Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вакцинирање во странство

Дискусија во 'Бебе' започната од vitamina, 5 мај 2017.

  1. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.966
    @gjoker4e треба сама да си одлучиш што да правиш.
    Овде ќе добиеш различни мислења што е нормално, секој си има свој став во врска со вакцините.

    Овде во Ит од годинава станаа задолжителни вакцините.
    Сега кога го запишуваш детето во градинка ти бараат потврда дека ги има примено сите вакцини.
    Јас му ги ставив сите (задолжителни) имаше уште неколку што не ги покрива здравството меѓу кои и таа за варичела мислам, дали згрешив не знам.

    За инфлуенцата кај мене секоја зима праќаат писмо дома ако сакам да го вакцинирам од настинки.
    Неа не ја ставаме, дете нормално дека ќе се разболува во зимата, плус градинка со други деца нека се јакне малку имунитетот.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cimparka

    cimparka Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2018
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    997
    Пол:
    Женски
    Доцна гледам и може веќе си вакцинирала. Вакцините за рота и пневмокока во Австрија се задолжителни, за менингокока и инфлуенца по избор на родителот. Вакцината за ротавирус е општо прва вакцина која се прима на 7 неделна возраст. Во вид на капки е и исто како да не е примила вакцина.
    За менингокока на 6-7м и се плаќа 100 и нешто евра. Таа е релативно нова вакцина и е воведена поради мигрантите. Јас ја одбив, бидејќи читав дека може да има многу компликации од неа, како и тоа дека штити до 1г, а и била многу болна. Во незадолжителните има повеќе вакцини за менингококи од повеќе видови.
    За пневмокока ја примавме заедно со шестовалентната вакцина и ја платив 108е. Докторот ме праша да изберам дали ја сакам бесплатната или некоја подобра која се наплатува.
    Вакцина за инфлуенца т.е грип никогаш не би ставила на себе, а не пак на дете.
    Нас сакаа да ни закажат термин за вакцина за морбили на 11м, одбив и кажав дека би чекала барем до 2г. Не знам дали паметно постапив, но таа вакцина најмногу ме плаши.
    Инаку овде нема Бсж вакцина, бидејќи дошле до истражување дека не правила доживотен имунитет и немало потреба да се прими.
     
    На gjoker4e и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  3. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    4.226
    Пол:
    Женски
    Не сум во тек со вакцините во Австрија. Затоа, сакам да те прашам дали во Австрија има вакцини со различен квалитет? И баш така ти кажа докторот?
    Тие што се наплатуваат, каде може да се најдат? Дали ги има во аптеки?
    Мајка, ти што одлучи, бесплатна или поквалитетна вакцина? Извини, многу прашања поставив, се надевам ќе добијам одговор. :)
     
  4. cimparka

    cimparka Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2018
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    997
    Пол:
    Женски
    Јас првин ја бев одбила, но почна да ме убедува колку е добра и кои се ризиците, колку годишно деца заболуваат..и прифатив и тогаш ме праша "Имаме вакцина која е од фондот и е бесплатна и вакцина која е подобра но се наплатува 108е, која ја бирате?"
    Секој го сака најдоброто за своето дете и јас ја избрав втората и си ја платив и искрено ни не прашав за разликата. Ја боцкаа во двете ножиња, во едно пневмокока, во друго шестовалентната. Потоа за ревакцина не ме ни прашаа, и ја ставија пак онаа што се плаќа и пак си ја платив. Првиот пат поминавме само со нервоза и кенкање, вториот весело, но со благо покачена температура.
    Инаку нема вакцини по аптеки, се вакцинира кај педијатар.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    4.226
    Пол:
    Женски
    Добро е што има избор, а и докторот бил реален и си кажал.
    Би сакала и во МК да ја имавме оваа можност.
     
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Убаво е да се има избор, да.
    Ама за народ ко што сме ние и од тоа ќе настане хаос... Тек тогаш какви муабети ќе прочитаме.
     
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не се едните бесплати оти неквалитетни и на црно набавени, туку се постари вакцини, 7валентни, па 10валентни и најново 13валентни, тоа значи дека најновата штити од најголем процент на причинители на вирусот. И таа вакцина не е задолжителна освен во неколку држави и таму ја даваат веројатно 7валентната бесплатно. Во други држави само ако проценат дека е потребно. Ако сакаш можеш да си платиш и да ја добиеш најновата и тоа не секаде оти количините се ограничени па ги чуваат за оние на кои им е најпотребна.
     
    На minneymouse82 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Navistina dvete gi primi istovremeno? I nie sme tamu no gi stavaa naizmenicno prvo edna period 4-6 nedeli pauza pa druga. A ni gi perporacaa vibrucol kapkite za smiruvanje. I vo brosurata za vakciniranje menigokoka e tek na 6 godisna vozrast. Malku mi e cudno
     
  9. cimparka

    cimparka Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2018
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    997
    Пол:
    Женски
    Да, ја боцкаа во двете ножиња и за вакцината и после за ревакцината. Само чепчиња за температура ни препиша.
    За менингокока кога го гледав вакциналниот календар за 2018 имаше повеќе вакцини за менингокока во зависност од нејзините подтипови. Една од нив е на 6м. И самата сум медицинско лице и секогаш се распрашувам за вакцините која е, кога се дава, бидејќи е различно од Мк. Нема зошто да лажам.
     
  10. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    @cimparka Ne me svakaj pogresno ne rekov deka lazes. Nie imavme poinakvo iskustvo i bas poradi toa mi e cudno.
     
  11. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Мајки ме интересира нешто..
    Разговарав со лица од Германија(доктор) и Белгија за вакцините и ми кажаа дека таму сите вакцинирале и не слушнале дека имало нус појави. Дали е тоа точно?
    Овде на форум читам дека и некои мајки од странство не сакаат да вакцинираат. Зошто?
    Јас бев против вакцина, но како што гледам ќе мора да се вакцинираме, па се тешам дека вакцините во странство се поквалитетни. Имаме можност да ја вакцинираме во Белгија но чекам одговор дали таму ќе не примаат за вакцинирање. :|
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.970
    Допаѓања:
    36.180
    Пол:
    Женски
    @chokolade Никој не одговорил ама ни јас не знам одговор.

    Следна вакцина ни е за менингитис. Искуства?

    Верувам дека аутизам се добива и од читање за вакцините хаха. Кај и да е во аут ќе отидам со мозокот.

    Кога прашав дали е во ред да ја ставиме добив зачудувачки погледи па да си прашам и тука без да добивам чудни погледи. Тука ми се чудат на некои прашања.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  13. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам, сепак и ова е одговор :D
    Слабо некако странциве да споделат искуство ;)
    Иначе за Белгија пропадна планот, таму рекле дека ако не се вакцинира на 1 година, после оваа вакцина дури од 5-7 год смеела да се прими. Ние имаме 4, така да нејкат да не вакцинираат. И јас во аут ќе отидам, колку повеќе истражувам толку повеќе тонам. (lalala):drunk:
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. cimparka

    cimparka Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2018
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    997
    Пол:
    Женски
    Вакцината за менингокока е незадолжителна и по избор, и се доплаќа 100 и нешто евра. Јас ја одбив, бидејќи читав дека штити до 1г. само, е многу болна, а и има многу контраиндикации.
    Конкретно е воведена поради имигрантите.
    Ја одбив и ММР, која што сакаа да ни ја стават на 10м. Ќе ја одложам за понатаму.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.302
    Допаѓања:
    285.322
    Прв пат слушам едно медицинско лице да негира дека постојат несакани ефекти од вакцини и дека прв пат слушаат за истите. Но може, верувам, има секакви совети.
    Најголемиот дел вакцинираат, но не сите. Во секоја градинка јас каде што сум аплицирала а и овие кои децата ги посетуваат имало деца кои не се вакцинирани. Точниот одговор би бил голема процентуална застапеност, но не сите.

    Во однос на несакани ефекти, најчестиот одговор што јас сум го добивала е дека се ретки, но не и невозможни.
    Во однос на тоа зошто, секој си има свои причини. Јас прекратив вакцинација поради здравствени проблеми на едното дете.
     
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.970
    Допаѓања:
    36.180
    Пол:
    Женски
    Не би требало да се плаќа. Во Германија. Уште 100 и нешто евра за вакцина ми фали да ми стигне некое писмо изненадно.
    И после 18 месеци се става како што сфатив, после ММР.
     
  17. cimparka

    cimparka Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2018
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    997
    Пол:
    Женски
    Во Австрија првата вакцина за менингокока (ги има повеќе во зависност од подтиповите) е на 6м возраст. Нас ни ја понудија на 7м, оти прегледот ни беше тогаш, ми кажаа колку кошта и дали прифаќам.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Човекот е кардиолог, рече дека не е стручен во таа област но он свои деца не би оставил без вакцина.
    Ти благодарам споделеното искуство. А на малата и посакувам многу здравје:hug:
     
    На danichap и gjoker4e им се допаѓа ова.
  19. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    точно е во странство дека претежно сите вакцинираат, може да се види на интернет колкав процент од луѓето е вакциниран. јас што сум правела муабет со сите исто вакцинираат, и ми се чини најмногу се странци тие што одбиваат :)
    туку јас сакам да прашам, бидејќи тука (во Германија) не прават крвна слика пред вакцина, како е правилото отприлика само на денот треба да е здрава или колку време уназад да била здрава? Ќерка ми закачи некој вирус грип во вторникот, два дена температура висока сега уште има 38, реално е во среда да ја вакцинираме? Или колку време е подобро да се почека? За прва вакцина ММР. Прво јас им реков за следната недела зошто сакавме после да си одиме во МК, ама сега со епидемијата се мислам ич да не си одиме а да ja вакцинираме кога ќе биде подобра, недела две?
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abc07

    Abc07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2018
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Hhhh dodeka ne se oporavi celosno pocekaj ne ja brzaj. I nie bevme slicno ni dadoa terapija i dodeka neozfravi nema vakcina a i ni kazaa posle godinka za taa vakcina da si zakazeme.