Со задоволство ве известувам дека денес планираме миграција на форумот на нов дедициран сервер. Процесот ќе стартува во 9.00 часот. Најпрво форумот ќе биде недостапен 10 минути, а потоа ќе можете да читате, но не и да пишувате нови мислења. Новиот сервер ќе придонесе за уште побрзо функционирање на форумот, зголемена безбедност и поголема слобода при прикачувањето на слики. Во текот на денот можни се кратки периоди на отежнет пристап, а во оваа тема ќе се обидам да ве информирам за текот на процедурата. Благодарам за трпеливоста и се читаме на новиот сервер. Апдејт 1: Првата фаза е успешно завршена! Сега можете да читате (сѐ уште сме на стариот сервер), но не можете да постирате. Апдејт 2: Втората фаза е успешно завршена! Миграцијата е комплетна и можете да продолжите непречено да го користите форумот. СТАТУС: 100% Ако го читаш ова, СУПЕР! Сега си на новиот сервер и повторно можеш да постираш. Доколку наидете на проблем во користењето на форумот, ве молам известете нѐ тука.
Кога кликам на мислења на профил како прво ми се појавува некое од среда, значи има сигурно едно 20-тина што не ги покажува Заради миграцијава ли е ова и ќе се поправи ли?
Да, заради миграцијата е. Бидејќи во тек е освежувањето на кешовите, можно е да недостигаат мислења во профилите, а истото може да се случи и кога пребарувате одреден збор на пример. Процедурата е при крај, па ова ќе се среди набрзо. Апдејт: Средено!
Што е финтата со новиот сервер неможам да прикачам слика била преголема а сликата е 2.1 мб Претходно и од 2.8 прикачуваше
Јас пред малку имав проблем со праќање лп, не сакаше ни да ми ја сочува, кога кликав Испрати само вртеше и не ја испраќаше. После ми ја снема и срце ме стрефи пошто пораката беше огроооомна, ама некако успеав да ја вратам. Па ја ископирав и скроз наново пробав да ја пратам. Е дури тогаш успеав. Не знам дали е до новиот сервер, само чисто да пријавам да не има и некој друг таков проблем.
Јас активна сум повеќе во темите со слики а Михајло ти то мени радиш намерно да се откажам од форумот Се зезам сакам да постирам какво кафе пиев
Средени се сликите, сега може до 6 MB. Наздравје кафето. При секоја промена/оптимизација (денес ги правиме повеќе) има краток прекин во функционирањето, па претпоставувам дека си „погодила“ таков прекин. Сепак, би требало форумот да ти ја зачува пораката/мислењето во таков случај.
Мене баш сега повеќе ми кочи од мобилен... Не знам дали уште се опоравува од операцијата или нешто друго е Интернетот сигурно не е во прашање. Ај може период е. П. С. Кога видов важно известување мислев роденден е на форумот и ќе делите поклони ама ај
Охо хо Михајло се размуабетил, толку нема зборено/пишувано откако се "зачленил" на форумов. А и многу е весел некако, сервер шо може да ти напраи значи Јас ја пропуштив миграцијата, а ништо посебно не приметувам ни сега. Дали треба да се забележи некое подобрување? p.s. ај па @Mihajlo коа веќе се размуабети, дојди по другиве теми, во категорија секс интересни отвараат, политика не ти препорачувам, да не те банира @RainBow многу е незгодна ако те пријави некоја тужибаба. Па демек главен си а те нема нигде, а баш ќе те "посексаме" низ темите на твојот форум
Оке, дали само јас насловот го прочитав како: Миграција на север и си помислив дека нов ударен бран на мигранти дошле на нашата северна страна и се десило нешто
Мене прво во очи ми падна она со големи букви-ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ, па таман кога мислев да го пријавам, нели според правилата на форумот забрането е со големи букви (како да се "дереш"), гледам нешо сервер ова она, нели едно време платформи беа у мода. А и немаше логика да се себеизбрише чоекот А баш беше модерно пријавувањето, па сакав да пратам тренд.