@Abeja Па и мене тоа ме здрма, големи букви и све, како кој знае што се случило, па и кога го прочиташ погрешно како мене, очекуваш вест за војна да е
Па, како за почеток, сега имаме задолжителна енкрипција (зелениот катанец), па така чувствително е побезбедна комуникацијата, како и вашите податоци . Колку што знам, Фемина засега е единствен форум во Македонија што го има имплементирано ова. Дополнително, конечно е овозможено прикачување на слики во приватни разговори, а и практично е отстрането ограничувањето во поглед на големината на сликите. И не на последно место, форумот ќе биде чувствително побрз и подготвен за новите модератори. Ниту сум главен, ниту е форумот мој. Згодна или незгодна, „главна“ моментално е @RainBow , а форумот е на заедницата.
Raise your hand ако на сликата погоре ти паднаа во очи 144-ката кај лп сандачето Шала настрана, да не кажеше Михајло - денес не приметив за прикачувањето фајл во лп, а и којзнае кога ќе приметев Браво за тоа
Ако треба и тука одново да ги прикачам кременадлите? Значи таман се логирав од телефон и преминавме на нов сервер. Овај, мигриравме. Спаваш ли мирно Михајло, ќе труеме со слики сега уште толку!
Јас Михајло прв пат го читам откако сум зачленета. Woohooo Иначе уште ми "паѓа" фемина одвреме навреме на по 2 минути. Него кај е @Kukla994 да праша дали има нови модератори, баш сеа кога Мики е расположен да одговара на прашања. Па.. ај да го прашам ја она сите што го мислите, има? И да, дали мислите да го проширите делот со емотикони можеби?
Миграцијава беше неприметна и имплементацијата на HTTPS успешна. Да не беше банерот и постов најверојатно немаше да посветам внимание и забележам. Браво!
144-Тука се и неколку мои , но тоа културно значи не ве ебам ни два посто. Јебала вам демократија и право на говор Туку, слики во приватни разговори, уаууу, баш тоа ми требаше за да функционирам беспрекорно на форумот. @Mihajlo А зошто нема можност за прикачување на аудио фајл? Или видео фајл, кој не е на youtube а сакам да го споделам со фановите на фемина (на пример порно видео и сл.) Ма има бре уште да работите и сервери да мењате, тоа s ништо не ми значи Дали ова значи дека во брзо време ќе ми стигне некакво известување од кога да почнам ? Ај ај главен си главен и твој е форумот, освен ако под заедница не подразбираш ти и Реин, други нема. Туку, ако се бира админ на годината мора да биде @RainBow , без разлика што ме банира понекад коа ќе ме пријават тужибабите, ама со мало дете за кое треба да имаш очи и на тилот е премија да успее да измодерира секакви појави и непојави на форумов (плус и книги да чита и серии да гледа, ту мач) Не се местам, се зезам за модераторство, ама навистина е потребна помош и тоа некој што може така несебично да си жртвува од времето, а не само да брише кој не и ги сака пријателките и нејзе. Толку платформи сменивте (и нафтени) и сервери а модераторски тим не успеавте да составите. Минус-
не е ни чудно што не ви ги чита човекот пораките жени го појадовте Мики, де стави слика во модни критики да ги охрабриме и машкиве членови