Може да се примаат каде и да посакате, даваат потврда, печат и ЛОТ број лепат во книшката од самата кутија на вакцината.
Здраво мајки. Прашувам за вакцини конкретно во Германија. Денес бевме синко да прими прва доза Варичела, и сега докторката ме убедува после 3-4 недели да закажам нов термин за не сум сигурна и јас точно која вакцина (не разбирам многу добро Германски), ќе пратам слика од картончето. Ме убедуваше дека измеѓу првата и втората доза од Варичела било многу важно да се прими оваа вакцина пред 5 години. Синко има 4ипол. Знам дека кај нас овие вакцини не се задолжителни. Молам за совет, не знам каде да се обратам. Немам овде некој познат да ме упати или поучи, секој совет ќе ми биде добредојден.
Да не ти спомна за менингока да прими? Нас педијатарот ни кажа дека не е задолжителна, наше е дали ќе одлучиме да ја прими, меѓутоа наводно се зборувало дека од мај-јуни ќе ја стават како задолжителна. Јас кажав дека сега за сега не сакам да ја прими и ми кажаа во ред. Ако треба нешто пиши во лп.
Мислам дека малку погрешно имаш разбрано. Нашиот педијатар ни дава еден жолт лист на кој што пишува која е следната вакцина, за што е таа и кои се можни несакани дејства. Ти дадоа такво ливче? МРП ја прими во Македонија? Менинкокога има Б и Ц. Едната е задолжителна. Другата кој сака и ја плаќаш сам. Моите деца само задолжителни вакцини имаат примено. Тука се примаат МРП и варичела во ист ден, првиот пат во различна рака. Втора доза пак МРП и Варичела е после 4-6 недели отприлика не знам точно сега заборавив и ако немало реакција првиот пат тогаш се примаат од ист шприц, во една рака. Ви дадоа жолта книшка на која што пишува која вакцина кога треба да се прими? На сликава не се гледаат датуми па затоа не можам да се ориентирам и да ти одговорам поточно. Или веќе ги има примено двете дози МРП и Варичела? Уствари имаш пишано прва доза Варичела па најверојатно ви рекла за 3-4 недели те вакцина.
Да, сликата е од жолтата книшка. Обележаното тоа кај што пишува C+B е на коцката кај Менингокока. И да ми кажа дека треба да се плати. Ммр прва доза прими на 1 година и сега пред 1 месец 2ра доза за во градинка. Денес прими прва доза Варичела, а за оваа што треба да ја купам ми кажа да закажам термин за 3-4 недели па после неа да прими втора доза Варичела. Било многу важно додека нема наполнето 5 години... Досега не ми кажале или пишале која е наредна вакцина или дали има ревакцина. Сега оваа менингокока задолжителна е или не? Не сум паметна што да правам.
Штом треба да ја купиш значи не е задолжителна. Можеш да ја откажеш. Да кажеш дека не сакаш да ја прима. Ама ти одлучуваш. Јас не вакцинирам со незадолжителни. Ќе те означам сега во една тема да кажат дали некој вакцинирам со незадолжителната менингокока. На самото картонче прва или последна страна има распоред на вакцините. Дури сега ги видов Ц+ Б и точките. Значи следна ви е Менингокока Ц и Менингокока Б двете одеднаш во ист термин. Па после тоа варичела. Убаво означила со точките која ви е следна вакцина. Ама не ги приметив од прва точките. Помеѓу секоја вакцина треба 4 недели растојание. Јас не би ги ставила Б и Ц во исти ден. Би ја ставила задолжителната, па потоа варичела, па за незадолжителната би размислила дури после. За твое дете ти одлучуваш. А ако почнеш да читаш по интернет ќе збудалиш па послушај ја интуицијата и срцето како ти вика така. Мене од вакцините животот ми се скрати од мислење што како.
Не сум вакцинирала и јас досега со незадолжителни. Немам термин сеуште направено, само рецепт ми даде. Треба да прашам уште еднаш убаво за таа која што е задолжителна, а за другава ќе размислам. Ти благодарам