Денес на менито имаме добри вести. Отсекогаш лошите вести се шират побрзо од добрите. Или за добриот грав важеше ова, хмм, не знам... Последните две години па човек ретко и да види добра вест, можеби на крајот на Дневникот, некои си две секунди. Отвараш да видиш што се случило во светот и веднаш си преплавен со драма, трагедии и страв. Светот стана, секогаш беше опасно и страшно место, но се случуваат и добри работи. Инспирирана од тик-ток видео, решив да ја отворам темава. https://www.tiktok.com/@sambentley Поентата е да споделуваме добри работи кои се случиле во текот на денот или во изминатата недела. Дали ќе биде некоја успешна хуманитарна акција, технолошки пронајдок, спортски успех, културен настан, па ако треба нека биди и дека сте му помогнале на комшијата да го исчисти снегот. Буквално на било која тема. Без да должиме и шириме бидејќи за се' ова веќе постои тема. И во другите теми забележав дека на голем дел ви се ствара анксиозност, што мене лично ми влијае и на однесувањето кон луѓето околу мене, па мислам ни' треба мала доза позитива и малку надеж дека и добри работи се случуваат. п.с. насловот на темата е ко од Семе Синапово, ама немав идеја, ако имате кажете ќе смениме. И не знаев кај да ја пикнам, одлучив тука.
Насловот е топ! Јас по тоа се измамив, бев спремна доброволно да примам таква вакцина И сега кога сфатив дека е лага малку сум sad Конечно тема во која фокусот нема да е ставен на војната. Се обидувам што е можно повеќе да ги одбегнувам социјалните мрежи баш поради анксиозноста која ја предизвикуваат. Иако главна тема кај сите медиуми е војната и сите мрежи се окупирани со такви постови, сепак може да се најде нешто позитивно. Еве денес некако успеав да пронајдам и прочитам вест која ме израдува. Скопското астрономско друштво по доооолга пауза организира предавања во Планетариумот. Бројот на места е ограничен, но верувам дека во иднина ќе има и други настани. Ова е одлична можност за сите оние кои сакаат мала дистракција од ситуацијата во која се наоѓаме. Откривајќи ги тајните на универзумот, барем за миг ќе ја погледнеме пошироката слика и ќе сфатиме колку сме мали и незначајни. Но не само по големина, туку и по интелигенција. Spoiler Се надевам дека ќе е активна темава
И мене ме измами насловот , нека остане вака супер е. @f.girl се прерадував кога видов, но не седам во Скопје па не можев да се пријавам, затоа здравје ако понатаму повторно се органзира предавање би сакала да отидам. Имам пишувано во друга тема, дека во основно не носеа и ми има останато во сеќавање тоа предавање, сакамм пак .
Одлична тема.Дојдов на исто размислување дека фали ваква тема пред некое време, ама тогаш малце сувишно ми изгледаше со оглед на околоностите и не знаев колку би била активна,но сега више не,како се насобраа негативности и е преку потребна. Немора да се вести,може и позитивни ствари да се пишуваат just because, да се потсетиме дека сеуште ги има и ќе ги има.Мозокот постојано ни прави трикови и кога постојано насекаде околу нас се зборува за апокалиптични сценарија на кои се чини како да им нема крај, верувале или не полесно му е да влезе во survival mode и потпадне под влијание на тие трикови. Ама тоа се сепак трикови. Пред неколку години за време на тежок приод потсвесно нешто ме натера и почнав на хартија да запишувам што е сеуште точно и вистина и позитивно што поради тие трикови можда не ги забележуваме или бар не во таа мера колку кога околностите би биле поинакви затоа што сме фокусирани само на негативното. Животот не запира и ќе продолжи сонцето да изгрева и заоѓа иако тоа моментално да се чини дискутабилно. СИ јас се надевам ќе биде активна темава.
Одлична идеја и тема! Како не ни текна порано?! Постојат безброј навидум ситни и секојдневни работи за кои би требало да бидеме благодарни и среќни што ги имаме. Благодарејќи на ЈСП апликацијата видов дека речиси едно подруго доаѓаат автобуси од иста линија. Едниот беше прилично полн, намерно не се качив да не им правам на луѓето гужва После 1 минута дојде уште еден автобус со само 1-2 патници, седишта за избор еден куп. Благодарен сум што имам интернет и соодветна апликација, во однос на минатото пофункционален и почест градски превоз (додуша секогаш има место за подобрување). А на симнување во вистински миг ми текна да им купам во супермаркет ефтини зрна за птиците што слетуваат на балкон. Имено во Скопје од утре па во текот на следната недела се очекува температурите да бидат дење околу 5-6 С а од порано забележав дека пилињата ѝ се радуваат на зрнестата храна која можат да ја затекнат. Таа радост ја пренесуваат понатака врз околината...
Ееј браво! Многу свежа и потребна тема. Еве вчера татко ми, после 3 неделна хоспитализација од Ковид, во многу лоша состојба, и со кислород во домашни услови уште две недели, сам излезе да се прошета низ маалото и да ги нахрани надвор мачките. Кога се врати дома, не вклучи концентратор за кислород, што е предобра вест! Срце ми се згреа Ајде дечки feed us со убави работи.
Мило ми е шо ви се допадна темата. @f.girl јас еднаш пред мноогу години сум била во Планетариумот, за жал баш сега не бев во Скопје. Мислев дека сестра ми ќе оди па чекав да ви прераскажам искуство, ама ништо и од тоа. Супер идеја. https://www.facebook.com/201026297026915/posts/1394184854377714/ Викендов се одржува Велеслалом на Ски Центарот Копанки на Пелистер. Оваа година посебно ме радува, после низа несреќни настани, конечно Националниот Парк заживеа. Оваа зима и временските услови не' послужија за зимски спортови, има многу снег и се' уште врни (ова не е добра вест за мене ).
Ќе си пишам сама, нема друго. Претешко е да најдиш нешто позитивно. Линкчиња: 1. https://www.livescience.com/black-holes-collide-around-monster-black-hole 2. https://www.space.com/hubble-space-telescope-laser-jet-infant-star-photo 3. https://phys.org/news/2022-03-astronomers-scan-pulsars-planets.html 4. https://www.sciencealert.com/nasa-i...-old-vacuum-sealed-tube-of-lunar-gas-and-soil 5. https://phys.org/news/2022-03-team-chosen-oxygen-moon.html 6. https://interestingengineering.com/48-more-starlink-satellites-despite-nasas-warnings * преземено од фб: The secrets of the universe
Еве јас во последниов период сум пресреќна сум што го проширив кругот на пријатели и што сега засега добро се разбираме. А, си зедов и мало маченце кое секој ден ме гледа со малечките очиња.
На 14ти март се слави Меѓународниот Пи ден. Неколку интересни факти шо ги украдив од статија: 1. Рекордот за најмногу запаметени децимали на бројот Пи го држи Rajveer Meena од Индија, со 70,000 децимали за 10 часа. 2. Архимед прв го пресметал бројот Пи со помош на Питагорината теорема. 3. Досега се пресметани 2.7 билиони децимали на бројот Пи, а само 4 се доволни за обични математички пресметки. 4. Бидејќи бројот Пи е бесконечен и никогаш нема да може да го пресметаме – тоа значи дека никогаш нема да пресметаме точно обем на ниту една кружница! Но, и приближното брка работа…
Нема,ја ќе те дружам,нек иде доврага се Stay tuned следува дневна доза позитива-пост за делфини. SИначе нели темава подобро би се снашла во категорија Кафе муабети?
Нее бе супер си е темата, нека си седи. Ме мотивира да памтам некои ситници кои ми се случуваат во текот на денот, а кои можеби и не би ги запамтила. Сепак среќата е во малите нешта
Немој вака , мислењата тука ми се омилена нотификација на форумов. Супер е темава, иако не е многу активна. Еве забележувам дека мене ми е тешко да пронајдам и прочитам некоја позитивна вест, насекаде се оние негативните или оние шокантните/ексклузивните Како и да е, да се вратам на темата. Но, и тоа е too much за инженерите Постојано ми излегуваат вакви memes за инженерите, којзнае дали е вистина дека и пи и е за нив се 3 Нека каже некој инженер на форумов Уште еден интересен факт е и тоа што Аншатајн бил роден, а Хокинг почина на овој датум. Каква случајност, датумот на раѓање или смрт на двајца неприкосновени научници се совпаѓа со бројот кој верувам дека го користеле практично цел живот. Еве еден начин како да се запомнат неколку децимали
Позитивна вест за денес е златниот медал кој го освои Оливера Наковска-Бикова За потсетување, таа го освои и златниот медал на Параолимписките игри во Лондон 2012.
Викендов официјално започнува пролетта. На ист ден(20.03) е интернационалниот ден на среќата. Потсетник да се одмори малце мозокот бар на викенд ако ништо друго од сите негативности, се испланира нешто што ќе ве радува вас, вашите најблиски или некој друг,битно да се шири радост и среќа.