1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцинација на домашни миленици

Дискусија во 'Дом' започната од kikkki, 1 април 2012.

  1. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Ima slicni temi povrzani so domasnite milenici, no ne najdov bas vakva pa zatoa ja otvoriv inace ako ima izbrisete ja.Sakav da ve prasam za vakcinite na domasnite milenici imam mace pa zatoa ve prasuvam: koi vakcini treba da se primat,na kolku vreme,kolklu cesto,na koja vozrast....???Ako znae nekoja ve molam neka mi pomogne mnogu se grizam za moeto macence go imam vejke 11i pol meseci i mislam deka treba da go vakciniram zaradi negovoto zdravje i zastita no i zaradi nie koi doagame vo dopir so nego i doma si go cuvam ama go potpustam taka mlaku nadvor da ide da se izripa.
    [mod-kirilica:33jri5i6][/mod-kirilica:33jri5i6]
     
  2. i-am-who-i-am

    i-am-who-i-am Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    17
    Vakcinacija na domasni milenicijna

    најубаво ти е да одиш на ветринар они ке ти кажат све, и кога и што треба да прима :)
     
  3. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Благодарам... :fubar:
     
  4. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    ја немам уште однесено мачката на ветеринар ми е страв не знам кај кој и што а и незнам кој се добри да не ми умри на вакцинација пријателката ми реце дека нејзиниот мачор така умрел додека бил на ветеринар демек од вакцината :tmi:
     
  5. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    После колку време од вакцината и умрело???
     
  6. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Види, во глобала вакцините без разлика дали хуманите или они за животни се многу штетни иако општо познато е демек се даваат за зајакнување на организмот. Од обичната тровалентна вакцина за мачиња ( против панлеукопенија, калици вирус и ринотрахеитис) не би рекла дека е можно да умре, умрело од друго нешто. Но доколку примило вакцина против беснило и те како е можно по месец до два да умре мачето со грчеви низ организмот и слични ужасни работи. Оваа вакцина јас лично најстрого би ја забранила освен во земји кај што е вистински потребна. Беснило кај нас го има само по планиниве, во градските населби мн мн ретко, еднаш на 20 години. Вирусот е дефинитивно ужасно опасен и смртоносен без лек, но и со вакцина животинките се почесто завршуваат со исти тегоби како да се заразени со беснило... фактички и се но во мн поблага форма, но како и да е со фатален исход.
     
  7. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    па papagalce околу 1-2 после вакцината бар така ми рече а стварно јас го имав видено мачето кога бев кај неа,а наредниот ден ми рече дека и умрело :hai: па сега еве чува едно друго :x .А CrazyStupidLove

    незнам од што вакцина беше а јас па се јавив на ветеринарот да дојде да ја вакцинира за беснило сеуште нема дојдено да не дојде поарно ќе биде... :worried: Па да со оглед на тоа што се шири брзо ама како што кажа го има само по планините ,не е неопходно па и мачката јас одма ја чувам,освен за какајне.Ти благодарам во секој случај и вакцините во денешно време не се сигурна и безбедна работа...
     
  8. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ ај се кажете што треба? Мачката ми е трудна :puke: .Ме мрзи да одам на ветеринар и да ја носиме, можам да си поминам без тоа ?Имал некој искуство со бремени мачки? :yawn: Кој ќе ја носи, не ми се оди знам дека треба ама до толку е неопходно иначе првпат ми се случува(иако цел живот чувам мачиња) да имам женка а плус да стигне до таја фаза за раѓање....Ај ве молам кажете што да и праамм?Знам дека не сте видовити да ми кажете што и е и дали и треба нешто посебна нега ама од искуство и за храна што да и давам досега вискас и давав храна мачешка или миглиор гатоо и малку млекце и давам друго не ја ранам (мислам на домашна храна пр.манџи и такви работи во никој случај) и така дали треба нешто посебно секако ако можам да избегнам ветеринарен преглед...Фала ви однапред и поззззз. :inlove: :talk:
     
  9. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Не се секирај, 90% од животните можат сами да си се породат без проблем, освен ако не е некоја раса со голема глава па да мора асистенција за да излезе малото/малите. Расна ти е мачката и ако да која раса или обично улично маче?
    Ја храниш супер, нема потреба од промени во исхраната, само количински ќе јаде повеќе. Инаку ако знаеш отприлика кога забременила очекувај да роди за 2 месеци, ден-два пред да се породи ќе биде малце почудна, ќе се шета низ дома ќе си бара место каде да се породи пази во тој период да не ја затвориш негде во шкаф обично таму се пикаат. Постави и некоја кутија со кебенце и чаршав ама не гарантирам дека ќе ја одбере неа за поволно место :) После пораѓањето можеш да и дадеш млекце со маааалку шеќер во него за да собере сила и тоа е тоа. За неколку часа после ќе стане и ќе продолжи како да не било ништо, нормално ако нема компликации при пораѓањето, а сигурна сум дека нема да има. И очекувај после тоа да остава мали крвави флекички низ дома кај што ќе седне, во период од неколку дена тоа е нормално да не паничиш, јас испаничив за џабе :D Само не повеќе од флека колку мал печат, позабележително крварење не е во ред.
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Ја зедов кога мајка и ја донесе дома кај мене,ми беше жал да ја оставам ,не буквално кај мене,туку вака:порано пред 1 година (пошто имаме голем двор и големо дворно место) братучед ми чуваше куче кај нас и имаше направено дрвена куќичка за кучето,а мајката на мачето што сега го чувам се смести таму и таму седеше почнав да и давам саламче и млекце,па по некој ден поточно веќе имаше мачево 2 месеци кога не беше тука мајката го зедов дома го искпив и си го чувам уште дома а мајка му пак се врткаше кај нас и ја ранев и се гледаја со маченцево;(,отогаш само храна и давам,најбезбедно ми изгледа и малку млекце како што кажав , а за расата е ангорска,чисто ангорска,во маалото имаме еден персиски мачор изгледа со него е спарена мајката а таа беше обична улична.А инаку за тоа што рече дека ќе пребарува по дома, уште сега бара мислам дека е 3-4 недела според моја пресметка.Во секој случај ти благодарам крејзи ступид лов. :$
     
  11. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Знае некој кои вакцини и на колкава возраст треба да прими едно куче? Кучето е старо само месец ипол.
     
  12. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    ^ Ако не е прочистено од паразити првата вакцина е таа. На пролет и лето за заштита против крлежи обавезно ќе му ставаш ампула низ целиот предел на `рбетот. Можам да ти го препорачам др. Димче Велковски се наоѓа на ул.Антон Панов бр 22.
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Моето куче секогаш е носено на вакцинација тоа ми е мило :)
     
  14. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    И колку се вакцините таа за паразити што ја спомна antonina? :doh: :hai:
     
  15. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    И јас сум љубопитна како оди вакцинацијата кај мачиња.
    Во која недела треба да ја прима првата вакцина? Цена?
    Дали познавате некој добар ветеринар во Битола?

    Баш ме загриживте со првите постови.
     
  16. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Па добро,сега баш и не ми држи вода тоа од вакцина да умре,мислам може да умрело на вакцина,ама од вакцина,па незнам.Јас ја вакцинирав па ништо не и беше, умре од сеуште непозната причина,ама нели можеше да ја вакцинирам пред да умре,па после да речам од вакцина дека е?Да,јас така ќе мислев,ама сакам да кажам,некогаш има коинциденција,за која не знаеме дали се точни претпоставките,се додека не се потврди со сигурност.И заборавив,секогаш прво се прави лекарси преглед,па после вакцина.Кога беше бремена сакав да ја вакцинирам,ама ветеринарот рече не смеело тогаш,исто не смее кога е болна,има воспаление,инфекција и сл.Ако не направиле преглед,може имало спротивен ефект,па затоа умрело.Значи не се плаши,слободно однеси ја.
     
  17. Dog-lover

    Dog-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    3.743
    Пол:
    Женски
    кога моето имаше 1 ипол месец го однесов и ме вратија ми рекоа после 3 месеци трбало :)
     
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Е вака сега,сакав и јас да прашам околу вакцините кај кучињата.
    Моето куче има сега скоро 5 месеци,и има примено само две вакцини,за лептоспироза и a.u.v(така пишува на книшката),а незнам јас зошто е оваа вакцина.
    Е сега,до 5 месеци,уште кои вакцини треба да ги прими?
    И нешто повеќе околу ревакцинацијата,како оди,колку пати треба и сл.?
    Само немојте да ми речете да го однесам на ветеринар,таму ќе ми кажат.
    Ни ќе ми кажат,ни ништо.
    Ветеринариве во мојто град,колку се загрижени и информирани,тоа да се чудиш. |(
     
  19. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Moeво чудовиште (само 3 дена го чувам и одма е чудовиште :lol: ) го вакцинирав вчера,зборам за кучето,2 месеца има,во Анимал Медика го носиме,ни дадоа и таблета тоа за паразити за прочистување,половинка денес ке му дадам половина за 6 недели,а ревакцина на 12 август. :)
    Иначе еве во споилер кога треба да се вакцинира,и некои други корисни информации,за тие што прашуваа,од страната на Анимал Медика се :
    Вакцинација, зошто е потребна?

    Постојат бројни заразни болести кои можат да го нарушат здравјето на домашните миленици (во прв ред кучињата и мачките), но некои од нив можат да бидат и смртоносни. Тука спаѓаат: Чума – Штенечак, Парвовироза, Инфективен хепатитис кај кучињата и Панлеукопенија кај мачките. Овде може да се вброи и Беснилото кое, покрај за кучињата и мачките опасно е по животот и на луѓето. За заштита од ваквите болести се врши вакцинација.
    Кај кучињата:

    Прва вакцина на 6 недели со ревакцина на секои 3 - 4 недели така да последната ревакцина да биде во период од 16 - 20 недели старост.
    Ако од било која причина кутрето не е вакцинирано, а постаро е од 13 недели, се спроведува двократна вакцинација – вакцина и ревакцина за 3 недели.
    Од првата вакцина и секоја ревакцина, младите кутриња не смеат 14 дена да се бањаат, да се изнесуваат надвор и да бидат во контакт со други животни. Ова не важи за редовната годишна вакцинација.


    Од последната ревакцина задолжителна е вакцинација еднаш годишно во текот на целиот животен век на кучето.
    Кај мачките:

    Првата вакцина е на 9 – 12 недели старост со ревакцина за 3 – 4 недели.
    Ако мачето е постаро од 12 недели се спроведува двократна вакцинација – вакцина со ревакцина за 3 – 4 недели.
    Од ревакцината, младите мачиња 7 дена не смеат да се бањаат, да се изнесуваат надвор и да бидат во контакт со други животни.
    Од последната ревакцина задолжителна е вакцинација еднаш годишно во текот на целиот животен век на мачката.
    Беснило

    Вакцината против беснило се аплицира 4 недели по последната ревакцина на редовната вакцинација наведена погоре, и кај кучињата и кај мачките. Првата вакцина против беснило се спроведува еднократно (без ревакцина).
    Задолжителна е вакцинација еднаш годишно во текот на целиот животен век на животното
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Незнам дали знаете ама со најновиот правилник за домашни миленици сите вакцини се задолжителни посебно онаа за беснило. Неодамна кога читав и за тоа за чипирањето ќе се водело строга евиденција и контрола како и казни за сопствениците кои нема да го чипираат и вакцинираат миленичето. Ќе прават демек регистар на домашни миленици.
    И без тоа кога веќе зимате домашно милениче на ваша одговорност ред е и да го вакцинирате и да му пружите се што му е потребно.
    Некој пиша за контраефектите од вакцината против беснило, ќе може нешто по опширно?
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.