Како што е веќе добро познато светот активно бара ефикасна вакцина која ќе го сузбие актуелниот коронавирус, SARS- CoV- 2 или COVID- 19. Моментално во светот се работи на повеќе од 165 вакцини против коронавирусот, од кои 32 се испитуваат на луѓе. Иако за да се направи вакцина, обично се потребни неколку години истражување и тестирање пред широко да се употребуваат, научниците се стремат кон тоа да направат ефективна и безбедна вакцина до следната година. Првите истражувања, испитувања и тестирања за вакцина се започнати во март годинава, но не сите вакцини ќе успеат да ги поминат сите потребни фази на испитувања, а со тоа и да бидат безбедни и ефективни за употреба на популацијата. Процес на тестирање на вакцина Развојниот процес на една вакцина од лабораторија па до клиника се состои од неколку фази, односно: - Преклиничко тестирање- научниците ја даваат вакцината на животни како глувци и мајмуни за да видат дали прави имунолошки одговор. Моментално во оваа фаза се наоѓаат над 135 вакцини. - Фаза 1, безбедносни тетирања- во оваа фаза научниците вакцината ја даваат на мал број луѓе со цел да ја видат безбедноста и дозирањето, меѓутоа и да го испитаат имуниот одговор. Моментално на вакво тестирање се 20 вакцини. - Фаза 2, проширени испитувања- Научниците ја даваат вакцината на стотици луѓе поделени во групи, како деца и стари лица, за да видат дали вакцината делува различно кај нив. Овие испитувања дополнително ја тестираат безбедноста и можноста на вакцината за стимулирање на имунолошкиот систем. Моментално во оваа фаза се тестираат 13 вакцини. - Фаза 3, испитувања за ефикасност - сега научниците ја даваат вакцината на илјадници луѓе и чекаат да видат колку ќе се заразат во споредба со волонтерите кои примиле плацебо. Во јуни, FDA изјави дека за вакцината да виде прифатена како ефикасна треба да делува на минимум 50% од вакцинираните. Покрај тоа, испитувањата во фаза 3 се доволно големи за да се открие доказ за релативно ретки несакани ефекти што може да се пропуштат во претходните студии. Во фаза 3 моментално се испитуваат 8 вакцини. - Одобрени- Регулаторите во секоја земја ги разгледуваат резултатите од претходните тестирања и испитувања и одлучуваат дали ќе ја одобрат вакцината или не. За време на пандемија, вакцината може да добие овластување за итна употреба пред да добие формално одобрение. Откако вакцината е лиценцирана, истражувачите продолжуваат да ги следат луѓето што ја примаат за да бидат сигурни дека таа е безбедна и ефикасна. Досега одобрени се 2 вакцини, за лимитирана употреба. - Комбинирани фази- Друг начин за да се забрза развојот на вакцините е комбинирање на фази. Некои вакцини против коронавирус сега се во фаза 1/2 испитувања, на пример, во кои за прв пат се тестираат на стотици луѓе. Видови вакцини: - Генетички вакцини- Вакцини кои користат еден или повеќе од сопствените гени на коронавирусот за да предизвикаат имунолошки одговор. Моментално од овој тип на вакцини се развиваат неколку, односно: Модерна- National Institute of Health, Мериленд, САД. Во фаза 3. BioNTech, Pfizer, Fosun Pharma- соработка помеѓу Германија, САД и Кина. Во фаза 2/3. Zydus- Zydus Cadila- Индија. Во фаза 2. Urevac- Германија. Во фаза 2. И неколку други во фаза 1/2 (2), во фаза 1 (3) и во предклиничка (1). - Вакцини со вирусен вектор- Вакцини кои користат вирус за испорака на гените на коронавирус во клетките. Клетките прават вирусни протеини, предизвикувајќи имунолошки одговор, но вирусот не може да се реплицира. Моментално од овој тип на вакцини се развиваат неколку, односно: CanSino Biologics- Кина. Во фаза 3, одобрена за лимитирана употреба. AstraZeneca и Универзитет Оксфорд- Шведска и Британија. Во фаза 2/3. Sputnik V- Gamaleya Research Institute, Русија. Во фаза 1, одобрена за употреба од МЗ на Русија. И неколку други, односно во фаза 1/2 (1), во фаза 1 (1) и во преклиничка фаза (2). - Вакцини базирани на протеин- Вакцини кои користат протеин од коронавирусот или протеински фрагмент за да предизвикаат имунолошки одговор. Моментално од овој тип на вакцини се развиваат неколку, односно: Anhui Zhifei Longcom- Кина- Во фаза 2. Novavax- Мериленд, САД. Во фаза 1/2. Soberana 1- Хавана, Куба. Во фаза 1/2. И неколку други, односно во фаза 1 (6 (7?)) и во предклиничка (3). - Вакцини со вирус во нив- Вакцини кои користат ослабена или неактивирана верзија на коронавирусот за да предизвикаат имунолошки одговор. Моментално од овој тип на вакцини се развиваат неколку, односно Вакцината од Вухан- Wuhan Institute of Biological Products, Sinopharm, Кина. Во фаза 3. Вакцината од Пекинг- Beijing Institute of Biological Products, Sinopharm, Кина. Во фаза 3. CoronaVac- Sinovac Biotech, Кина. Во фаза 3. Вакцина од Institute of Medical Biology at the Chinese Academy of Medical Sciences, Кина. Во фаза 2. Covaxin- Bharat Biotech, Индија, Во фаза 1/2. И две други, една во фаза 1 и една во преклиничка фаза. - Обновени вакцини- Вакцини што веќе се користат за други болести кои исто така можат да заштитат од Covid-19. Моментално од овој тип на вакцини се развива само една вакцина, односно: Вакцината The Bacillus Calmette-Guerin произведена во 1900. како заштита против туберколоза. Murdoch Children’s Research Institute од Австралија е во фаза 3 на испитување на оваа вакцина. Сепак, произведувањето на ефикасна и безбедна вакцина е само првиот чекор. Некои од главните предизвици се произведување на вакцината, распределување и купување на вакцината (или вакцините), вакцинирање на населението и сл. Кое е вашето мислење на тема вакцини против актуелниот Коронавирус? Дали вие или вашите блиски би се вакцинирале? Кој тип на вакцина според вас е најбезбеден и на која земја најмногу и' верувате? Извор и повеќе информации околу вакцините во реално време: The New York Times
Не сум антиваксер ама јас искрено не би примала вакцина за толку кратко време создадена. За квалитетна е потребно години. Ќе размислам ако не е задолжителна.
И јас не сум антоваксер ама по реакција од "новите" прочистени вакцини кои не давале нус појави завршивме на итна со бебето би размислила за редовните ама за вакви безврска од нигде никаде измислени вакцини не би примила
Нема да се вакцинирам, прележав. И да немам антитела, мислам дека рекоа дека Т лимфоцитите ја паметат инфекцијата и се борат против неа. Засега сум на овој став, за во иднина не знам.
Нема да се вакцинирам. Се надевам дека нема да биди задолжителна. Не сакам да примам вакцина и нема да се премислам. Ние ќе бидиме од првите експерименти за вакцина.
Би се вакцинирала. Сметам дека не би пуштиле некоја вакцина туку така, затоа и толку испитувања и дека најдобра заштита би било тоа.
Не би. Скоро дознав информација од човек што е во контрола на вакцините кај нас, дека има некој минимум период од 6 години користење што треба да поминат за да се рачуна вакцината за безбедна и ефективна. Дури и моите родители што се во ризична група со многу дијагнози се на став да не примаат. Имаше многу случаеви на луѓе во години што се вакцинираа против сезонскиот грип, каде се пожалија дека нагло имунитетот им е влошен по примањето на вакцината. Да напоменам, не сум антиваксер, отсекогаш сум била строго за вакцинација како не би ни се вратиле старите болести,како што беше случај со морбилите минатата година.
Би сакал да се отвори дискусија, на пример, од понудените кој вид на вакцина најпрво би го примиле ако е задолжително? На која држава најмногу и верувате и зошто?
Не верувам баш. Еве има најави дека Оксфордската ќе ка добиеме, ЕУ ги распредели првите дози, скоро сите ЕУ држави ќе ја добијат пред нас. Ние ќе ја прекупиме од Полска.
Еве како некој кој работи во здравствениот сектор можам само да потврдам дека ќе сме меѓу првите кои ќе имаат пристап до вакцините. Ние одамна сме станица за експериментирање на неавторизирани медицински производи на европски пазар. Работам во фармацевската индустрија баш на делот животен циклус на лек и регулатива. Од оние клинички студии кои досега се листрирани, верувам на векторската вакцина на AstraZeneca и Универзитет Оксфорд и mRNA вакцината на Модерна - National Institute of Health. Според информации од клинички, конкретно интерна, била пристигната мала количина од вакцина наменета за здравствените работници. Само што 90+% од здравствените лица, имаат одбиено да ја примат. Сепак е експериментална и несигурна. Лично јас, како здравствен работник би се вакцинирала, но кога би поминале две години од нивна одобрување за пуштање во употреба.
Искрено, до пред некое време едвај чекав некоја вакцина да направат и да ја примам ама кога подразмислив колку многу несакани ефекти би можела да предизвика почнав да се двоумам. Вакцини што се во употреба со години сѐ уште предизвикуваат несакани ефекти кај некои особи, а не пак некоја нова вакцина. Сепак, се двоумам и уште немам решено дали би ја примила или не.
Нема да ја примам. Задолжителна сигурно нема да е. Нова вакцина е, не сум сигурна колку е и безбедна, би се чувствувала како да се експериментира врз мене.
Инаку, Кина од јули почнала со вакцинирање на ризичните групи, ако не се лажам со векторската вакцина CanSino Biologics.
Воопшто не сум антиваксер, медицинско лице сум, ама некако шубе ми е, нова вакцина, не знам какви нуспојави може да има после неколку години. Мислам дека не би се вакцинирала моментално.
Се ми е некако чудно и во врска со коронава и во врска со вакциниве, излезе руската вакцина, и потоа веднаш и другите, сега за сега не би се вакцинирала, немам доверба во квалитетот на истите, на почеток бев со став дека веднаш би се вакцинирала, но искрено се е некако чудно иако сум секогаш за вакцинација, кога станува збор за примање на редовни вакцини.
Би се вакцинирала, но не веднаш. Барем уште година време да помине за да се видат резултати кај веќе тестираните/вакцинираните. Инаку мене најсомнителна ми е Кинеската вакцина. Како недела дена после Русија, Кина магично објави дека и тие имаат вакцина која е во последен стадиум на тестирање.