Фала на одговор, имаш право. Мислев раничка веднаш бинсе појавила и би заздравила за еден месец. Други можни реакции, како температура претпоставувам нема чим се става кај бенчиња од неколку дена...?
Кај малата немаше реакција, не ја прима во родилиште туку 1 или 2 недели после раѓање, не се точно сеќавам. Ставав антипиреа лепенки, добро би било да ги имаш и да ставаш, исто и ациди борици облози ставав. Докторката ми кажа дека може да има реакција, зголемена т.т., вознемиреност, но за среќа добро поминавме.
Ние ја примивме бсж вакцината во четврток, значи на неполни 2 недели откако е роден. Нема никаква реакција вакцината и се става поткожно.
Дали има повеќе дози? Јас мислев дека се става еднократно, а се повторува само доколку не е успешна првата.
Мајки една другарка бебето го вакцинираше со првата шестовалента денес и од Јане Сандански и закажале следна вакцина сега на 20 јуни пак вакцина петовалента . Нели е многу брзо ова ? Како ги боцкавте вие ?
Па исто јас и кажав дека мора да има простор повеќе од месец барем од една до друга вакцина , искрено не знам како да ја посоветувам , ама дефинитивно мајтап се играат докториве , за 15 дена и закажале пак вакцина
докторите си играт руски рулет ај нека видат сите мајки тука у темава дека од една до друга вакцина треба да има 40 дена најмалце разделеченост нека се јаве една што у рок од 2недели му ставиле 10 вакцини на бебето
И она се чуди зашто е вака за толку брзо , а не е запознаена баш со тоа што и како треба ни кога треба па ме праша мене , се почудив кога смениле тоа за толку брзо толку вируси да вбризгуваат во бебешко тело и затоа си реков тука вас да ве прашам за искуство и совет .
Може згрешиле јуни/ јули Ние во петокот примивме прва вакцина исто во Јане , на 11 месеци . Супер помина, немаше никаква реакција. И во книшката ми пишале 16 јули. Ама не планирам да одам. Здравје од септември втора. Мој став е во лето не вакцинирам.
Јас би и на повеќе од 40 дена. На организмот му треба време да се оправи, а според мене и 40 дена се малку.
Здравје и јас планирам од септември да почнам со вакцини , ама незнам дали ќе ми прават проблеми нели при поднесување документи за трето дете дека треба да се приложи документ од картончето на примени вакцини .
И нас ни закажаа прва шествалентна на 6 Август, ама таму им кажав дека ќе ја одложам до Септември, во цела горештина не планирам да ставам вакцина.
Оваа за БСЖ нема реакција. Реакција локална се јавува тек после месец дена и тоа коричката до година дена може да стои. Не пречи при секојденвно функционирање, бањање и слично.
Може ли совет? Уште ја немаме примено таа на 6 месеци што треба,незнам како се вика. Малото сега има 9 месеци . Дали да го однесам утре на вакцина,или да одложуваме уште ради топлото време? Секако треба на контрола да го носам,би одела рано сабајле па мислев и тоа да завршиме,да не мислам. Исто и бсж изледа не му е успешна. Ако може некој поискусен за совет. @Annath