Ајде девојки колку ви значи бушавата азбука, дали сте ја гледале, што ви било омилено кај неа...? Да не беше Бушавата Азбука јас ќе бев неписмена Гледајќи ја научив да читам и пишувам на 4 год! А омилени ми беа АБВ те. Ана, Бодан и Влатко
Ја обожавав!!!! Многу!!!! Одвај чекав да почне за да ја гледам... ееееее... пораснав со Бушава Азбука, ми беше плус помош во учењето на буквите А што ми беше омилено? Тешко ми е да издвојам... ама ја сакав Билјарката и интересни ми беа анимациите за буквите исто така сакав кога кажуваа одредени зборови на дијалектите кои се зборуваат во Македонија, потоа го сакав читањето, Ловецот, децата кога кажуваа професии и имиња на буквата што се обработуваше во таа епизода... Павел го обожавав! Мислам дека немаше дел од емисијата што не го сакав, и ми беше многу криво кога завршуваше....
хахахаха, ме потсети за овој дел, најмешно ми беше кога тоа дебелото детенце, за професија на буквата И, реше ИДИОТ
Обожавав Бушава Азбука, додуша не ми помогна да читам или пишувам , ама знам дека со нетрпение ја очекував! Најомилен дел ми беше кога ги пишуваа буквите со фломастери - црвен и син на таблата , а најмногу се плашев од Јовица Михајловски со ќелавата глава, мислев дека тепа мали деца Интересна ми беше и Билјарката (мислев дека стварно е вљубена во Тарзан) , а најнеинтересен ми беше делот за Македонскиот јазик , како помала, се додека не пораснав и сфатив дека е прилично важен токму тој дел. Се на се, убава и квалитетна серија, ми недостига, од нашето детство
i jas so netrpenie cekav da pocni i ja obozavav kolku samo bev radosna ko ke igrase mene najinteresna mi bese Biljarkata i lovecot
Леле ги обожавав. Се сакав: Билјарката, таа што пееше женската, дебелото намрштено дете, тој ловецот, и тој (не ми текнува како се викаше) ..... ај мање битно не ми текнува А најомилени ми беа тие буквите што ги правеа како предмети на таа буква И - Игла!
многу ја сакав, многу ми беше интересна иако бев мала и не се сеќавам многу на серијата, најинтересно ми беше песничето абвгд....
Супер беше, и забавна, и поучна. Јас ги обожував анимациите и бурлеските! Дали знае некој дали постојат некои снимки, јас добив некои ЦД-а, ама самите епизоди беа оштетени.
Лелееее! Бушава азбука да не беше мислам дека немаше да научам да пишувам толку рано, т.е да ги научам буквите. Мајка ми ми има кажувано како сум седела пред ТВ ко закована, на место, барем можела жената на раат да зготви Песната ја обожавав, секогаш урлав кога ја пеев. Билјарката ми беше најзакон лик, и се сеќавам дека со мојата наивна детска глава размислував „Па добро бе нели знае оваа дека Тарзан е цртан? Што се занесува? Или она знае да влезе во цртаниот и да си бидат заедно?!“ Дијалектите ги сакав ептен, поготово како најавуваа - „носија, Лерин, Егејска Македонија“ и секогаш повторував после нив Од Јовица се плашев од тоа шпицата со забите и од ќелавицата негова Ма нема што не ми се допаѓало во серијата, ја мислам сите деца научија многу благодарение на Бушава азбука и не знам од која страна заслушнав дека наводно е избришана од архивите на МТВ. Ако е тоа вистина - ми иде да вреснам од мака. А баш размислував колку би било убаво да искочи на ДВД, одма би си го купила и би пеела со АнаБоданВлатко
Леле колку ја само гледав како мала. Скокав од среќа кога ќе почнеше. Па и јас си пеев со нив. А Б В Г..... Пред некој ден ја даваа пак, и јас пак како мало дете си седнав и си ја гледав. Тоа беа старите добри времиња....а не сегашниве.
Мислам дека со серијава ги научив буквите Инаку омилена ми беше билјарката, и кога ги пишуваа буквите со фломастери и делот со професиите
Кога ќе се спомне Бушава азбука секогаш ми носи убави спомени од моето детство. Со оваа серија израснав и многу ја сакав , дедо ми ми ги снимаше сите епизоди на касета, незнам по колку пати ги имам изглеано
Како бе избришани од архива? Па нели ги даваат пак на МТВ За серијава, немам коментар... кога појдов прво одделение учителката не прашуваше да ја кажеме азбуката и јас си почнав да ја пеам како на серијава и ми вика: - не пеј, кажи ја убаво! ама верувале или не, од што ми беше влезена мелодијата во глава не можев а да не ја запеам додека ја кажував... Омилен дел ми беа Тасе и Таса и нивните караници, исто и оние со Гоце Тодоровски делот со кучињата.... Ма целата серија е закон! Дома уште си ја имам разгледницата од Бушава Азбука која после долги години сега му служи на внук ми како буквар.
Пирамида еве ти ја другарката http://www.youtube.com/watch?v=FcmEAl8FDQA Едно од ретките нешта кои вредат да се емитуваат на МТВ. Youtube жив спас. Ми се допаѓа што се повеќе има прикачено видеа со емисии од Бушава азбука, Чудовишта во нашиот град и така натаму. Како мала си чучнував на тросед, си гледав и уште се сметав за надпросечно паметна бидејќи на пример ете знаев дека не е џадење, туку е јадење. http://www.youtube.com/watch?v=dVuGMbNK_Hs
Сега додека ги читам коментарите, повторно ми се врати сјајот на очите од радост, исто како малечка...Па јас ги научив буквите од емисијата, а никогаш не научив да ја кажувам (па и денес ) азбуката, туку секогаш ја пеам со истата мелодија.... Само сега кога го спомнавте Јовица Михајловски, ми текнува дека неговиот дел го гледав со раце во лицето, па се плашев многу од неговата ќелавст....Многу ми е мило што барем детсвото ми беше така убаво, без денешните проблеми и предизвици, а еден од најголемите радости беше БУШАВА АЗБУКА...
Порано правеле убави емисии, а не како сега. Бушава азбука е легенда. Една од моите најомилени емисии, редовно ја гледав и знам дека некои епизоди ги снимав и на видео. Секогаш се смеев на делот со билјарката и нејзината љубов Тарзан и на Тасе и Таса
Убаво би било и денешниве деца да имаат нешто вакво за гледање. Ем интересно, ем поучно. Јас пораснав со бушавата азбука, и не би можела да издвојам што е најинтересно, едноставно се си е убаво и корисно на свој начин. Јас ќе си ја постирам мојата буква http://www.youtube.com/watch?v=IMFZHz0in-4