Знам, ама пак ќе кажам, лесно е да зборуваме од страна додека не сме во нечија кожа. Јас лично не осудувам што луѓе од мака се ќе пробаат.
Што очекуваш од народ кој масовно веруваше дека со вакцините за Ковид ќе ни стават чипови.. до сега требаше да ти е јасно.. А за детето не е траума. Ништо не му прават страшно. Вервај одење на инекција им е поголема траума него ова.
Не вервам. Мене поголема траума ми беше одењето на бајач. На доктор болеше инекцијата, страв ми беше од болењето, ама знаев и дека поминва грлото ко ќе ти клат инекција. А ова со бајачите е чудно, со шептење, со кажвање зборој шо не ги разбираш, никој не ти објаснува точно зошто те носеле таму... оти и самите не знат да објаснат... Ќе си го памти цел живот детето. Не дека нема да ја надмини траумата, ама ќе си ја памти... и то како! *Ми текна како да ти објаснам попластично како изгледа од перспектива на дете... Ко на филм ко ќе гледаш некој сатанистички обред, ама тебе ти се случва. И нема да знајш шо праеле точно, дури не порасниш.
Не сум ни јас, туку траумата која може да биди предизвикана кај дете. Го зедов моето како пример. Па ако има совесни родители... можи ќе прочитат и ќе се замислат пред да му го напрат то нешто на детето.
Мене не ми беше траума. Еве ќе ти кажам. Кај не ме носеле. Поголеми трауми имав од тоа ваљда па не ми остави некој страшен белег.. ама пак ќе кажам не осудувам никој кој од мака ќе проба се. А темава вришти од осудувања.
Не дај боже да ми дојде некоја мака, не знам што би правела. Не живеам на она што би било кад би било. Не осудувам, не гледам со презир само нека си најдат луѓето утеха ли е, аутоаугестија ли е, појма немам ама ако им помага, а мене не ми штети, слободно.
Не гледам и јас со презир. ... напротив... криво ми е оти има такви стоки шо лажат луѓе шо се на мака! Да е до мене, ќе ги санционирам гледачите, бајачите и надрилекарите. Законски! Не оние шо бараат помош...
Ако ја тераме медицински, труење на телото со метали ( цинк, бакар, железо, жива..) предизвикува Вилсонова болест и се прават медицински третмани за детокс на телото. Ова што они го прават е верување дека некој од некаде му пуштил жива во мозокот да се разболи и да умре. Равно на црни магии. Е сега народот си верва во ова. Исто како ние што верваме во медицина, психолози, психијатри итн. Тоа е. Секој нека си живее како сака и што сака.
Да не се самоЦитирам што сум мислела дека се случува со мојот поранешен брак пред една деценија ми иде кофа ладна вода да си турам на глава редакт.модератор некој да ми ги избрише мислењата од бајачки и црни магии
Ме мрзи да ти барам мислења од антика, ама што било чарето? Сигурна сум не помогнала бајачка, ама ајде. Сепак...кога станува збор за тешки здравствени проблеми, значи не зборам за глупости (детето ми плаче -урочено е) , туку за проблеми за кои лекар нема решение, ја разбирам перспективата на @nena2010 , скраја било
Па луѓе од мака одат по овие работи не дека од мирно седење им текнало Ај жива да вадиме.. ама за осуди први сме.
Ме ежи тоа, сте немале мака. Не бе, сме немале никад, се ни било подредено во животов, пари, љубов, брак, здравје, се потаман. Не, не е ок во 21 век да се верува во бајачи и дека со чири ба ќе бидеш здрав, се додека ги тешиме дека е ок се да пробаат, губат време што на лекар или со терапевт или со развод или со продолжување помафаму (ако е раскинување), би се решило. Ради вакви срања изгубивме младо дете во семејство, зошто мајка му место во лекари, го носела кај бајачи и оџи. Сме немале мака, ја мајката
А зошто мислите дека некој што верува во жива вадење , ќе се разубеди со научни докази? Едноставно нема, наоѓа надеж , мисла дека нешто прави. Подложност на манипулација. Настрана вакцини со чипови. Интелектуалци веруваат во хомеопатија: раствор во кој воопшто нема лековита супстанца ниту еден молекул. Бизнис е. Религијата, најјаката илузија исто така. Е ..ама таа е општествено прифатена, па никој не се буни. Еве огненче чак и ни ја сликала живата. Оди докажи се. Гуд лак.
А бе 100 људи 100 чуди.. што толку одма скокнавте. Никој вас не ве тера да одите да ви вадат жива. Остајте народ да си живее и верува во тоа што сака. Мене лично не ми е верно, ама пак ќе кажам, да не ми дојде на глава не знам како би постапила. @Dentina ама баш така.
Во телото имаме трагови од метали зошто живееме во загадена околина фабрики загадуваат храната е загадена, ама жива не може да имаме зошто ако ја имаме во организмот би умреле за брзо време. Исто и тоа со црви од уши што ваделе демек па ја фатиле таа дека усвари зема скришно неколку црвчиња под јазик и демек им ги вадела од уво со "шмукување".