А онаа ммр кога се дава,кај нас пишува на 11 и 15 месеци Онаа менингококен е на 12 м а докторот ништо не му спомнал на мм за нив Ние овие ги имаме примано
Овој докторот рекол дека немало на обдукција да кажат ако е од вакцина.....ќе се заталашкало за да не кажат оти не им одговара на докторите, кој доктор до сега рекол НЕ за вскцините? И кога сум прашувала дали е ок сите до сега ми рекле Даааа мора да се вакцинира, нема ништо лошо..... Што да мислеш што да кажеш пак ќе згрешеш....
Dali posle poslednata zabeleza promeni vo zdravjeto, cesta tt i sl? @vitamina mislam ne moze /(moze ama nema da stoi crno na belo)da se dokaze deka e posle nekoja vakcina.
Кога читам вака вистина треба да се запраша човек дали се корисни или повеќе штетни вакцините Не е добро секогаш да им се верува на докторите
@Mari* ние само ќе ги касниме малку ревакцините кои се кај тебе во последен ред и вие ротата сте ја примилле. Се друго ни е исто инаку и исти видови на вакцини. А за ммр да, тогаш е. ама јас како што кажав одложив и веќе повеќе од година има пауза. А менингокоти воопшто не ми ги спомнале тука.
На мојата пријателка и рекле поштено сите вакцини од само раѓање па се до последна вакцина не знам кога точно е на колку години вакцини со се ревакцини да му ги ставиле на бебе од 2 месеци. Жената се стаписала и одбила секако на прашање дали е можно тоа што зборуваат докторите сакаат да го направат докторите рекле ништо му не е. Дно дна.
На оваа денешница да не знаеш од што попрво да ѓи заштитиш децата. Во право се и тие што вакцинираат и тие што не вакцинираат, секој го сака најдоброто
Мила да се надеваме дека ќе ти дадат одговор од аутопсија. Тоа би можело се да реши. Може па и не е од вакцина а може и е тоа нема никогаш да го дознаеме ама ете да си се тешиме. Англија. Па не се нормални бе.
Точно. Сеуште ништо не знаеме, само нагаѓаме од што би можело да биде, а од многу работи би можело......се надевам и јас на обдукцијата за конечни и точни резултати...
@danichap еве баш сабајлево поголемиот (22 месеци) прими ревакцина ММР. Сите вакцини досега ги имаат примено и двајцата и баш за помалиот закажавме термин ММР ќе ја прими со неполни 11 месеци поради одморите. Баш не ми беше мило сакав да одложам за после одморите и ме праша докторот зошто и се фативме на муабетот вакцини, штетност, аутизам и сл. Накратко, рече само тоа се огромни глупости, премногу му верувам на докторов, врвен е во неговата област, а и ми ги потврди оние работи кои ги учев на факултет. Пред некој ден и мм прими вакцини ДиТеПер + полио, мора да ги обнови бидејќи е медицинско лице и работи во болница.
Изгледа само во Шведска е малку поинаков распоредот ММР по распоред е на 18 месеци, малиот ја прими неколку дена пред вториот роденден.
Јас читав читав и едно сватив само дека ризик и од вакцина и без вакцина постои. Нож со две острици. Организми различни и различно реагираат односно и да ставиш вакцина е опасно од висрусите и се што не содржат внатре и да не ставиш е опасно од болестите. Да така секако сме на ризик. А што не е ризик во денешно време?! Тоа го разбрав јас а што е најточно ете докторите само знаат ама чуваат за себе.
Дефинитивно најтешката одлука за денешните родители е таа, да се вакцинира или не. Барем според мене. Сум кажала неколку пати, пак ќе кажам за мојата одлука зошто вакцинирам. Да бев во Мк немаше да го вакцинирам, и заради сомнителните вакцини, и заради тоа што е помала земја и нема толку голема фреквенција на луѓе од сите страни. Ама кога дојдовме овде, кога видов од кај се нема луѓе, па и самиве швеѓани се такви што нон стоп патуваат на најзабутани места, нели авантуристички одмори исл....... што ги знам кој кај бил и со кого бил во контакт и што болештина донел . Премногу измешана средина е. Сфатив дека заради тоа е подобро да го вакцинирам. Уште го мислам истото, не сум се покајала за одлуката да го ваквинирам.
Кај мене синчето ги прими сите вакцини вклучувајќи ја и рота вирус,освен ММР и менингококи. Само ротата ја прими на време,а останатите беа покасно.Реакција немаше на никоја од вакцините.МОжеби беше нешто покенкав првиот ден,после тоа се нормално. ЈАс имав две матични педијатарки.Првата беше неразбрана и никоја вера.Беше за вакцини ептен и не ми оставше многу простор за мислење.Според неа несакани реакции и појави од вакцините освен тт и оток нема. Втората која ни е сега ми е подобра.Значиме праша за менингококи и оти сме под АОК и нова е вакцината ми рече дека има шанси да треба да ја доплатиме околу 300 еу.Ми рече ако имам финансии убаво би било да си ја дозволам.Ова ми дојде како кец на десетка и реков веднаш многу пари ми се тоа и не можам со таа да го вакцинирам детето. Е, кога дојде ред за ММР ја прашав отворено за тоа што читав на интернет-конкретно за аутизам. Ми рече да точно е дека во многу ретки случаи може да предизвика аутизам,научно е докажано.Ама придобивките според неа се поголеми од вакцината. Ако не се стави вакцината штетата може да е огромна и таа е за да ја ставам вакцината. Не ја ставив реков да разговарам демек со мм.И после тоа не отидов.Сега се уште мислам конкретно за оваа вакцина. Состав не знам,ама што гледам по сликита од Мари иста вакцина сме добиле,затоа не постирам слика од книшката.
Ние веќе сме ја ставиле оваа. Господе боже само да не пази сите веќе никогаш ама никогаш да не се случи ова. Аххх ми трепери душава луѓе. Имам уште многу дози од оваа ѓто ја кажа калиас еве.. Мениингококкал нели?!
Зборуваш за менинингококкал? Зошто не ја ставивте? Баш горе објаснив дека и ние ја примивме таа и сеуште ќе ја примаме.
Овде нема менингокока вакцина . Што ве советуваа за оваа конкретно? @vitamina @danichap @fairy88 Ова е нашиот календар
Ниту ја спомнале ниту не советувале. Ја пишува во книшката ама исто како да ја нема. Прв пат слушам од @kallias дека некој ја прима. @koritsaki е во Грција. ете она може има искуство со истата.