Стварно бе луѓе одиш во ВИП, или Едвадр или овие другите шо моментално не ми такнува како се викат и прашваш шо пари фарметките !? Само 2100! Нит знам шо марка се ни од кај се... Ххихихи Па ќе ом поарно до космос во Солун ем марка ќе купам ем 30 евра до кај 50 и то најнова колекција... На попуст можиш да најдиш и за 15 тина до 20 евра ... ама то е то...
Тазе Битола сум па морам да прашам. Кај се наоѓа Зара? Гледам на фб има добри парчиња, а и не е толку скапо.
Купувам често од теранова за цените не коментирам.... исто и од Принцип купувам и задоволна сум и се наоѓаат некој работи за солидни цени. И од Едвард имам нешто ама таму цените се малку повисоки. Од еден бутик во чаршија секогаш си земам фустанчиња ама не знам како се вика. И во јавор наогам понекогаш нешто.
Хм ... јас не знам имиња. Претежно не шетам многу, фармерки претежно земам од Гама ми се чини, мало место е кај малата чешма, кај аптеките и пет шопот, таму некаде е. Претежно одам Ваикики, секое влегување наоѓам нешто што ми се допаѓа и Теранова има баѓи работи по мој вкус, а и често одам таму зошто успат ми се и си влегувам ми се допаѓа нешто и земам А в пазар едино за Гама знам, во другите ретко влегувам, ептен кога имам потреба и ако одам со причина, а тоа се случува мноооогу ретко. И мило ми е што пишувате од прилика каде се наоѓаат, ќе шетнам на тие места што ги препорачавте некој ден
Фармерки не менвам,исклучиво од LDB до орифлем и рома бутико се наоѓа,уствари наспроти адидас шо е...таму ми се најубај и најквалитетни фармерките... А за некое парче облека правец Ваикики...Е за чевли/патики такви ми ти работи кај ќе ми текни
Во ваикики избор нема за женски, за машки да и за машките облеката е поквалитетна од искуство да кажам јас си зедов блузи партали криво ми е од по 1100 и 1400 од првото перење се уништија и едно палтенце тоа матријалот замирисан никако не излегува сето кинески шит, а тој си зеде и си носи се за машки има избор и квалитет. принцип катастрофа е моментално сето расфрлано последното шо му останало го продават дека ќе затварат дури и тренерки почна да пуштат. едвард нема избор ни бројчиња. Често земем од по бутици поснабдени кај шо има избор и квалитет па и да се поскапи не земем секој ден.
Јас па сеуште си немам купено ништо од Ваикики... Сум пробал многупати, ама некако не ми се бендисва квалитетот и ко шо реков погоре имаат многу роба и шо знам некако глупаво ми е ко че видам јас и уште 10 дупи други истата кошула да ја носиме. Приимер ко шо гледам низ корзо со исти копулчиња излезени или наглупаво шо можи да биди еднаш гледам двајца другари со истата кошула излезени... Хихихихиих,,...
Гледаш... можеби тоа е различа перцепција на гледање на нештата... Јас пак го мислам спротивното... Дека генерално за женски има каде каде повеќе избор отколку за машки... Хихихихихии А за тие кошилчињата да ... Ама шо знам... ќе имам јас и пола Битола Хихихихиих... некако не ми се прај то кефоТ
Кај ленски мост имаше едно бутиче за машки така понесекојдневни парчиња и доста квалитетни саковца кошулчиња сега зависи до стилот , а квалитетните работи од далеку се познаваат ко ќе ги носиш и не се на секој седи убо.
Ги знам сите... Одма на ќошот шо е ... Ама скапчии се и тие... Одиш и прашваш „Колку ви се панталончињата“ и продавачката секогаш истиот муабет „2000 ама можи да ти ги остам за 1800“ Хихихихиихих.... А во Ваикики најкапите 1100 Хихихихих Иначе роабата им е турска !
А у бутиците, освен тие шо ви се на широк сокак, ако влезе човек со уште еден со него, продавачката кај стои, надвор излегува или строго само по еден влегвате?
Јас можам да кажам дека Ваикики имат одлична роба, имам корсет од Турција купен и ни едно конче и ни ластиче нема мрднато, а сукњата тука шо ја купив, на намаление ја најдов 350 денари и така останав ко видов дека толку малку е цената, не ми беше верливо, друго немам купено ништо, ама гледам фармерки да си купам имаше за 750 денари, баш од утре ќе видам...
Јас свечени фустани долги, знам дека има во Јавор, на други место појма немам каде можи да има, и во еден бутик на сам ќош пред да излезеш на Ленски Мост, овај на К буквата, везе немам кој е...