Да. Што да кажеш кога е ужасно. Ги продаваат своите деца за 3500 фунти. Ништо им не било прошле вакцините веќе низ животни..
Во Шведска БСГ е во редовен календар за вакцинација, син ми ја прими на неполна недела. Следна вакцина беше после скоро 3 месеци (ДТП-шестовалентна + пнеумокока). Овде вакцинацијата не е задолжителна, никој не те прашува зошто не вакцинираш или одложуваш, ниту пак ми бараа документ да потпишам кога ја одложував ММР. Се се сведува на препорака од страна на докторите, родителот одлучува дали, што и кога вакцинира. Како бе даваат дете за експериментирање со вакцини . Леле, грозно, морници ме лазат.
Имало скоро некој случај во германија каде што дете починало од болест што се појавила ради не вакцинација а претходно мајката не го вакцинирала воопшто. Кога детето починало мајката отишла в затвор ради не вакцинирање на детето. Имало и случај во франција и други европски земја каде што децата починале од вакцина причината била изложена и во медиумите значи не била сокриена и платиле оштета но што ќе ми е оштета мене после се? Не е човек паметен што да прави мајки.. Нож со две острици и така и така си на ризик. Јас искрено секојдневно се откажувам од вакцините ама од друга страна па и без вакцини ми е страв од причина што живеат секакви луѓе овде и има секакви болести. Изгубена сум.
Последно време читам по групиве постираат од германски портали дека имало појава на заушки и на морбили (ако добро сум сфатила). И имаше дури некои статии за тоа нецакцинирани деца да не се примаат во градинка. Мислам дека е тоа само предлог закон... толку сум разбрала. Тука за во градинка не ни бараа ништо посебно - потпишавме само дека сме информирани за вакцините и однесовме копија од книшката. Но не беше услов дали има примено некоја вакцина или не...
Случајот со Германија јас не успеав да го најдам онлајн никаде. Дури се јавив на моја колешка од Boppard, не чула вакво нешто, но ќе прочепка и ќе каже дали е така.
Исто. Само ја погледнаа книшката неколку секунди и готово. Не обрнаа внимание ниту што е примено ниту кога... Се надевам и во наредната градинка здравје боже така ќе биде. За случајот во Германија и јас не успеав да најдам. @augustd ќе чекам да споделиш ако има нешто.
Јас живеам во Мк ама некако ме заинтересира темата на витамина и го најдов овој линк за тие што се ДА за вакцинирање. http://pixel.mk/zhivot/zdravje/dragi-roditeli-ve-lazhat
Живеам во Австрија, има ли и друга мајка што живее овде? Среда треба да ја правиме првата вакцина но можеби ќе ја одложиме бидејќи на бебево му течи носето и подкашлува по малку. Какви реакции имаат бебињата по оваа вакцина rotavirus? Што да очекувам? Не сум воопшто запознаена со вакцини и се плашам по малку бидејќи не ги разбирам незнам која вакцина за што е. Инаку на 9 октомври правиме 2 месеци.
рота е за стомачен вирус.Кај нас нема таква вакцина така да за можни реакции не би знаела да ти кажам.Во секој случај ако бебето има знаци на настинка одложете ја малце
Син ми ги има примено сите 3 дози за рота вирус. Од неа може евентуално да му се лоши и да не сака да јаде (така нас ни кажаа кога ја примаше), ама син ми ги примаше заедно со шестовалентните вакцини, па имаше и темпертатура, од ДТП најверојатно. Одложи ја за некое време додека се оправи малото. Инаку, фати малиот рота вирус (со примена вакцина) на 16-17 месеци. Кај него траеше 2 дена со повраќање и пролив, и многу ниска температура, околу 37,2. Од него фативме и јас и мм, нормално невакцинирани. 5 дена душата ни излезе на двајцата, толку траеше кај нас. Не престанавме да повраќаме по цели денови, постојано. Не знам дали заради вакцината малиот подобро го поднесе вирусот или до нешто друго беше, битно во вистинско светло го видовме рота и јас и мм Сум имала стомачни вируси и претходно, ама ова беше ужас.
не секое повраќање и не секој стомачен вирус е рота вирус.Скоро секогаш кај возрасните секоја ‘болест’ потешко поминува отколку кај децата
Кај повозрасни и да имаат примено рота потешко поминуваат од бебиња. И тоа не е само за ротата. Истото важи и за мали сипаници и сл
Испитуваа кај малиот, потврдија дека е рота вирус. Сигурно бил истиот и кај мене и мм. Знам дека кај возрасни е потешко и да се вакцинирани, затоа пишав дека не знам дали баш заради вакцината малиот полесно помина. Како и да е, не беше воопшто наивен кај другите деца од градинка што го фатија.
Здраво мајки. Ние во понеделникот ја примивме рота вирус му ја дадоа да ја испие . И ми закажаа за вторник да ја прими тетанус во ноже ми рекоа ќе го боцнат. Бебе ми е 3 м. Е сега нели е премногу брзо. Разлика ќе има само една недела меѓу вакцините? @danichap @green.eyes кај вас како беше. Нез дали истите вакцини ги примате. Ептен сум збунета со ова вакциниве, незнам дали да ја одложам оваа тетанус, ако ја одложувам че треба нешто да лажам.
Овде заедно се даваа вакцините, рота ја примаше во исто време со ДТП и плус уште една До сега не сум чула да даваат препорака да има размак помеѓу вакцини, ама па и не сум вакцинирала посебно, па немало потреба, може затоа не кажале Ако не си сигурна, ако се плашиш, одложи ја, не се мисли, кажи дека е кенкав и дека не е спремен за вакцинација. Задолжителна е таму вакцинацијата?
@orhideea размакот меѓу вакцините од месец и пол важи само за еден ист вирус т.е. вакцина. Значи за да прими ревакцина за тетанус пример, мора да поминат минимум 45 дена помеѓу двете боцкања.
Големата не ја прими рота, малото ја прими. Исто, орално. Ја прими заедно со друга вакцина истиот ден. Мислам шестовалентна, во која беше и тетанус. Ако не сакаш нема потреба од лажење. Едноставно кажи ја одложуваш. Јас ммр првен ја одложив, после година кажав не ја прима. Никаков притисок немало.