Имам прашање за сите кои се породиле по природен пат.. знам дека вагината се шири , па во некои случаеви ја шијат .... дали брзо се враќа во нормала и дали станува поширока од што предходно била? поздрав
Јас од што сум слушала еве ќе ти кажам.... тоа е всушност како мускул. Се шие и со тек на време си се враќа во нормала, иако секако дека не може да биде тесно како пред да родиш. Но, никаква драстична промена што ќе биде видлива или пак што ќе ти го промени понатамошниот сексуален живот.
Јас имам слушано две верзии: -жените умеат да кажат, се враќа на старо, дури и подобар е сексот (не знам дали намерно велат вака или го мислат тоа) -има мажи кои умеат да признаат дека никогаш повеќе не е тесно како кај жена која не родила, и дека не е тоа тоа. Мое мислење е дека сите жени се различни, и не значи дека кај сите мора да е исто. Сепак бебе излегло од тука, а мајката го жртвува своето тело и за себе, но и за таткото. Па, мажот ако го цени тоа, и ако те сака, ќе те сака секако.
Јас мислам дека нема зашто да не им е исто задоволството ако е малце поширочко (за нијанса, инаку сигурно нема неколку сантиметри разлика да има, фала богу), дури и не секој сака тесно. А и вагината има мускулатура и највеќе што може се враќа во првобитната состојба, и шиење, и време да потпомине..... Сепак како што викаш, индивидуална работа.
Таа е како медот кога ја ставаш лажизата во тегла со мед се прави дупка кога ја вадеш од него нема ништо не се приметува .Па мислам и со вагината е исто како со медот ова го имам слушано како приказна од постари Пробајте со медот ќе ви стане јасно мислам ...ммм
Женското тело е создадено да претрпи пораѓај и да се врати во нормала. Сега, кај сите различно колку бргу се врати во таа нормала, и до кој степен и жената има удел. Како што има жени кои после пораѓај се стегнат во телото, на изглед нели, нема да знаеш дека деца имаат, така има други кои се служат со бременоста како изговор да продолжат да јадат за двајца и десет па и дваесет години после пораѓај. Изговор 1. Па сум раѓала, нормално е сега да имам споилери. Значи и таму доле зависи колку му обратите внимание. Пелвичните мускули ако се вежбаат, нема причина да не се врати во цела нормала и со најтрауматичните цепења и шиења. Изговор 2. Па родив, нормално е да остане пошироко. Спојлер При секс најдобро се вежбааат пелвичните мускули па добар изговор е да се скокне на „џим сесии„ што поскоро и поредовно.
Јас се породив природно,после 2 месеца скоро се помина а тоа што сум шијена е малце како рб згора и мислам така ке си остане,за широко тесно е мала нијанса пошироко-нормално после порогај.
А после колку време се миевте со средство после пораѓајот?? Нели треба само со вода ама после колку време со средство??
Јас наредниот ден бидејки имав страв од шиеното,наредниот ден со еден вит на вода се миев околу4пати во денот за да не вати инфекција а после една недела си почнав со интимо да се мијам,како обично
Можеби е смешно, ама ова прашање ме окупира периодов. Млада сум, имам 21, сеуште е рано за да бидам мајка, но помислата дека за околу 4-5 години ќе родам ми носи некое непријатно чувство. Се работи за нашите интимни односи, сега е се океј, но дали после тоа ќе му биде убаво? Што ако мојата вагина стане поширока и нема да му се допаѓа тоа? И колку време е потребно за да се доведе во нормала?
Јас само да ти кажам од моето искуство...се породив природно и се е исто како порано...постојат и кегелови вежби и плус викаат дека вагината е мускул кој се шири и тесни....не му ја думај
Не се преокупирај уште од сега со тоа. Кога ќе биде време, ќе си се случи и се ќе биде во ред Нормално е да се грижи и да се мисли на тоа..особено кај оние кои прв пат раѓаат На Гинекологија, од досегашното практично искуство, ги има секакви. Ама секоја си е приказна за себе. Вагината секако дека се шири , ама со тек на време ке си се среди. Нема вечно да е таква па и ти Не мисли до толку Уживај Relax
Rodiv bebe prirodno od 4400g, pa seksot ni e pak odlicen, go prasuvam dali osekja razlika, vika ima da mala razlika ama pa pak e ubavo muskulot si se vrakja vo normala, samo onoj secnatiot del e porazlicen
Mene ni secnatiot del ne mi se poznava veke... mm veli deka ne moze ni da primeti od koja strana sum secena