1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вагинално плакнење (испирање)

Дискусија во 'Тело' започната од SunnyGirl2, 14 септември 2013.

  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Доколку треба да се премести или избриши темава слободно.

    Ја отворам оваа тема за да ве прашам дали и како ја испирате вашата вагина ... и поради моменталната негова актуелност по интернет.

    Нешто за тоа... и ако можете и знаете вие нешто додадете :)
    При вагиналното плакнење се врши испирање на вагината со вода или други средства. Обично жените го практикуваат поради следните причини: за чувство на чистота (што е предмет на дискусија поради можни несакани ефекти поради често испирање и испирање на внатрешноста на вагината), за остранување на мирис, отстранување на остатоци од менструацијата, плакнење по половиот однос како начин за спречување на можни инфекции (во овој случај треба да се напомене дека вагиналното плакнење не е метода за контрацепција, ниту спречува од инфекција на полово преносливи болести).

    На пазарот постојат повеќе продукти за испирање на вагина направени за таа намена и се тврди дека се безбедни на скоро сите декларации.

    Дали е вагиналното плакнење здраво?

    Стручните лица за оваа тема велат редовното вагинално плакнење не е здраво поради тоа што вагиналната флора живее во средина со ниска pH вредност што ја штити од зарази. Ниското ниво на pHвредност оневозможува развивање на различни бактерии, но со редовното испирање (или поради други причини како стрес, лекови, хормонални промени, ослабен имунолошки систем и др.) може да настане промена во хемиската рамнотежа во вагината, со што таа станува повеќе подложна на инфекции и воспаленија. Затоа не е препорачливо внатрешно испирање, туку само надворешно со помош на специјални производи за таа намена.
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Точно е тоа дека вагиналното плакнење не е здраво. Плакнењето може да доведе до појава на инфекции. Вагината треба да се плакне однадвор, а внатре не.
     
  3. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Се согласувам со SummerGirl,вагината не треба да се плакне одвнатре туку однадвор.
     
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    За да не отворам нова тема, ќе пастирам една вест тука

    Со домашна маска на 40 години има вагина како на 25


    Лиса Палмер е 41-годишна жена која откако се развела, почнала да излегува со помлади мажи. Тогаш добила желба да го задржи својот младешки изглед на целото тело.



    Одлучила да не подлегнува на хируршки зафати за подмладување на вагината, туку сакала да истражува и пронашла целосно природен рецепт за маска која направила нејзината вагина да изгледа како на 25-годишна девојка.

    Тоа ѝ го потврдиле и мажите со кои била, а сега рецептот сака да го сподели и со останатите жени.



    Маска за подмладување на вагината

    Состојки:

    1 лажичка кокосово масло (тоа ги убива бактериите и ја хидрира кожата)
    1 лажичка крема со витамин Е (спречува стареење)
    1 лажичка мед (има антиоксиданси кој го забавуваат стареењето)
    1 белка од јајце (ја затегнува кожата)
    Подготовка?

    Сите состојки измешајте ги добро и загрејте ги во микробранова. Не треба да биде многу жешко, туку само топло. Нанесете ја смесата на вагината, а добро би било пред тоа да ја навлажните на пареа за да се отворат порите.

    Оставете ја маската да отстои 15 минути и измијте се со вода од роза.

    Лиса советува ова да го правите 7 дена по ред, а потоа еднаш неделно. Најдобро би било да го комбинирате со вежби за затегнување на вагината.

    Би пробале вакво нешто?
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.077
    Пол:
    Машки
    КОНЕЧНО: Еве што е мала, а што е голема вагина!

    [​IMG]
    Прашањето за големината на вагините отсекогаш било мистерија, кое често го поставуваат мажите после разговорите за големината на нивните пениси. Сега ви ги донесуваме стандардните мерки за женските гениталии.

    [​IMG]

    Вагинален канал

    Вагината е мускул, кој како сите други во телото, се стега и опушта. До опуштање доаѓа поради недостаток на вежби и пораѓање, а најпознати се Кегеловите вежби со кои се затегнуваат нејзните .

    Сите вагини се прошируваат за време на сексот, а бројот на односите не влијае на големината.

    Според студија спроведена на повеќе од 200 жени, вагиналниот канал во просек е долг 9,6 сантиметри, а широк од 2,5 до 3,5 сантиметри. Во студијата учествувале и две жени со ширина од 2,1 cm, двете сексуално активни и со болки при сексот.

    Големи усни

    Спаѓаат во надворешните делови од вагината кои ја штитат, а ги опкружуваат малите усни. Големите усни во просек се долги околу 8,1 cm, што одговара на големината на просечниот лак за нокти.

    Сепак, распонот е значително поголем од тоа, а во студијата изнесува од 4,5 до 11,5 сантиметри. Големината на усните нема врска со големината на вагината, а интересно е дека усните се намалуваат како што старее жената.

    Мали усни

    Се нарекуваат уште и внатрешни усни, а го опкружуваат самиот отвор на вагината. Интересно е дека левата мала усна во просек е нешто поширока – околу 2,1 cm, а десната околу 1,9 cm. Левата мала усна во просек е долга околу 4 cm, додека десната е долга околу 3,8 cm.

    Како и кај големината на големите усни, ниту големината на малите нема врска со големината на вагиналниот отвор, односно канал.

    Клиторис

    Како и кај другите делови од телото, постои навистина голем распон на големината на клиторисот кај жените. Клиторисот уште се нарекува и надразнувач, а единствената улога му е сексуално задоволство.

    Просекот на ширината на клиторисот изнесува околу 0,8 cm, додека распонот на ширината кај учесничките во студијата изнесувал од 0,2 до 2,5 cm.

    Просечната должина изнесува 1,6 cm, со распон од 0,4 до 4,0 сантиметри. Големината на самиот клиторис нема влијание на интензитетот на женското задоволство.

    Извор: Попара