Ова не е прв пат што слушам за "вадење жива", тоа е чиста лага и ретардација. Јас сум запрепастена што еден млад, образован човек може да даде 6000 денари за какво и да било надрилекарство, па и за некакво си вадење жива. Страшно. Јас мислам дека воопшто нема потреба да се дискутира за ова, ама очигледно е дека прават трикови да изгледа дека навистина вадат нешто, после ќе поставам видео како го прават тоа. Ама најмногу ме изиритира тоа со жива во матката. Не постои такво нешто. Имам една познаничка на мајка ми, така ѝ било речено дека има жива во матката, таа не можеше да има деца и одеше по вакви глупости, бајачи, гледачи. И овој ѝ рекол да се соблече по долна облека и ја допирал кај интимните места, ѝ станало непријатно и си отишла. Ова го имаше и на телевизии пред десетина години. Мажот ѝ се изнервирал и сакал да оди да го тепа, ама за среќа само го пријавиле, не знам што се случи понатаму. Ама како и да е, нема логика како ќе вади жива, што мислите раката му влегува под кожата? Тоа се трикови и лаги. За се има логично објаснување. На пример можеби ја има живата во некое кутивче во раката, или во некое балонче и набрзина ќе ја истури, демек ја извадил од тебе. И што прави после со живата откако ќе ја извади? Ако вади жива од сите луѓе кои ќе отидат, тој слободно може да ја продава и да се збогати. Ова е видео од еден човек како прикажува како прават некои зафати со трикови: http://www.youtube.com/watch?v=u14JFjF9jBg Проблемите не се решаваат магично со баење, гледање на карти, кафе, дланки, натални карти, вадење непостоечка жива, и најразлични други магични третмани и исцелувања, туку со наоѓање на проблемот, соочување со него и изнаоѓање решенија, дали самостојно, дали заедно со некој стручњак. Овие постојат затоа што се потпираат на проблемите на луѓето, ја искористуваат нивната слабост и потреба од решение. Не се сите чисти лажови за пари, некои се чисто заблудени дека имаат некоја натприродна моќ и мислат дека имаат способост да исцелуваат. Но, поуката е дека нема никакво фајде од магични решенија затоа што такви не постојат. Овие работи ги имав напишано летово во другите теми и бев многу изиритирана што млади луѓе се лажат со ова, денес пак ги отворив темите и гледам дека има нови луѓе кои се интересираат за ова, затоа решив да отворам цела тема за вадењето жива.
Еве сега ќе објаснам, вчера само набрзина ги ископирав одговорите што ми беа напишани во другата тема и се игуби контекстот. Тоа се луѓе исто како гледачите или бајачите кои тврдат и се рекламираат дека со нивниот посебен третман ќе може да им се излечат разни болести или да им се подобри животот на нивните клиенти. Третманот е специјален и многу таен, демек тие имаат таква натприродна моќ ДА ВАДАТ МЕТАЛИ КАКО ШТО Е ЖИВАТА од телото на човекот. Такво нешто е невозможно. Најчесто тоа се луѓе кои имаат сериозни здравствени проблеми и не им помогнале лекови или други решенија и на овој начин се вовлекуваат едноставно затоа што се очајни и им треба помош. Кога ќе ги прашаат како се нашла таа жива во телото, тие одговараат дека некоја роднина или комшивка им ја ставила во кафето или дека некој им мислел лошо. Прават некои масажи и одеднаш во раката ќе покажат дека извлекле жива од телото, тоа е иста таква течна жива како што излегува ако се скрши топломер. Јас и порано имав слушнато за ова, ама мислев декаостанало во минатото, дека сега луѓето треба да се посвесни за овие работи, ама на форумов дознав дека имало многу наивни девојки кои барале чаре кај вакви луѓе и затоа ја отворив темата за да споделат искуства тие кои биле и да прочитаат тие кои мислат да даваат огромни пари за оваа работа.
Јас не можам да верувам на ова, не знам како можете и вие. Какв е тој начин физички да извади една течност од телото без операција, без инструменти, туку само со рацете, ако можеше така немаше да постојат хирурзи, сите ќе одеа да се обучат кај тој и сите така ќе правеа. Очигледно тоа е трик. Најобичен трик, како магионичарски трик и нема врска што го убедиле татко ти, тоа им е талентот, тоа им е трикот, да ги убедат тие кои гледаат, додека прават некои движења со раката и тоа сето изгледа како навистина да ваделе жива, кога во стварност таа цело време им била во рацете. А за тоа дека се подобрила ситуацијата после треманот се вика bias, наклонетост. Тоа е став или очекување кое влијае на перцепцијата и резултира со изменети и искривени перцепции па дури и сеќавања. Не дека вадењето жива помогнало, туку само вие така си мислите. Можеби сега од оваа персепктива, кога ја видовте темата за живата така лажно се потсетивте дека после овој третман ви се подобрила ситуацијата, кога реалноста била дека ситуацијата се подобрила по неколку недели или месеци и немала никаква врска со вадењето жива. Или пак вие со вашиот позитивен исход сте само исклучок, и тоа ние не го гледаме затоа што на темата пишуваат само тие кои имале позтивен исход, а не пишуваат оние на кои ништо не им помогнало. Додека вашиот позитивен исход се должи на обично повлекување на болеста, а не на вадењето жива. Јас знаејќи ги овие работи, не можам да верувам во ова и останати магии, гледања, баења.
Немозам висе да те гледам сто писувас,ако толку си уверена дека непостои,поткрепи го тоатврдење со добар доказ,а не трикови кои недказуваат нисто,како мозе оџатакој е муслиман да одаватајни на христијани или хирурзи по твое и ај когаке мозам да го земам лапптопот ке ти описам се и за се ке ти најдампл
Ехперт, во што се верува овој народ, па ова со вадењето жива и не е ништо, но да нема будали и таквите малку поитри луге нема да живеат така луксузно без работа. Една работа е што лугето кои се дават се фаќаат и за сламка па ај некако и да ги оправдаш. Но од друга страна толку ли не им сече дека со баење ниту се затруднува, ниту се лечи рак, ниту било која болест. Со баење се леч само депресија. Да чудно звучи но така е, депресијата е состојба во која не постои болест на ниту еден орган туку тоа е психолошка состопјба а ваквите луге знаат да бидат многу сугестивни(мислам на бајачи, гатачи..) и со чиста вода наточена од чешма имаат моќ да ги убедат лугето дека таа лечи подобро и од најдобриот антидепресив. Што се однесува до вадењето на жива тоа е јасно како ден дека е измама па дури може да има штета от тој процес наместо ќар. Тие им ја премачкуваат раката со крпа која најверојатно содржи жива или некоја материја која наликува на жива и потоа ги убедуваат како всушност таа материја„жива“ е од нивниот организам. Се прашувам како ќе ја извади живата од организмот само со триење на прстите, ако живата е во крвотокот? Но лугево поима немаат за поедноставни работи па не за ова. Него нај трагично е што овие празноверија се пренесуваат од генерација на генерација и се повеќе млади веруваат дека некој им направил магија што не им оди во љубовта или неможат да се омажат, родат.... Наместо тоа, јас би им посоветувала малку да поработат на својата самодоверба и на комуникативноста наместо да си ги фрлаат парите по разно разни бајачки и гатачки.
Можеби ќе ви изгледа чудно, но и мене ми извадоа не една туку три живи. Бев тукуречи на смртна постела. Како што некои феминки искусиле исто и јас. Вистина е, а кој не верува, си има право да не верува, а и не мора. Сепак сит на гладен не верува. Ни на душманот да не му се случи такво нешто. Низ тешки работи поминав, а вистина е дека оџа вади жива. Тие што не веруваат барем нека не ги критикуваат тие што искусиле на своја кожа. Поздрав
Потполно се согласувам со тебе, кој не сака да верува, не мора, но и да не кажуваат дека не постојат тие работи оти ги има. Има болни умови што од љубомора, завист или не знам што решиле да ти го упропастат животот. Само, Господ е голем, се ќе им врати.
Истото ми се случи и на мене, може ли да ми кажете колку време траеше опоравувањето, бидејќи испитувањата беа се во ред. Ви благодарам однапред.
Ти жива имаш видено како изгледа? Хемија имаш учено!? Знаеш дека те лажат кога ти велат дека од тебе ја вади, а тој ја истура и прави како да ја вади. Не си ги трошете парите непотребно.
И јас се чудам..глупости живи.. нема врска ова..ми нема никаква логика..лаги Инаку, на една познаничка и рекоа да излиже пердув, и сите проблеми ќе и исчезнат. Мхм..
Мoјoт брaтучед се тресеше не мoжеше дa функциoнирa. Тoлкaвo мaжиште лекaрите лек не нaјдoa тoј се вкoчaни. И пoлнaa дa бaрaт чaре пo бaјaчки. И oтидoa вo Кумaнoвo oџa му извaдил жилa oхрoмнa. Oд тoгaш ништo не му е се oпoрaви зa еднa неделa. Кaкo се дoбивaa тaa жилa пoим немaм. Бoг дa не дaде нa никoј. Гo знaм брaтучед ми,се мaчеше пењa плукaше уу гнaснo. --Кoј не сaкa не мoрa дa верувa и јaс не верувaв се дoдекa не се уверив,a не знaм ккo изгледa ,,извaденa,, жилa. Oд увoтo му јa извaдиле живaтa. Е сегa тoј е oпoрaвен кo нoв. a беше без лек oд лекaри и скoрo мртoв. Сум слушaлa зa oџите декa знaaт пoвеќе ,,мaгии,гaтaњa,бaењa,, штo не ги кaжувaaт. Кoлку е тoчнo нз. Кoј сaкa ќе верувa,кoј не немa. И јaс не верувaв нo кoгa видoв декa се oпoрaви,a лекaрите рекoa немa чaре. Штo дa кaжaм.. o.o
Хахахахахааа абе бог да чува се некои луѓе.. и тоа црн или бел, голем пердув, од гуска, патка.. ужааассс
Dobro edno ne mi e jasno za ova vadenjevo ziva ,ke ti kaze deka imas ziva vo matkata i kako ke ti ja izvadi ke te bucka vnatre li vo matkata toj sto ke ti ja vadi ne mi e jasno a i ako e taka kako dozvoluvate da ve cepkaat vnatre jas osven ginekolog nema sansi drug vnatre da me cepka a i na ginekolog koga odam apcinja pijam od sto mi e jezivo,zatoa daj pojasnete kako vi ja vadaat sto e toa so zastita kakva e taa ne razbiram.