Ме растажува у зимски денови. Едно време се смиривме малце, сеа па сум и лута, очи нејќам да и видам.
Едно време и се налутив и одамна ја немам дружено. Повеќе си се дружам со огледалото, ептен си го сакам.
Кога и да се мерам си викам само да не покаже под 55. Ич не сакам да слабеам а лесно можам. 55 до 57 кила според пропорциите, идеални се покажале.
Имав пиено одамна. Не знам зашто ,не ми помогна.Веќе не знам што немам пробано. Освен да вежбам. А признавам мрза сум за тоа Од 45 не мрдам. 42-45кг,така си варирам.
Јас сум пак склона кон дебелеење. Него го пиев за косата највеќе и си се здобив со друга мака. Супер што си така.Јас се мачам сега да ја одржам таа тежина или уште малце да ослабам убаво ќе ми дојде.
Не ја разбирам таа диета ми се чини комплицирана. Не смее рано сабајле цигара а јас очи не отварам без цигара. Можеби затоа и малце имам меше ако внесувам празен воздух. Сепак не се разбирам до тој степен. Пробувам со ун диета да ја контролирам храната. Таа некако ми изгледа полесна и нема правила.
Кога прочитав прво мислев на Вага хороскопски знак се мисли пошо бев нешто занесена и смешно ми е сега хаха Инаку не се мерам не значи таа бројка ништо
Кога ќе видам дека сум здебелена не да ме расположува, кога ќе видам дека сум ослабена ми иде да ја фрлам.
Не ми значи ништо. Кога бев дебела после породување се мерев, за да видам дали има промени, ама откако се вратив во теретана огледалото ми стана примарно.