-Колку килограми бевте последен пат кога и кога се измеривте? -Дали после тоа си го запишувате на лист и правите споредби? Тука исто можете да си пишувате од целата недела споредби (од понеделник ќе почнете на запишувате дома на еден лист и до следниот понеделник, цела листа да ја прикачите. Се надевам ме разбравте, не сум многу добра во објаснување Mислам дека по форумов сме многу малку кој се познаваат приватно, па затоа можете да и се доверите на оваа тема и да кажете колку кила бевте кога се измеривте последен пат. Еве јас ќе почнам, јас бев 63,2 кг. и се измерив денес сабајле (25.12.12).
Порано ме растажуваше сега не. Денес сабајле се измерив и бев 55 кила не запишувам пред 3 недели бев 57 мислам дека идеална тежина ми е 55 јас се чуствувам убаво не сакам баш коски да ми се познават би сакала уште малку да се затегнам со вежбање. Пред 2 години имав 65 кила што значи 10 вишок но от гоа започнав со вежбање и здрава исхрана сум со ова тежина.
Последен апдејт на тежината вчера - 63kg, а пред една недела бев 65. Ма не да ме израдува, цел ден инстантно ми го подобри!
Колку што знае да ме расположи - толку знае и да ме растажи. Од крајност, во крајност нели? Во секој случај, не е се до вагата.
мене не ми е битна тежината и затоа ретко се мерам, не ми е битмо дали вагата ке ми покажува некое килце повеќе или помалку задоволна сум од површниот изглед, сега работам на затегнување на мускули
Ретко се мерам, воопшто на памет не ми паѓа, а и онака сум прцул. Килажата ми е секогаш околу 45 - 47 кг.
Па не дека ме растажува, ама не ме ни расположува ... нашата врска јас ја декларирам како „и не толку пријателска“ (сигурно има уште некоја феминка која ме сфаќа што сакам да кажам)
Не сум „емотивно“ врзана за вагата Без диети и без вежбање (ууу ова изгледа ко фалба, ама навистина е така ), одржувам константна тежина 60кг.-172цм. Ептен сум антиспортски тип како да се натерам да вежбам ????
^Eпа има тема "Мојот фитнес ден(+мотивации)", таму има различни слики, а може и феминките ке те мотивираат. Поздрав и пише
Искрено Понеделникот не да ме растажи, абе во депресија ме фрли . Затоа од тогаш малце диетичка, па од Понеделник ќе ги дружам девојките во "Мојот фитнес ден", и искрено едвај чекам...
Ни едното, ни другото. За мене е обично средство. Ми дава претстава дали сум се здебелила некое кило, па да припазам. Немам страв да се качам на вага, како што прават некои.
Мене вчер во депресија ме фрли и сега сум опседната да ослабам 5 кила Али масти ми се се околу стомакот, знам ја што е мускул
Ахх таа лажлива вага... Ми се случувало да држам диети, и два три дена на пример не сум пиела доволно вода, се качувам на вагата покажува 2-3 кила помалку, и одма мило ми е првите 10 секунди, дури после ми текнува дека тоа е само изгубена вода и ништо друго Од друга страна, вое периодите кога напорно сум вежбала, се познавам дека сум ослабена, затегната, а вагата пак исто покажува. Тогаш обратно, првите 10 секунди сум тажна, но ми текнува дека сум изгубила сало сум добила мускулна маса која тежи повеќе и одма сум хепи. Метро му е мајката, се си кажува како што треба.
Вага? Шо беше тоа? Јас се раководам чисто од резултатите шо ги гледам во огледало. Со редовно вежбање не изостануваат. ГАРАНТИРАМ. Настрана од ова стварно негативно влијае на психата, ти создава притисок со секое кило шо го покажува повеке. Па си викаш добро шо се дешава? Па вежбам, внимавам на исхраната и пак некое кило имам плус.. Нема врска. И мускулите тежат не само салото. Јас ја имам истата тежина од претходно само овојпат со тонирано тело плус.