Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцинација на деца против корона

Дискусија во 'Коронавирус' започната од mKdevojce, 23 мај 2021.

?

Би се согласиле ли вашите деца да бидат вакцинирани против корона како услов за посетување настава?

  1. Да

    30 глас(а)
    18,4%
  2. Не

    133 глас(а)
    81,6%
  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    179.104
    Од кај да почнам? Во своите 30 години кариера не видел толку ефективна вакцина:o.

    In his nearly 30 years studying vaccines, Paul Goepfert, M.D., director of the Alabama Vaccine Research Clinic at the University of Alabama at Birmingham, has never seen any vaccine as effective as the three COVID vaccines — from Pfizer, Moderna, and Johnson & Johnson — currently available in the United States.
    “A 90 percent decrease in risk of infections, and 94 percent effectiveness against hospitalization

    Ефективноста трае колку месеци?
    И викаш видел вакцини против полио:smirk:

    upload_2021-10-26_13-17-41.png
    Е добро, Сарс-Ков2 не е полио. Логично и вакцината не е како таа за полио.
    Има вакцини за детски болести, вакцини за старачки болести (така да ти речам, јер грипот ги таргетира нив ради слабиот имунитет), ама вакцирање здрави деца за болести кои не ги тангираат е нон-сенс.
    Ја прочитал ли некој авторизацијата на вакцините за деца од ЕМА? Кој е резонот или образложението на авторизација?8-|
    Не знам кого и што убедуваш.
     

    Прикачени фајлови:

    На AndyRad и Askopje им се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    31.464
    Пол:
    Женски
    @Biljarkata во клиничките испитувања вакцините се многу ефикасни (на тоа се обраќа тој во текстот). Во меѓувреме излегуваат други податоци за процентот на заштита ама нема врска.
    Е сега праѓање е колку трае заштитата. Ова не е полио или Хепатит. Послично на грип е пошто мутира брзо како што гледаме.
    Само не ми е јасно зошто мислиш дека децава не ги тангира болеста. Помалите генерално полесно поминуваат ама не значи дека не ги тангира. Има и деца со компликации (не многу ама има). Секако вакцина се прима кога си здрав не кога си болен. По таа логика здрави деца би требало и оваа да ја примат. Јас се сложувам дека можеби треба да се почека со испитувања и слично, ама не знам зошто некој не би примил нешто што штити.
    Кога веќе на глобално ниво возрасните не беа доволно совесни децата ќе го кркаат стапот. Тоа е за жал.
     
    Последна измена: 26 октомври 2021
    На Cosmic Girl и Nena Jovanova им се допаѓа ова.
  3. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    spored tebe decata nemozat da imaat fatalen ishod od samiov virus,taka go svakam ova ,a ima mn smrtni slucai i deca so respiratori pa nz sega bas…
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    sekoja bolest pa i ovaa ne bira vozrast za zal,posebno decata ako se so hronicno zaboluvanje kako astma,diabet itn
     
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.399
    Пол:
    Женски
    Во една недела
    Мислам дека лошо ги толкуваме некои работи сите ние кои не сме доволно стручни, мора да празнаеме дека не сме научници ниту имонолози/виролози (бар повеќето од нас тука на форумов). Кога ќе прочитам вака 90% ефективност против хоспитализации, прва асоцијација ми е дека тоа е одличен резултат, одма ми иде да речам вау, супер висока заштита, многу е ефикасна, сигурно е најдобра вакцина и сл. :D:muscle:
    Е потоа од втора ми текнува да го земам во предвид она што го учев на факс.
    Т.е. еднаш налетав на натпис кој уствари зборуваше како се правени студиите со кои се дојдени до ваквите проценти на ефикасност на вакцините и како треба правилно да се толкуваат процентиве и ме потсети на се она што сум го учела по методологија на истражувањата и како се прави научен експеримент а сум го заборавила.
    Сите студии доаѓаат до некој процент. Прашањето е процент од што? Сите тие испитувања се прават во конкретен момент од времето, врз конкретна популација и примерок испитаници избран од таа популација. Колку тие резултати ќе може да важат за поголем број луѓе зависат и од тоа како е спроведена студијата, како е биран тој примерок, колкав е тој примерок (дали е репрезентативен за таа популација), од поширокиот контекст во кој е правена студијата, од еден куп фактори кои влијаат врз резултатот (кои треба да се земат во предвид во студијата и да се контролираат) и итн.
    Поточно се работи за проблемот со генерализација на резултатите од една студија. Тоа е битното прашање, а тоа никој не го зема во предвид кога ќе слушне некој процент. Или конкретно еве како беше кога почна имунизацијата, дури и на вакцинален пункт имаше постери- фајзер имал преку 85% ефикасност, најголема ете од останатите вакцини. А веќе во тој момент се појавуваа понови студии, со пониски проценти. (Дур завршат една студија време поминало, ситуацијата се сменила) Значи да се навратам на фајзерот-процентот како процент бил само еден податок, добиен од студија која била правена во период пред да започне вториот бран кога мал дел од популацијата бил заразаен, мал дел имал прв контакт со вирусот, во услови кога не постоеле сеуште денешните мутации на вирусот и итн... Така и треба да се читаат овие проценти, во контекст на студиите од кои се добиени.
    Имаше една ваква анегдота - што значи ако си добил висок коефициент на интелегенција на тестот за интелегенција? Дали тоа значи дека си многу паметен? Не, тоа само значи дека си добил висок скор, на еден тест, кој мери конкретно нешто, во даден момент, во дадени услови. Толку. :D
    Траењето на имунитетот пак ич не треба да се бара во ваквите проценти. И ова е погрешно толкување. Процентот се однесува на хоспитализациите. Значи јаболка и круши.

    И конечно, неможе да кажете дека ковидот „не ги тангира децата“. Можеби мислите на тоа дека штом најверојатно нема да умре дете од него, па затоа не го „тангира“? :^) Децата баш сега се на поголем ризик, пошто се најмалку вакцинирани и веќе не се дома. Сега откако се вратија во училиштата и тие се разболуваат исто како возрасните. Само минатава недела имаше еден куп школски деца кои ги знам што се позитивни, што биле на настава во одделенија каде што малку деца се вакцинирани или прележани. Сега стрепат еден куп семејства да видат дали ќе се прошири...
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    179.104
    Затоа што ризикот од вакцината можеби е повисок отколку ризикот од ковид? За деца без хронични состојби зборувам.
    Затоа што клиничката студија за деца е правена на група од испитаници 2000, односно 1000 вакцина, 1000 плацебо? Затоа што заради толку малата група на испитаници, испитувањето не би можело да ги забележи ретките сајд-ефекти? Заради долгорочните можни ефекти кои не се познати? Заради тоа што ризикот од срцеви компликации е нотиран и еве, сеуште го посматраат... (можеби е и внесен во официјални сајд ефекти)
    upload_2021-10-26_16-3-8.png
    Заради тоа што вакцинава има conditional marketing authorization
    upload_2021-10-26_16-11-20.png
    Заради тоа што педијатриската студија ќе биде готова во 2024... Затоа што децата не се мали возрасни, веројатно сте ја чуле фразата.

    Еве, ќе следиме, ќе видиме...
     
    Последна измена: 26 октомври 2021
    На IRBBB, INNERBEAUTY, Askopje и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    mene licno me interesira posto sum laik od domenot strikno za vakcini dali i drugite vakcini koi gi primame vo nasiot zivot od bebinja se do adoledcentni imaat ili nemaat nud pojavi,primerno kako kaj Fajzeroc sto pravi miokardit na srce
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    179.104
    Вакцината од Фајзер/Бионтек препорачана за деца од 5 до 11 години.
    https://360stepeni.mk/sad-vaktsinat...er-preporachana-i-za-detsa-od-5-do-11-godini/

    Од другата страна- малку постар напис, ама не мислам дека нешто се сменило (освен бројот на партиципанти во клиничките испитувања)
    Transparency of COVID-19 vaccine trials: decisions without data
    /не знам ни како дојдов до ова, веројатно барајќи податоци кои очигледно ги нема.
     
    На Askopje му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    31.464
    Пол:
    Женски
    Секоја вакцина има нус-појави. Сите се напишани на упатствата за секоја вакцина. И во нус-појавите има некои и страшно што звучат. Само што се јавуваат прилично ретко и ризикот од компликации ако некој се разболе од болеста од која штитат вакцините е многу поголема. Еве на пример за петтовалентната вакцина што децата ја примаат 4 пати мислам во текот на живот (или два/три зашто примаат шестовалентни па петтовалнетни итн): https://www.mims.com/singapore/drug/info/pentaxim?type=full.

    Ако немаат нус-појави за која сламка на спасоп ќе се фатат антиваксерите.
     
    На Ahoy, Nena Jovanova и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    za nejze da imam slusnato ali nikoj ne izlaga eve od dr vakcini za nus pojavite,site se strogo usmereni za ovaa za kovid ,dr se zanemarrni
     
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    31.464
    Пол:
    Женски
    Обично се бунат за ММР вакцината не за оваа петовалентнава. Пошто ММР кобајаги аутизам предизвикува. За ММР имаше бунтови дури и епидемии локални во 2018 или 2019 (во Македонија, Романија, ЊуЈорк државата и градот и во уште неколку Европски земји) зашто опадна бројот на деца вакцинирани со таа вакцина, го снема имунитетот на стадо и се случија глупости. Во 2019/2020 околу Нова Година во групата во градинка на моето дете кое тогаш полнеше три години само 5 деца одеа зашто само тие имаа право да одат, другите ги вакцинираа во текот на Јануари па се приклучуваа, а вакцината инаку се прима на 13 месеци.
     
  12. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    da da i za nejze isto sum vo tek
     
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    179.104
    Ама немаат врска овие вакцини со анти-ваксерство, да не се правиме наивни сега.
    Никогаш не сум преиспитувала и резонирала за вакцини, ова сега е нешто сосем поинакво.
    Ко што рече, овие погоре се јавуваат прилично ретко и ризикот од компликации од болеста од која штитат вакцините е многу поголема. Овие другиве- не знаеме баш.
     
    На AndyRad, IRBBB и Askopje им се допаѓа ова.
  14. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.769
    Допаѓања:
    33.607
    Пол:
    Женски
    Баш вчера помислив дека те немам одамна видено низ форумов, а ти си била тука:inlove:.

    Туку кажи ти се вакцинираше ?А планираш ли да се вакцинираш?
     
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    31.464
    Пол:
    Женски
    Статистиката е на страна на вакцините за КОВид во овој момент. Таму каде што има голем процент на вакцинирани имаат помалку луѓе што се хоспитализирани (зборувам за солидни проценти што се над 80% од население, не 80% од оние над 80 и 30 кај сите други возрасти). Нус појавите се пак ретки (вакцинирани се со две дози околу 3 милијарни луѓе до сега во светов, а компликациите пак се процентуално мали). Само што во моментов акцентот се става на нус-појавите повеќе затоа што луѓето се жртва на нешто што на англиски се вика availability heuristic и укажува дека ние одлуки донесуваме според информациите на кои што најлесно можеме да се сетиме (истото се случува кога луѓето на пример се плашат од летање, а не им е страв да се возат во кола зашто секое паѓање на авион е драматично го има на сите медиуми и слично, додека судири на коли поминуваат без медиумски внимание).

    Родителите не вакцинираа деца со ММР заради аутизам зашто за тоа најчесто читаа како нус-појава која не е никако поврзана со вакцината. Истото е и сега. Истите когнитивни механизми се во игра. Иако појавнито облик е различен.
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    179.104
    Џојке, во темава за деца зборам за деца, не општо, да не мешаме баби и жаби.
    Тест студија на 600 деца или колку беа и после 2 месеци шибај на милиони деца, зошто? Убаво цитирав погоре а и фајзер не е од вчера- помала тест група, помала инциденца на нус појави. Па криење договори, па непризнавање нус појави, па, па...
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.909
    Допаѓања:
    31.464
    Пол:
    Женски
    Ја читам дека се близу 3000 деца од 12 до 17 https://www.pfizer.com/science/coronavirus/vaccine/about-our-landmark-trial
    И според ова многу помала е дозата за деца (иако ова е за најмалите). Не знам како е за над 12 https://www.npr.org/sections/corona...vid-coronavirus-vaccine-authorization-results.
     
    Последна измена: 27 октомври 2021
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    5.449
    Пол:
    Женски
    Истата Модерна што во некои земји е забранета за помлади од 30г. поради зголемен број случаји со миокардит. Истата Модерна што има 3пати поголемо количество(100микрогр.) mRNA од Фајзер(30микрогр.)или во превод 3пати поголем ризик од нус појави.Оваа што се користи за деца (од 6г.)има 50микрограма или скоро дупло повеќе од една доза Фајзер(што се користи за возрасни)Чисто за напомена.
    IMG_20211027_162647.jpg

    The company also said it plans to submit the data to regulators, a move that would support the authorization of the vaccine for kids 6 to 11.

    https://www.npr.org/sections/health-shots/2021/10/25/1048972990/moderna-covid-vaccine-children-6-11
     
    Последна измена: 27 октомври 2021
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.897
    Допаѓања:
    179.104
    2260 поточно, од нив 1073 во плацебо група. За Фајзер ако збориме.
    https://www.ema.europa.eu/en/news/covid-19-vaccine-spikevax-approved-children-aged-12-17-eu#:~:text=The CHMP noted that due,the membrane around the heart)
    За помалите не знам како е, претпоставувам уште помалку се.
    За дозата, реков погоре- децата не се мали возрасни. Ова било аксиома на сите што учеле педијатрија. А секој кој имал дете знае дека има педијатриски специјалист во речиси секоја област, детски кардиолог на пример. Зошто би биле овие специјализации, срце ко срце, само помало. И вакцина ко вакцина, само помала де.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  20. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    5.449
    Пол:
    Женски
    Оваа од 100микрогр.Модерна што се користи за возрасни
    е одобрена и се користи за 12+ ( во САД и Канада ако добро сум разбрала ?)значи деца примаат 3пати поголема доза од возрасни вакцинирани со Фајзер.