1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Важноста на физичкиот контакт за емоционалната поврзаност помеѓу родител и дете

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 17 април 2019.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.737
    Пол:
    Женски
    Темава ја отворам во категорија Дете, но дискусијата е поширока, уште од бебиња кога се како се однесуваме со нив и како ја градиме врската.

    Во денешно време некако се враќаме на она старото, да не го држиме во раце бебето зашто ќе се разгали, сакаме некаква независност да му создадаеме уште додека е бебе, сакаме сами да заспиваат, имаме разни методи на успивање за да ги научиме сами да се смируваат, имаме разни направи во кои можеме да ги оставиме... Потоа постојано се труби како животот не би требало да ни се смени, бебето не е пречка за тоа исто да си течат работите и некако како да губиме контакт со она што е навистина важно. А тоа е колку е значаен допирот за малите бебиња и како понатаму допринесува за нивниот емоционален развој,

    Налетав на една статија: These 1950s experiments showed us the trauma of parent-child separation. Now experts say they're too unethical to repeat—even on monkey, во која се споделени експерименти кои покажуваат што значи за децата кога растат без физички контакт, колку е тој значаен за целокупниот развој.

    Во статијата е наведено истражување кое било спроведено со бездомни деца и уништувачкиот ефект кој го имало врз нив растењето без родителска љубов. Сирачињата биле нахранети, но растењето без љубов имало долготрајни последици, анксиозност, депресија, вина биле само дел од последиците.

    Во 1950 научникот Харло сакал да го тестира тврдењето дека храната е поважна од емоциите и искажувањето на љубовта и спровел експеримент врз мајмунчиња. Мајмунчињата биле одделени од мајките и им било дадено да изберат помеѓу две лажни "мајки" направени од жица, кај едната имало шише со млеко, а другата била покриена со мека прекривка, но немала храна. Резултатите покажале дека мајмунчињата се поврзувале со "мајката" покриена со прекривка и преферирале да бидат во физички контакт со неа, дури и покажувале знаци на емоционална сигурност, пискале од терор кога биле одделени од неа, а другата ја посетувале само кога веќе не можеле да го издржат гладот.
    Ова бил еден суров експеримент извршен врз животните и денес никој не се осмелува да го повтори, но важноста на резултатите се признава и ден денес. Има и видео, можете да го погледнете.

    И покрај вакви студии зошто упорно се обидуваме да ги правиме независни уште од бебиња?
    Прочитајте ја статијата, изгледајте го видеото, има навистина интересни податоци.
     
    На CameliaMiller, galapce, snegulkata и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Ова со научните истражувања и статии на англиски и видеа кои треба да се изгледаат ко да збориме за нуклеарна физика тотално непотребно е. Јасно ми е дека треба да се направи добар вовед ама збориме за физички контакт помеѓу родител и дете и стварно нема потреба да се даваат примери и статии и истражувања извршени врз сирачиња, види чудо не им требало само храна туку и гушкање. Па нормално.
    Младите кои почнаа тренд со заспивање без едночасовно нишкање или користат помагала го прават тоа за да одморат малку. Не се 5 жени во куќа како порано па секоја малку да го подржи и доста е. Што не значи дека немаат физички контакт со своите бебиња или деца и секако не треба да се споредуваат со мајмуни што биле одделени од мајката или сирачиња на кои им е пружена само некоја основна грижа.
    И мене ми сметаат "трендови" од типот -остави го да плаче саат време и ќе се смири па ќе се научи само да заспива, запишано некаде во некоја книга за развој, ама мислам дека денешниве родители со своите деца имаат многу повеќе близина и физички контакт.
     
    На Yowannty, Snowflake97, TashSefton и 2 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.737
    Пол:
    Женски
    Ги правеле тие истражувања во 1950 зашто во 1930 сите родители биле советувани да имаат минимален контакт со децата за да не ги разгалат, дека единствено нешто што им било потребно е храна од родителите. Затоа излегле и вакви истражувања, зашто родителите ги слушале тие совети.
    И да, за вовед ми беше потребно да се објасни на што мислам. Зашто читам вест, починало бебе зашто му го потпреле шишето да си го пие млекото и не го виделе кога аспирирало млеко. Има дури и направи да му го потпреш шишето и да си пие. Не ли е тоа малку не во ред? Од една страна се согласувам дека има многу посовесни родители, ама од друга има и вакви вести, има цели книги за заспивање како само да заспие и да се утеши, уште има совети да не се држи бебето за да не се разгали...
     
    На mal.ecka и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Ниту видеа ме занимаат, ниту студии сакам да читам...ахххххх, кога би имала сега бебе мало да го држам, да го галам, да му гугам, пејам, да го бацувам...па има ли поубаво и помило, послатко од бебе....па колку само убаво мирисаат....мали бајадерчиња:hug::hug::hug::hug::hug::hug::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove::inlove: па со оние раченцата дебелки како со ластичиња..па да го штипкаш, месиш....убавини...срце и душа ти уживаат во самата глетка, во самиот допир на тоа мало волшебно створење:l::l::l:

    Баталете бе мајки разни студии, галете си ги децата колку ви душа сака оти брзо растат...за да не се каете....:)
     
    На m.i.g, Starlič, snegulkata и 16 други им се допаѓа ова.
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.251
    Допаѓања:
    284.256
    Во последната прочитана книга, за сензорна интеграција и равитокот на детето, беше посветен еден дел за експериментот на Харлоу.
    Искрено, читајќи за истото, иако ми делуваше дискутабилно и од денешна перспектива неетички поради она низ што минеле мајмуните, не беше ниту споредливо со емоциите при гледање на видеото за истото.
    Се растревожив од видеото.

    Сепак, на страна методите кои ги користел и дали денес би било дозволено истото, поставил длабоки корени во теориите за развитокот на детето.

    Човекот го осознава светот преку неговите сетила. Допирот е едно од нив.
    За постигнување на емоционалната сигурност истиот е наопходен. Според него врз основа на истата процесот на независнот и самосталност покасно ќе биде олеснет и поуспешен.

    Споменато е дека оние кои немаат доволно познавање за социјалната интеграција и мозокот на човекот им давале совети на младите мајки да ги остават бебињата да плачат. За да не ги разгалат. Што е сосема погрешно.
    Се препорачува во овие моменти да му се пружи на детето внимание, да се погали. Со тоа емоционалните процеси ќе бидат полесно стумилирани/создадени и соодветно сортирани .
    Според него сето тоа има влијание и улога врз равитоот на таа индивидуа во независна возрасна единка.
    Учењето почнува од најмалата возраст, од раѓање. Мајката е првиот мост помеѓу светот и тоа бебе и нејзиното влијание е огромно. Некогаш позитивно а некогаш, на жалост, негативно.
     
    На CameliaMiller, galapce, kukla21 и 11 други им се допаѓа ова.
  6. DuchessAnn

    DuchessAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    1.216
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    А што да правам со бебе што не сака во раце, гушкања, галења, бакнувања? Многу ми е криво бе луѓе, задутре 13 месеца ќе прави.

    Дали на АД што беше од старт или што беше во инкубатор месец дена ни гушкање знаеше што е. Може и до бебето е. Сам си заспива од секогаш, со цуцла и мече, во креветче. Да го земеш во кревет да спие гушнат јоок, одма преткање и цивкање уште од мали пиле така прави. Е фала богу последниве 2-3 месеца пред заспивањето навечер сака во раце 5-10минути да го држиш и нишкаш, не ви се верува колку се чудев и бев среќна, а јадат трици од околу "сега ли на тоа ќе го учиш голем е веќе". Не го учам, сам си бара, а јас уживам во тие минути.

    Не сака гушкање и бакнување, мрчи и се трга.
    Може во кревет гушкање и седење мирен само ако има на мобилен пуштено некој цртан/песничка.
    Ако го земеш во раце, само сака да го шеташ да чепка нешто или веднаш се стега да го спуштиш да лази и да чепка играчки или пружа раце да патка. Само ако се измори или му се приспие тогаш глава спушта на рамо на тој кој го држи.
     
    На galapce, dunika, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  7. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.500
    Допаѓања:
    146.134
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека младите родители и новите трендови го форсираат толку ова, од личен пример ќе пишувам (не ја прочитав статијата не го изгледав видеото, можеби подоцна). Син ми беше од оние бебиња кои беа смирени само додека ги држиш во раце, во раце го израснав малтене. Сите коментари од типот "не го држи, остави го да се исплаче ќе се навикне, доаѓаа претежно од постарите во моето опкружување. Малата беше "по независно" бебе, меѓутоа сега е во фаза кога може по цел ден да се гушка и да не се одвои од мене, и пак има коментари од постарите дека многу сум ја врзала за мене треба да ја оставам почесто и да ја осамосталам.
    И јас како повеќето тазе мајки со пристап до интернет и бомбардирана со милион податоци и совети, мрѓудругото читав за cry it out методата, мене тоа ми беше премногу сурово, можеби делува но нас не можев да го поднесам тоа. Колку и да ми беше тешко физички, помина тој период. Сеуште се и двајцата многу врзани со мене, сеуште и двајцата спијат со мене (искрено освем што ми фали малку комоција, уживам стуткана меѓу нив со оглед дека ги гледам активно само околу 3,4 часа дневно) и верувам дека со тек на време постепено ќе се одвојат и ќе си бараат приватност, а со тоа и ќе се осамосталат.
     
    На CameliaMiller, mal.ecka, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Па добро сега, физички контакт не значи да се нон стоп залепени за тебе, оти некои мајки мислат дека е тоа-тоа. Оти па и преголема приврзаност си е друг проблем и нема што да го сместуваме само во позитивен физички контакт. Со тек на време природно си доаѓа одвојување но близината не зависи толку од тоа колку време поминувате заедно туку како, нели.
     
    На mal.ecka, ane.bella и M&M им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.045
    Допаѓања:
    48.963
    Пол:
    Женски
    Како мала многу се имам гушкано со моите.
    Порано пред легнување ќе им кажев ,,good night” и ќе ги бацев и гушнев двајцата.
    Последнава година некако поретко се гушкаме и бацуваме или си кажуваме слатки зборови.
    Знам дека моето дете многу ќе го гушкам и милувам.
    Обожавам деца едноставно, чим можам детенце што не го познавам да го погалам и да го засмевам ќе можам и своето.
    Не мислам дека гушкањето е разгалување.Некогаш имаме потреба да гушнеме некого и да се чувствуваме сигурни.
    И покрај се кога ќе ги гушнам моите се чувствувам сигурно, како родител никој не е.
    Гушкајте си ги децата,милувајте ги, подобро него да ги тепате..
     
    На mal.ecka и baba Rada им се допаѓа ова.
  10. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    за среќа јас не се обидувам воопшто :) имав среќа една другарка да ми ја посочи книгата од Dr. Sears за Attachment Parenting, и сфатив колку ни ги испрале мозоците со тоа остај го да поплаче, не го држи во раце, само нека заспие.. Сега има 14 месеци, без проблем оди кај секој, многу работи сама прави, а уште ја дојам максимално ја гушкам и бацувам)) иако по природа исто е дива, да оди неќе некој за раце да ја држи.. Ама пример се научи да бацува некој ги прчи устињата :)) Ќе видиме како ќе оди понатаму :)
    Се надевам само дека ќе останеме блиски телесно и натаму, не знам вие како ама јас со мајка ми сум на 0% - кога се гледаме после долго време ме бакнува три пати во образ и тоа е :-/..
     
    Последна измена: 17 април 2019
    На Abeja, mal.ecka, M&M и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.755
    Го "шлапам" со бакнежи по цел ден и го гушкам до бескрај :) од толку мазење, детево се научи на бацување и цело време се мази и пробува да ме баци, а смешен е зошто уште не знае правилно да бакне па лигави :D не читам студии за воспитување и за градење однос мајка-дете. За тој однос да биде успешно изграден, најбитен темел е љубовта. А љубовта џабе е присутна ако не се искажува и покажува. Секој ден. Сметам дека повеќе љубов и нежност може само добро да направи, додека пак недостатокот од истите, секогаш, без исклучок, остава негативен белег. Брзо растат, не се наша сопственост. Ќе одлетаат еден ден. Сакам да го впијам секој момент до максимум.
     
    На galapce, sanji4444, minneymouse82 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.895
    Допаѓања:
    35.952
    Пол:
    Женски
    Јас мислев дека бебето само спие и немав појма дека треба да цица.

    Се обидов да го направам независно од бебе поради моето незнаење.

    Откако сфатив дека заедно функционираме подобро и сме посреќни го следев бебето.

    Според ова бебето не треба да се остави да црка во количка туку треба да се земе, така? И не треба да се остави да црка со саати во креветче за да се научи да заспива само?

    Не е ок да го игнорираме.

    И нас како возрасни од големо значење ни е физичкиот контакт. Во тешки моменти една прегратка ни значи многу.

    Па така и бебињата сме ги донеле во непознат свет и потребни сме им и тоа како. Треба да ги гушкаме, да не ги игнорираме нивните потреби, да ги бакнуваме, да спиеме гушнати.

    Физичкиот контакт е многу битен не само за емоционалната поврзаност помеѓу родителот и детето туку и за развојот на едно бебе.
     
    На mal.ecka, TeddyGrey, TashSefton и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Не верувам во тоа дека физичкиот контакт делува кај децата.
     
  14. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Јас нит читам,нити мислам дека е потребна едукација околу физичкиот контакт за емоционалното поврзување со дете
    Ми се подразбира како многу јасно сето ова

    Си го следам мајчиниот инстинкт и потребите на своите деца
    И двете ми се "разгалени" :inlove:
    И покрај купени 100 различни креветчиња као демек готово "големи" се да спијат со нас,на крај пак се туткаме ко сардинчиња на спална
    Ќе се осамостојат кога ќе бидат спремни за тоа,дотогаш ќе се гушкаме :angel:
     
    На mal.ecka, galapce, duffi и 9 други им се допаѓа ова.
  15. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Ене гo мoетo уште мaлку 3 гoдини ќе пoлни јaс сеуште си гo нишкaм зa дa зaспие.Секoгaш гo гушкaм кoгa плaче.Пo цел ден е сo мене и се немaме oдвoенo пoвеќе oд 4 чaсa.Немoже никaкo без мене,a ни јaс без негo.Се нaвикнaвме мнoгу еден нa друг.И ќе биде тaкa се дoдекa тoј сaкa.Никaкo пoинaку.Не ми требaaт книги зa дa знaм декa требa дa сум му блискa секoгaш,пoгoтoвo дoдекa се мaли.
     
    На mal.ecka, sofi2107, Mari* и 3 други им се допаѓа ова.
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Затоа не си мајка можда.
    Како тогаш, само едно галење по главчето ги смирува?
    Најосновен пример.
     
    На M&M, mal.ecka, Emy867 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    Не читам статии и студии, бурно и остро реагирав и реагирам сеуште кога ми солат памет за “држењето и учењето во раце”.
    Од прв ден бебе заспивам во раце, ја гушкам,галам, гњавам по цел ден:$
    Спие со мене и мм, иако креветчето и е прилепено до спална.
    Разгалена ми е,да, ама никогаш не би го сменила овој мој однос спрема неа.
    Затоа добив среќно,везден насмеано бебе, кое се бутка во мене со цел да се гушка и гали.

    Имам желба за многу дечиња, сите исто ќе си ги научам. Во раце!
     
    На mal.ecka, duffi, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.243
    Јас нема да елаборирам на темата - мајките веќе знаат оти природно им доаѓа, ама сакам да споделам еден цитат од книга која ептен добро ме здрма :)

    The psychoanalyst W. R. Bion came up with the term containment to describe a mother’s ability to manage her baby’s pain. Remember, babyhood is not a time of bliss; it’s one of terror. As babies we are trapped in a strange, alien world, unable to see properly, constantly surprised at our bodies, alarmed by hunger and wind and bowel movements, overwhelmed by our feelings. We are quite literally under attack. We need our mother to soothe our distress and make sense of our experience. As she does so, we slowly learn how to manage our physical and emotional states on our own.
     
    На M&M, Annath, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.