1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вага-ве расположува или ве растажува?

Дискусија во 'Фитнес' започната од Angel-Adriana, 25 декември 2012.

  1. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Ме расположува коа ќе каже некое килце повеќе. :D
     
  2. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    4.343
    Ме растажува. Летово бев 56 килограми и последно денеска се мерев и гледам 59. :o
    ШОК! Диета во живот немам држено, јадам што ми душа сака во било кое време, особено хамбургер од 7ца.
    Не можам да одолеам. Мислам дека редно време е да бидам активна во темите за слабеење, ама како кога обожавам да јадам. :?:
     
  3. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Врската со вагата ми е многу комплицирана,живееме заедно многу години.Има моменти кога сме среќни заедно,кога магичната бројка која ја покажува се поклопува со мојата замислена бројка.
    Ама,има и моменти кога си плачеме заедно,јас поради дебелината,а она оти не може да ми помогне,посебно последниот период.Така да,ако продолжиме така,односно ако бројката магично се зголемува,на нашата врска ќе и дојде крај,односно вагата ќе мора да си оди,а јас ќе ја заменам со нов модел,кој ќе ги задоволува моите желби. :D
     
    На Hipster и Hipica им се допаѓа ова.
  4. Ogist

    Ogist Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2013
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    Вагата не треба ниту да ве растажува ниту да ве прави среќни раскинете и, огледалото е многу по верно и поискрено тоа најдобро ти покажува како изгледаш додека вагата ти покажува само бројка и не е реален показател, целта ми е да кажам дека битно е изгледот а не тежината, можеш да тежиш 70 кг а да бидеш ко модел, а можеш и да тежиш исто 70 кг а да изгледаш дебело, затоа што мускулот и салото тежат различно. :)
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Не може мускулот и салото да тежат различно,туку мускулите за ист волумен тежат помалку.Мускулите затоа што се погусти,зафаќаат помалку простор и го забрзуваат метаболизмот.За секој кг мускул телото троши 15-25 калории повеќе.
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Мускулите за ист волумен тежат повеќе од мастите.
     
    На Hipster и StefChef им се допаѓа ова.
  7. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Не дозволувам вагата да влијае на моето расположение! :D
     
  8. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    До сега ме растажуваше.Се надевам дека ќе ме расположува наскоро. :D
     
  9. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Ме депримира! Ако јадам повеќе, иде во плус, ако јадам нормално - во минус и никако да ја сложиме :^)
    Затоа во последно време повеќе се дружам со огледалото :D
     
  10. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Скарани сме,се плаши сега од мене и бега :lol:
     
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    19.047
    Пол:
    Женски
    Мене ме растажува. Ама сфатив дека поверодостојно е метрото. Килажата може да варира во однос колку вода сме пиеле денот, дали сме биле по нужда или не, итн. Сантиметрите се доста битни, и како што кажа Огист, огледалото. Јас планирам да го мерам обемот на половината, колковите и слично, на неколку дена и да си запишувам, па ќе видиме :) Вагата ми покажува многу килца иако се отепав од вежбање, и многу внимавам на исхраната. А вака сум многу позатегната од порано, и подобро изгледам, а вагата повеќе покажува. Ваљда мускулите си тежат :D
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vampiregirl5

    vampiregirl5 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9
    Искрено сега почна да ме расположува :) послем празнициве се здебелив цели 3 кила :@ а денеска се мерев и сум ослабела 2 хехе ..па да си продолжам вака и да ги ослабам тие вишок 5 :( еднаш,засекогаш
     
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ај овде да прашам.

    Слаба сум отсекогаш.
    Зимава се здебелив со празниците 4кг.
    Сега се осеќам ослабена, но на вага ми покажува исто (како уште да ги имам тие 4кг.) Малку ме чуди и нервира тоа.
    Зошто е вака ?

    Имам некои теории дека салото тежи помалку од месото, па ако ослабеш може да е очигледно, а сепак на вагата да покажува исто, итн., но сакам некое ваше објаснување..
     
  14. Tikvice

    Tikvice Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    мене ме располозува секогас :D
     
  15. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Зависи што покажува :D
     
  16. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Зошто да ме растажува? Не сум дебела, дури од 42 килца сум отишла пак на 39.. Не ѝ се замарам. Ако ми паѓат фармерките сум ослабнала, ако ми се тесни сум се здебелила. Таа и да си покажува исто, а јас немам меше, не значи дека халуционирам или дека се расипала. Тоа значи дека или мускули имам сега, или газе. :lol:
     
  17. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Ретко другарувам со неа откако сфатив дека обемот на телото е тој што е битен, а не килограмите. :D
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Имаме таков осцилаторен однос, како расположение на жена во климакс. Од највисоко на амплитудата, до најниско.
    Во превод, во еден миг сакам да ја гушнам, да и зборам на бебешки јазик од милост, ама во друг момент, да ја фрлам со сета сила далеку преку прозорецот.

    Не ни е крива вагата, самите сме си криви!!!
    По стоти, или веќе не знам по кој пат.
    Фина си е вагата, ние сме тие што не сме фини.
    Помалку отварање на устата, повеќе мрдање на ноџињата и се ќе биде многу помирно и пофинко.
     
    На Nausicaa и SwanMay им се допаѓа ова.
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    [​IMG] Ми здодеа веќе :yawn::hai::hai::D62 со нешто па 62 со нешто. Ајде накај февруари ќе се почне нешто бар 5ката да ја фатам :P Сега се празници,јас од сега славам :wasntme:
     
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Стрелката на вагата постои за да осцилира во зависност од количеството на храна што го внесуваме.Таа е само мерило за проверка на килограмите кои сами треба да ги контролираме, а не да ја доживуваме како апарат што ќе не плаши при самата помисла да ја измериме тежината.
    Тоа што треба да не расположи е пешачењето и консумирањето храна во умерени количини. Во спротивно занемарувањето на сопственото здравје и грижата за себе не може да биде ничиј проблем, освен недостаток на лична одговорност.