна одлука ... ќе шијам во Pepika atelier ..навистина сум презадоволна од се досега што ми понудија таму ... пред се пристапот и можноста да бирам на повеќе видови материјали и чипки го ставив во предност, а потоа и на самата Пепика .. навистина сум презадоволна. Денес ми земаа мерки и сега ќе чекам до првата проба да ме викнат . Како и да е сфатив за да имам ОК венчаница и да изгледам убаво на тој ден доволни ми се 450 евра..мислев дека ќе поминам со нешто поефтино, ама досега сите ми нудеа нежто поскапо како 600-700 евра за моделот кој го сакам или пак кај другите некако немаше избор на материјал ниту пристап да избирам помеѓу материјали и чипки кои ги сакам. Затоа се одлучив за овде ... мислам дека воопшто не згрешив!
Алекс, ти благодарам уште еднаш што ме насочи да го посетам Pepika atelier навистина имаше прекрасен избор на метеријали и се останато, се договоривме за се со дизајнерката и конечно се решив таму да ја шијам мојата венчаница . Сепак воопшто не се сомневам дека сум направила погрешен избор Навистина сум презадоволна од се!
Тоа е најважно, ти да си задоволна и сепак, си „заштедила“ повеќе од 250 евра се надевам дека ќе изгледаш како што си замислила...па ќе споделиш и фотографија од венчаницата, можеби така ќе помогнеш некој друг да се одлучи за тоа ателје