Чудно но вистинито 2 ра доза од таа вакцина е чкртната. Кај нас се вика мен б таа е примана а мен ц како што кажа калиас е чкртната еве докаЗ Велат само на секој 4 5 часа парацетамол и дома. Ништо друго
Овде ниту ја спомнале, ниту стои тука во календарот. Не знам ни како дополнителна дали ја има. Поарно да не ја мислам, мислам доста му беше за сега, има уште една доза ТБЕ во август и доста е боцкање Фала @vitamina , @danichap
За вакцинација имам поделени мислења и затоа одлучив дел да прима дел не.А, да и пневмококи нема примано малиот. Всушност ги прими вакцините кои сметав дека се важни,тие кои ние сме ги примиле на времето.За рота вирусот не сакав,ама оваа првата докторка ептен ме претискаше. За менингококи демек заштита од менингитис.Инаку е релативно нова вакцина и оти нема баш студии дека штити,нашето осигурување не ја покрива целосно. Исто отпосле разбрав не знам колку е точно(од мајка во градинка) дека ако детето се вакцинира со оваа вакцина и настане несакана реакција мора да се плати трошокот од свој џеб дека не е задолжителна и ако вакцинираме тоа значи дека тоа било наша волја. Толку ми е познавањето поврзано со оваа вакцина.
Човек да се запраша зошто ми е чкртната овде. А неодамна добив информација овде дека една вакцина е повлечена баш ради нус појави. Може е оваа. Како и да е одлучна сум да не ја прима и да не беше чкртната. @fairy88 ќе те замолам по лп да ми кажеш кој вакцини ти ги примаше малиот.
Фала на информациите Многу се претпазливи овие швеѓаниве, веројатно затоа уште ја немаат, дека е нова. Чекаат да се испита. Ако
Да се "уфрлам"во муабетот за вакцини.Во Мк.моите деца ги примија сите вакцини и се разбира оти не се сите,ќе треба да продолжам ама прашањето е Дали да продолжаж,после се што се изначитав,страв ме фаќа и сум на "два ума". Моите се 14 и 10год.Какви глупости се прават и како можат да си поиграат со животите на дечињата,невини мали души,страшно. @kalias Се изнаплакав за твојата мала душа, не те познавам но и јас сум мајка.Што и да ти кажам за утеха ќе биде премалки да ја ублажи болката за своето чедо.Бог нека ти ги ублажи маките.
Јас вакцинирам, досега. 100 пати се имам премислувано...не сум паметна што да правам... Од една страна сум против вакцини, бидејќи му верувам на некои луѓе што виделе мака од вакцина. И не мора да е на писмено и докажано дека е од вакцина, бидејќи не очекувам дека туку така би се признало дека е последица од тоа, мајката најдобро си го познава детето... Од др страна, како што спомна некој погоре, овде има секакви луѓе, од кај знам што болести носат... Блиска личност што работи во вакцини во Мк ми вика да не се занесувам, да вакцинирам, полошо е ако не вакцинирам. Колеги на мм, медицински лица од овде во Германија викаат дека вакцинираат, дали лажат или не незнам. Зборувавме и со педијатарот вика подобро е да се вакцинира, а додуша и не очекував поинаков одговор од неа. И мм не знае што да правиме, јас сама не можам да пресечам да речам не вакцинирам, не можам да го превземам ни тој ризик. Кај мене со вакциниве незнам што прават. Секој месец одиме на вакцина, незнам зошто така ни ги разделија. Имаме примено 3 пати рота вирус. А досега што сум ги прашувала другиве, имаат 2 пати рота. Пнеумокока ни ја одделија. Бевме 1 ден посебно само за неа. Сега треба повторно да одиме овој месец. Ни ја предложија менингокок. Бидејќи ја немам во книшката, незнаев која е пак сега таа, од каде....треба сега наредно одење да им кажам дали сакам или не... А за ммр и тоа незнам...мислам дека на крај ќе ја примиме, ама незнам дали е попаметно да ја одложам малку. Во последно време се жалат мн мајки овде дека педијатарот не ги прима ако не вакцинираат...а мислам има и предлог на закон за задолжителна вакцинација... Се изнапишав...
Еве го распоредот кај мене за вакцини. Моите деца се вакцинирани од Хеп Б има голем број на народ од Островите кој 70% се раѓаат со Хеп б, децата секако ќе имаат контакт со нив па подобро да имаат некаква заштита и и рота вирус зошто често има појава на истиот, мада кога бевме во Мк сите три се заразија со рота вирусот иако се вакцинирани. Матео до сега има прележано сипаници, сега имало неколку случаеви во градинка на деца со сипаници па ги чекам Константин и Летиција да појават симптоми, освен два пати стомачен вирус што ги има фатено, здрави биле иако не се вакцинирани. Јас и брат ми како деца не сме вакцинирани, татко ми е проф доктор, не сакал уште тоа време да сме вакцинирани па ете ништо не ни било, сме фатиле само сипаници, понекоја настинка и толку. Сега како возрасни и двајцата бидејќи работиме во болница мораме да се вакцинираме од Хеп Б зошто работиме со крв и крвни материи, трајноста им е никаква зошто на секој 3-4 години примаме бустер шотови, таа за инфлуенза и двајцата ја избегнуваме и имаш избор за менингитис Ц да примаш, бустер шотови се на секој 2 години. Исто и кај мм семејството не се вакцинирало, на свекрва ми првото дете и починало по вакцина и завршиле они со вакцини, инаку свекрва ми е научник, молекуларен биолог, се бави со истражување на ќелиите, откриваат нови гени и такви некои работи, вика дека и да не и починало првото дете сепак немало да ги вакцинира децата. Тука народот го мотивираат парично да вакцинираат, после сите примени вакцини ги наградуваат со $2000, така да голем дел ради парите ги вакцинираат децата. Јас имам потпишано за децата за во градинка и на училиште дека од религиозни причини не ги вакцинирам и не смеат да одбијат дете од градинка, училиште бидејќи одма ќе им рипнеш дека те дискриминираат на верска основа.
Se izvinuvam sto se mesam vo tuga tema ve citam i primetiv deka vo mk ima pomalku vakcini t.e bockanja od drugive zemji, kolku sto gledam od kalendarive sto gi postirate, ili taka mi se cini samo
@vitamina, ми ја погоди темата . И јас се мислев пред некое време да отворам посебна тема за здравството во странство (малку поопширна од оваа), ама се' поретко сум на форумот и ништо ☺. Како и да е, мило ми е што овде несебично се пишуваат искуства и информации кои би ни помогнале на сите во странство. И јас пред еден месец во другата тема (+/- 40) прашав баш за вакцините во Германија. Ќерка ми ги има примено сите вакцини до година и пол во Мк (од старите вакцини, не петовалентни, шестовалентни ) и наредната (ревакцина) ни е запишана за на 02.06.2017. Меѓутоа, во Мк ја одложија оваа вакцина, ама не знам дали е тоа случај и во Германија. Тоа и ми е прашањето, дали е одложена истата вакцина и во Германија и дали имаме други вакцини во меѓувреме? Се' уште немаме педијатар за неа, а ни матичен за нас и нема кој да прашам, а сакаме да ја запишеме во градинка. Фала ви однапред на одговорите и поздрав до сите ☺. * @kallias, те прочитав и не знам што да ти напишам за утеха , знај дека оваа трагедија допре до сите нас и твоето ангелче нема да биде никогаш заборавено , нека ви даде Бог многу сила на тебе и твојата фамилија да ги пребродите овие претешки мигови, а од нас имаш несебична поддршка и многу .
Во темава можеби сум една мајка која не го вакцинирала своето дете. Моите повозрасни деца во Мк се вакцинирани со сите вакцини, но овде во Германија со мм одлучивме малата да не ја вакцинираме. За досегашното искуство со стариот доктор педијатар можам да кажам прегледите му беа само колку ради реда на брзина да види и толку. Мислам читајте невакцинирано дете не сакам да биде мој пациент има многу доктори кои сакаат такви пациенти одете и најдете јас знам кои се тие, но неможам да ви дадам таква информација. Важно сепак пошто фала богу малава еднаш само кога фати мала сипаница бевме на преглед таму и едино што мораше да ги врши обавезните прегледи овде што се U1,2,3,4,5,6 досега тие сме ги завршиле ни рече за понатаму најдете друг доктор јас неможам повеќе да ве прегледувам пошто не сте ја смениле одлуката за вакцинирање. Фала пријатно. После подолго време најдовме доктор и сме презадоволни од неговиот однос. Тој е против вакцините не дека не вакцинираат во негова ординација, но ние како родители сме тие кои ќе донесеме одлука за своето дете. Закажан ни е термин за U7 преглед значи неколку месеци порано со тоа што ни кажа дека кога ќе одиме на преглед ќе разговараме се во врска со вакцините. И кога завршивме со разговорот рече дека правилна одлука сме направиле и се радува што голем број на родители се свесни за последиците од вакцините и одлучуваат да не вакцинираат. Сепак секој родител како и да одлучи не верувам дека греши во донесувањето на одлики за своето дете.
Работава се сведува на најди си доктор стручен во кој имаш доверба и во консултација со него донеси одлука и не читај форуми, интернетот е чудо ни дава пристап до многу "стручни, проверени" информации, а еве гледаме и самите колку се контрадикторни. А законите кои налагаат казна за родителите кои не вакцинираат се ужасни, дискриминирачки и апсолутно неосновани.
На почетокот и јас се мислев што да правам, сепак се одлучив да го вакцинирам. До сега ги има примено сите, освен тие што се наплатуваа... Не знам дали погрешив што не му ги ставив ама 400е некако многу ми се видоа. Се распрашав по пријатели и роднини никој ги немаше ставено па така и јас. Инаку периодот имаше многу случаеви на менингитис, возрасни и деца од кои и вакцинирани си починаа. Така да, работата е да не знаеш за што да се одлучиш. Тука за да го поттикнат народот, министерката јавно ги вакцинираше нејзините близначиња со цел да се охрабрат родителите. Еве слика од тоа што имаме примано ние Заборавив да прашам: Дали ја ставивте вакцината пред првото патување? @Vitamina мислам ти планираше да си одиш? Тука не ја ставаат пред годинката, син ми првиот пат беше помал и патувавме без неа, потоа не ја ни ставив повеќе.
@Monella јас сум вакцинирана од сите вакцини во Италија. Моето бебе ги прими на 2 месеца сега треба уште две да прими кажав веќе men c е пречкртана и најверојатно веќе не ја ставаат. Men b ја има и ја прими. Сега ќе вакцинирам па за некој ден после тоа ќе одам во македонија. Измеѓу сакаа да му стават и bsg со објаснување дека во бугарија имало епидемија но јас не ја ставив од причина што не дозволив моето дете да биде вакцинирано на разход од 2 недели. Може понатаму ќе ја ставам не знам. Ммр не ја ставам на годинка. Што се однесува до лекарите они радо би ги ставиле сите наеднаш со објаснување дека ништо му е не е на бебето.
Да се јавам и јас со искуство. Малата на раѓање прими БСГ и Хепатитис Б. Така беше по протокол во сите родилишта во МК. Кога не' пуштија од болница, следна беше хепатит Б ревакцина на ред, па потоа ДТП, полио, ХИБ. Ама тогаш немаше уште поливалентни вакцини во МК и требаше да се воведат. Одлучив да вакцинирам, но не према календарот за имунизација. Додека не знаев што сакам да правам, ја однесов на ревакцина на Хепатитис Б која не дава реакција. После отидовме во Врање да прими шествалентна кога имаше 6.5 месеци. Прими Infanrix на GlaxoSmithCline, ДТП+Полио+ХИБ+Хепатит Б. Значи останаа уште две петвалентни затоа што веќе два пати имаше примено Хепатит Б. Двете ги прими во Македонија, откако ги донесоа поливалентните и откако педијатарката ни кажа дека се со добар квалитет и дека се на Пастер. Двете пенти беа Pentavac, ДТП+ХИБ+Полио. Едната на 9.5 месеци а другата на 11.5 месеци. Доста ги имав пролонгирано. После се преселивме во Германија. Цела година не ни помислив на вакцини со оглед на тоа што тргна во градинка, па се адаптираше, па беше болна често додека се гњавев со системот тука... и ни под разно не ми паѓаше на памет за вакцини, особено што следна беше ММР. Пола месец после вториот роденден ја вакцинирав од ММР. И јас се размислував многу, премногу за оваа вакцина, но имам веќе пишувано дека имам многу лошо искуство со оваа вакцина како дете во семејството заради невакцинирање (пропуштена вакцина) а и дополнително како што кажа @green.eyes и во градинка е малата со деца од секаде, а и тука има доселеници од секаде... па стиснав заби и ја вакцинирав. Паничев многу пред вакцината, ама бидна. Вакцината тука што ја ставаат за ММР е тривалентна - Priorix и ја даваат заедно со Варичела Varilrix... исто и овие се на GlaxoSmithClein. Покрај таа, прими и ревакцина што во МК е на 18 месеци.. повторно Infanrix. И последно на почеток на април сега прими ревакцина на ММР заедно со Варичела - во облик на четворовалентна вакцина. Заедно прими и вакцина за Менингокока група Ц. За разлика од @fairy88 нит ми спомнаа дека е опциона, нит спомнаа за осигурување, се беше покриено со здравственото, и не ни спомнаа дека е нова... мислев дека си е редовна затоа што го гледав календарот за имунизација тука и ја имаше таа вакцина. Стрептококите и ротата ги скокнавме, затоа што демек дојдовме после година и немало потреба да се вакцинира. Досега за сите вакцини обично гледам од кој производител се, што вакцинираме, читам несакани појави... така да читав и за менингококата од група Ц затоа што немав досега искуство, и пишуваше нешто што ме смири барем малце - децидно стоеше дека може да има вакви или такви реакции, но дека не може да се добие менингокока. Од реакции покажа само на ММР првиот пат после 9 дена температура (дали беше од тоа или плус вирус од градинка кој знае)... и сега после оваа ревакцина после 2 дена пак се разболе со повраќање, иако ми кажаа дека не може да е од тоа, затоа што за ММР треба време за реакција. Ама па за менингокока пишуваше дека може да има повраќање.. ама овде во ценетата Германија ми рекоа дека не е од вакцината. Не дека им поверував, али ај. Сега има некој мал осип на телото, не е од вакцина, не е сипаница, а секако според докторите тука - не е ништо. Си мачкам со креми од МК и на своја рака давам детско сирупче против алергија... оти тука иако бев два пати кај педијатарот ми вика ништо дека не е, да не се тревожам. Имаме на крај на мај закажано за пнеумокока, демек три требало да прими... и ќе сме завршеле со вакцините додека тргне во школо. Што е со пнеумококата.. и зошто три пати.. не знам. @vitamina воопшто нема БСГ примено? Чудно оти како што пишав тоа кај нас (во МК) одма го даваат.. во првите 3 дена.. а јас ко да прочитав за зголемен број на заболени од туберкулоза тој реон. Пребарај малку околу оваа тема.. не сум паметна што да ти кажам. Генерално - сметам дека ако некој одлучил да вакцинира подобро е во ЕУ отколку во МК... но општо одлуката да се вакцинира или не денес е претешка. Иако изгледа дека имаме интернет на кој ни е се достапно.. тоа е и проблем - што е се достапно. И тоа што треба и тоа што не треба. И вистинити информации, но за жал и големи лаги. Жалосно е што сме нечии жртви на секакви пропаганди и одлуката е оставена на нас како родители, затоа што кога имам размислувано на темава и двете страни ми држат вода. Затоа велам, искрено се надевам дека одлуката и на едните и на другите ќе се покаже правилна за децата.
Во однос на БСГ мислам дека нигде во ЕУ не се дава, затоа што се смета дека не се земји каде што постои ризик од туберкулоза. Баш и во Хрватска ја укинаа вакцината кога влезе во ЕУ. Ама затоа овде за секое малце (венчавање, кредит од банка, работа) бараат да се тестираш за туберкулоза и ако излезе позитивен тестот (а кај сите со примена БСГ вакцина е позитивен) те праќаат на снимање.
Бсг ја има како опционална ваквцина и се прима само по потреба со конуслатација од доктор. Јас бев повикана да ја примаме бидејки како што кажав нели сме биле од земјите со епидемија на туберкулоза. Не ја ставив од причина што ме повикаа само после 2 недели од првите вакцини и реално ми се гледаше многу малку време од една до друга. Имав прилика да разговарам со жена што чита овдешни форуми и е многу време овде ми кажа дека и таа е 50/50 со вакцините, вели ризикот е еднаков и со вакцини и без. Сепак вакцинирала.. И овде има жени и здруженија на жени против вакцини. Врв на сево ова беше кога кажа дека и стигнувало присмо од универитеот во оксворд нудејки и голема сума на пари за да вршат експеримент на новите вакцини со нејзиното дете. Нормлано дека одбила но за жал има и жени што одат и го носат децава за пари да земат.