Искрено, не знам што да те советувам, ама мислам дека поради топлово е подобро да одложите, во најава е топлотен бран со високи температури, а колку што знам, не се вакцинира при вакви услови. Кога ќе залади (а сигурно ќе попушти топлово малку) може да ја однесеш. Ама на твое место, не би вакцинирала. И моево треба да ја прими истата вакцина, требаше крај на мај, ама ми настина, сега пак со стомачен вирус, па не мислам да го носам, барем додека не се опорави целосно. А за БСЖ, не знам како е процедурата сега ако не е успешна, до година се вакцинираше без проба, а после година со проба (манту тест). Така беше пред неколку години, сега не знам.
За БСЖ мој совет ти е да почекаш да наполни една година и да се направи тест. На сестра ми малата нема никаков белег, ама буквално ништо. Сите педијатри и викаа дека не била успешна и да се ревакцинира. Само што напплни 1 годинка направија тест и излезе дека е успешна. Среќа не ја боцнаа пак за џабе.
Ја примавте таа што е предвидена да се прима на 2 месеци? И ние освен БСЖ ништо не сме примиле, а сме 7+ и незнам до кога најдоцна можам да ја носам.
Јас сакав викендов да и направам кр слика понеделник да ја носам или дитепер или стрептокока ако имаат па после од септември ммр и тоа што ќе ми остане. Веќе толку каснам да не знам ни до кај е со вакциниве А баш гледам од пон ќе биде ужас топло Требаше оваа недела да завршам тоа ама ете. Планот беше некаде април да почнам кога ќе закрепне од зимото што беше многу болна за велигден па се разболе и беше на антибиотик и еве го јуни дојде. Не знам што да правам 2г и 9м направи а касни со дитеперот од 18м.
Исти сме и ние. Минатата недела бевме кај матичната и таа не посоветува да одложиме за од септември заради горештиниве. Тогаш ќе сме година
Да да, таа што треба на два месеци. Не знам до кога може да се одложува. Еве мојот е 11 и пол месеци, сега прими прва, следната планирам некаде во септември. И со постарото касно почнав. Сега е скоро три, таа на 6 месеци ја нема примено, па следна е ммр. Кога бевме за малото зборев со докторката за ммр, прашав до кога може да одложувам, ми рече до 5 год легално, така и ке биде, ми рече тогаш донеси го другите ревакцини да си ги прими, таа одложувај ја.
Nie sme na vakcina taa za na 6 meseci vo Vtornik.Mm insistira da ja nosime, uste ne se temp.visoki.Mislenje?
Ние во среда ја примивме првата доза Ди те пер, Полио, ХиБ и Хепатит Б. Ја касниме малку бидејќи поради вирус покасно ја прими БСЖ. Го боцнаа само во бутчето од напред, немаше ништо со лажичка, ни рекоа дека е шестовалентна и вака се примала. Неколку дена психички се спремав за вакцинава, изнакупив се што прочитав за симнување на температура, за облоги. Го однесов да го прегледа педијатар, направивме крвна слика. И пак ме фаќаше паника. Среќа поминавме лесно, немаше никаква реакција, не качи температура ич, ногата супер си ја мрдаше и не даваше знаци дека го боли. Наредната ни ја закажаа за 27 јули.
Оваа вакцина е таа на 3 месеци? Ние утре ни е прва вакцина... и јас ништо немам купено ни топломер ни шурупче ни ништо .... и многу сум напната!
По правило мислам дека се прима на два месеци, ама ние касневме со БСЖ, па затоа ја прими на 3,5 месеци. Мора да поминат минимум 45 дена од една до друга вакцина.
Daj i sirup... Nie vcera super pominavme.Dadov sirup vednas koga si dojdovme.I lepenki stavam. Sveza bese cel den.
Не е опасно , следи ја и стави лепенка , убаво е .. ако е мн кенкава или крене 38 тогаш давај сируп .. Нема потреба од сируп на 37 , што ќе биде на повисока темп , нека се изборат малце сами , оставете не ги учете така ништо не му е се дури не се ептен плачливи или почне да крева .
Mallava minatata vakcina cel den neutesno placese.Ne dadov nisto. Ovoj pat po preporaka na pedijatar dadov sirup radi bolka.
Да за болка се дава ама ако увидиш дека е така истоштена кенкава , иначе ради реда пред време не би дала , они се мн посилни од што мислиме..