јас пред 18 дена кога се качив на вага бев 93 кг (пред два месеци се породив) денеска сум 85кг(но само јас си знам што се претрпувам за да ја намалам тежината
Kога си вежбам повеке време и ми се зголемува самодовербата не се водам многу според вагата , се додека си се допаѓам како изгледам не ми е битна бројката таму , е сега кога не вежбам склона сум на слабеење , последниот пат кога многу се разочарав беше кога во октомври месец вагата ми покажа 41 кг , жив костур бев , за никаде !сега сум многу задоволна иако не сум се измерила одамна мислам дека некаде околу 46 кг имам , може би качила уште некое кило , а може и не хх ќе видиме дали ке има потреба
Секогаш сум приближно иста тежина колку и да јадам. Се мерам често не ми е некаков проблем. Имам 50-51кг.
Кога како.. Во период после празници, родендени и други поводи за славје каде што храната е во изобилство застапена, ме растажува и те како. Ми доаѓа и да пуштам по некоја солза. Инаку, летно време, не ме растажува до толку, поактивна сум, печашам ако ништо друго, гледам да не закржлавам седејќи во едно место, а зимно време сите знаеме што се случува. Ајвар со пола леб и сирење, мјам мјам. Кога јадам сум среќна, после вагата кога покажува error растажена. Исто и не паметам од кога сум седнала да се најадам ко човек. Јадам се половина од она што сум била претходно навикната, скратив од некои слатки задоволства, арно ама од сладолед кој знае како се откажува, нека повели со совет, јас не можам. И газирано не пијам, додуша никогаш не сум ни сакала нешто многу, па еве, вагава не ме прави нешто посебно среќна и расположена. Посебно не по последново мерење пред 20 минути.. Ма ајде, која е она на мене да ми диктира расположение? Спојлер Отидов да тагувам, чао!
Meне почесто ме растажува отколку што ме расположува, затоа што ептен се понаша како Халеевата комета - треба да помине цела вечност додека конечно се мрдне стрелката на десно. Затоа ја расипав, ме фати бесот и ... не сакате да знаете што се случи.
Па да ви кажам јас не се мерам многу, многу... Зошто? Затоа што, задоволна сум кога ќе се погледнам во огледало и одразот ми се допаѓа. Бројките ништо не ми значат. Спојлер Иначе, се мерам еднаш годишно и моментално имам 58 кила
ме растажува и тоа како, па 60 кила сум па нели е срамота бе толку да ме мрази таа вагата. Мис перфект ај фаќај си патот на трчање, најарно ќе ти е
Ме растажува, затоа што секогаш после мерење мајка ми му вика на татко ми да купи нова вага. Не работела оваа.
Зависи што ќе покаже, денес покажа дека сум се здебелила кило и ме разочара бидејќи јас дури и очекував да сум ослабела
ме растажува мн...не јадам мн, пијам вода, чај и пак неможам да ослабам...значи стварно треба да имаш некоја активност за да ослабиш (а ме мрзи)
Денес ме разочара...се покачиле килцата.Малце ама доволно за да ме замислат...Ќе ги вратам набрзо, не е проблем тоа за мене.
Јас сум скарана со вагата, не се качувам повеќе, поважни ми е да ми се допаѓа тоа што го гледам во огледало.