1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцинација на кучињата

Дискусија во 'Дом' започната од Papillon.Papi, 26 јануари 2015.

  1. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски

    "Програм за вакцинирање кој често се применува:


    Прва вакцина на 6-7 недели: против штенечак и парвовироза(вакцина Nobivac Puppy DP)

    Втора вакцина на 10 недели старост(после 21 ден): DHPP+L(штенечак, парворизора, заразен хепатитис, лептоспироза)

    Трета вакцина на 13-14 недели старост-ревакцина : DHPP+L(штенечак, парворизора, заразен хепатитис, лептоспироза) и може да се додаде уште некоја.

    Вакцината против беснило прв пат се дава на околу 4 месечна возраст.
    Напомена: помеѓу секоја вакцина треба да се изврши дехелментизација. Доколку кутрето има внатрешни паразити, вакцинацијата се одложува до моментот кога не одреди вашиот ветеринар дека кутрето е спремно за вакцинација. Истото важи и доколку кутрето е настинато или болно.
    Од овде па натаму, вакцинацината за беснило се дава годишно, затоа што таа е законски регулирана. Останатите вакцини исто така може да се даваат годишно, но законски не се задолжителни.
    Водете ред за распоредот за вакцинација во пасошите или книшките на милениците, бидејќи заштитувајќи ги нив, се заштитуваме и ние.
    Напомена: Помеѓу секоја вакцина се прави пауза од 3 недели."
    -SaltNPepa

    На форумов не сум видела шема за вакцинација, а многу луѓе прашувале. Се надевам ќе помогне ова некому.
     
    На K-a-t-e, 123Boko123, IronLady и 2 други им се допаѓа ова.