Вакцинирање и реакции после вакцина

Дискусија во 'Бебе' започната од stefi23m, 30 октомври 2012.

  1. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    743
    Пол:
    Женски
    дали на некое од вашите бебуши имало реакција од tuberculosis (BSG) оти на синми после вакцината што ја прими во 4 месец во рачето незнам која беше точно рачето му посина и му потече за да сега пред 1 недела и му загнои.во меѓу време бев на советувалиште и ми рекоја дека е од BSG што се примала при раѓање, а јас знам кога му потече рачето и кога прашав зошто дури по 6 месечи ваква реакција ми кренаа раменици.
     
  2. friendy

    friendy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.676
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Стефи23 мислам дека е нормално малце да загнои и потече(барем јас сум така информирана), но за да помодри не сум слушнала. Најдобро е да си го однесеш на добар педијатар и да види од што се случило помодрувањето, да не е од нешто друго. Исто може и да погуглаш да видиш дали од таа вакцина може да има таква реакција. Поздрав и се надевам дека брзо ќе го решите проблемот.
     
  3. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    743
    Пол:
    Женски
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    јас го однесов ама ми рекоја дека е од друга вакцина не од таа што си мислев било од таа што да примат дури се на болница а не од таа што му ја кладоја на советувалиште..јас мислам дека си ја прифлубаат вината оти дури по 6 месеци му јави реакција?
    а му поте;е и му остана поте;ено скоро 2 месеци од ко ја прими таа во советувалиште.
    и ми казаја дека ќе загнои.
    меnе ми е дека е реакцијата многу закасната
     
  4. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.325
    Допаѓања:
    1.142
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Дали вакцината BCG e задолжителна во МК?
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13.288
    Допаѓања:
    95.407
    Пол:
    Женски
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Да, задолжителна е. Децата се вакцинираат веднаш штом се родат, ако нема очекувана реакција, повторно се вакцинира пред годинка без Манту проба, а после годинка со проба.
    Инаку, Македонија сè уште е на листата на земји со висок ризик од ТБЦ, па поради тоа оваа вакцина е задолжителна.
     
  6. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.367
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    ние денес повторно бевме на вакцина, и на 18ти овој месец треба пак да одиме да прими уште една во раче..
    ич ама ич не можам да гледам како ја боцкаат .. душава ми се кине.. сега за сега добро поминуваме со 2-3 минути плачки ама натаму не знам како ќе биде..
     
  7. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.725
    Пол:
    Женски
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Во петокот со последниот воз :) ја однесов ќерка ми да ја ребесежираат затоа што на местото каде што е боцната нема никаков белег,а немаше ни брунче туку првата недела имаше само една мала гребаница од иглата.Ја вртеа,ја превртуваа и ми викаат еве белег :^) Гледам јас ама нема ништо :o Викам каде ?Докторкава еве овде.Ја викна сестрата и она да видела и таа вика А да еве го и покажува на друго место.Си останав јас цела во прашалници зошто ни на едното ,ни на другото место не гледам и сега на 13,5 месеци треба да ја носам за манту проба.Жива се јадам што јас не гледам белег ,ни на едното ,ни на другото место,па да потврдев и да не ја боцкаат.
    Туку јас друга мака си имам :( На 13 месеци малечкава треба да ја вакцинираат со МПР ,а јас почнувам да се сомневам дека ми прави алергија на белка од јајце.Секогаш кога ќе и направам кремче од жолчка ,а нели на нејзе има и останато малку од белката ,се нафрла на лицето со брунчиња кои личат на пликчиња.Ова ни се случува последниве две -три недели и затоа јајце и давам само еднаш неделно ,се со цел да бидам сигурна дека е од тоа.Би замолила некоја мајка која имала некоја ваква слична ситуација да сподели искуство околу тоа како открила,симптоми и како и кога се вакцинирале.
    Мислењево може не треба да е тука,ама не најдов некоја посоодветна тема.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13.288
    Допаѓања:
    95.407
    Пол:
    Женски
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    АИТ, да не е тоа од жолчката? Бидејќи постои и таква можност. Би ти рекла да пробаш да и дадеш белка посебно, па ќе видиш од што е. Може омлет од белки да направиш или пак ако ти јаде варено јајце, да и дадеш малку да проба од белката само.

    Што се однесува до МРП вакцината, некаде прочитав дека според американската и европската асоцијација на педијатри, бебе што е алергично на било која компонента од јајцето не смее да се вакцинира само со една вакцина, а тоа не е МРП (некоја за грип беше), што значи, слободно може да се вакцинира.
    Иако, мене лично ми е малку нелогично, со оглед на тоа дека МРП вакцината се прави во ембриони од кокошкини јајца, ако не сум грешка. Но секако педијатрите знаат повеќе од мене.

    А за белегот - од БЦГ белегот е како лузна, нема шанси да го утнеш, колку и да е мал.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.601
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    АИТ, намачкај ја малата со белка на лицето или внатрешната страна од раката и види дали ќе изреагира. Ако имаш и најмало сомневање дека можеби реагира на белка или жолчка, имаш секакво право да ја одложиш на неопределено вакцината....јас не би играла со МРП вакцината...
     
    На Nine25 и AIT им се допаѓа ова.
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.012
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Ај ве молам вие што зимате вакцини од Грција да ми кажете кои ги зимате и што кажувате, поточно што барате ??? Да знам што да земам.
     
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.601
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Infanrix се вика вакцината, петтовалентна е --> ДиТеПер + ХиБ + полио (оваа е ацелуларна)
    Во аптеката ќе ти ја спакуваат во пакет кој ќе држи температура каква што треба (зошто се чува во фрижидер), ама немате проблем од 4-5 саати во такво пакување, немој да се стресираш дека треба да брзате за назад :)
    Ако веќе си средила дека на Клиника ќе и` ги стават, јас ти препорачувам од старт да ги земеш сите 3 (околу 105 евра се тотал) и ќе си ги чуваш дома во фрижидер. ПАЗИ на рокот на траење, израчунај дека од една до друга до трета ревакцина треба да има по минимум 50 дена +/-.
     
  12. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.367
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    мамички како што пишав погоре нас за 18овој месец ни ја закажаа следната вакцина..
    Оваа Дифтерија, Тетанус, Голема кашлица(3 дози),Хемофилус тип Б или ДиТеПер - е сега во картонот за вакцини што ми го дадоа пишува дека се прима на 4 месеци..
    зошто ние да ја примиме на 2 ипол ???
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13.288
    Допаѓања:
    95.407
    Пол:
    Женски
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Првата доза се прима на 2 и пол месеци ако не грешам, а секоја наредна после 40 дена најмалку. Втората доза се прима на 4 месеци, а третата на 6 месеци. Плус и останатите што се даваат заедно со ДТП (полио - со лажиче, и хемофилус инфл. Б, со боцкање во ноџе).
     
  14. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.725
    Пол:
    Женски
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Анатх од жолчка кога е сварена нема никаква реакција ,зошто фино се двои од белката.Осип и се појавува кога и правам кремче или и ставам во манџичка жива разматена жолчка и предпоставувам дека се исипува од остатоците од белка.Вакцината дефинитивно ќе ја одложувам затоа што доколку е навистина алергија може да направи реакција и затоа во вакви случаи истата ја дават на клиника во строго контролирани услови.Денес баш ќе пробам да ја намачкам со белка,па да видам
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13.288
    Допаѓања:
    95.407
    Пол:
    Женски
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Пробај, па видиш, мене не ми текна со мачкањето, поарна опција е таа, отколку да и дадеш да проба. Белја ќе ти направев ако ме послушаше :tmi:
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.012
  17. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Дали ја има мрп како прочистена(ацелуларна) на клиника? Досега дтр ги примавме како прочистени ама незнам дали мрп ја има воопшто како прочистена? Инаку имаме 17.5 месеци и мрп ја немаме примено. :)
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13.288
    Допаѓања:
    95.407
    Пол:
    Женски
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Мислам дека само ДТП е таква, МРП е истата што ја даваат секаде, само што за посебни случаи може да се носи дете на клиника да ја прими затоа што има постручен кадар кој може веднаш на лице место да реагира ако не дај Боже има некоја ненадејна, непожелна реакција.
     
    На AIT, stefi23m и Mikako им се допаѓа ова.
  19. friendy

    friendy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.676
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Јас кога прашувам за ацелуларна вакцина ДТПа, педијатрите што ги познавам ми кажуваат дека тие ги ставале само на ризични групи на деца, предвреме родени и некои болни. Дали може по сопствен избор да се стави оваа ацелуларна вакцина, па и да си доплатиш или ќе треба да фаќаме врски за да ја ставиме во Скопје, бидејќи сум од друг град, а кај нас не ставаат ацелуларна.
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.601
    Вакцини: ЗА или ПРОТИВ

    Болдираното....
    Само што сега мораш да закажеш на телефон на Детска Имунологија, па одиш на комисија од 3ца доктори, кои ќе го прегледаат бебето и неговата медицинска историја, за на крај да утврдат дали има индикации за било какви проблеми ако прими „нормална“ вакцина или не, со што решаваат дали ќе му стават ацелуларна или не.
    Значи, фаќај врски предвреме (мада последно слушнав дека ептен било тешко, ги стегнал министеров) кои би можеле да ти помогнат во Скопје...
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.