Мојов кога го вакцинирав (за големиот зборам), имаше краткотраен осип само по торзото. За неколку часа се изгуби. А друга реакција немаше. Како е утрово малата?
Околу 4 сабајлеимаше 38 и дадов сирупче, се чешкаше по рачето едно ама не видов да има осип. Сега качила над 37 а вака е де ок весела јаде пие, осип нема ама не сум дома убаво да ја видам. Ми рекоа ако трае т дамо 3 дена дека е од вакцината ако продолжи понатака да ја носам на лекар да не има нешто друго закачено. Други симптоми ништо нема
Денес прими синчето дитепер втора ревакцинација која наместо на 6 мес. ја примаме на година... ја одложував пошто ме фаќа страв одкога ја прими првата доза дете се смени во однесување стана хиперактивно и некогаш кога се будие му се грчи телото 5-10 секунди др. вели не е од вакцините но по таа прими за хепатит и се зачести грчењето и пак ист одговор дека не е од вакцина, сега ми е страв тоа грчење да не се претвори во епилепсија со оваа или ммр вакцина.... нозе ми се пресекуваат на помислата па за една година трета доза детепер треба да прими. Уште пред да се породам сакав изјава да пишам дека ќе си сносам одговорност а дете нема да прими ни една вакцина но мм ме разубеди као на нас што ни фали... ни фали многу она што не го сваќавме кога во 2ро одделение дојде нова ученичка повлечена мирна тивка срамежливо убавко и слатко девојче на кое и се смееа сите затоа што немаше контрола над сопственото тело не можеше ништо сама да направи едвај држеше молив во рака но се трудеше, колку ми се плачело на таа тажна глетка тогаш а и сега при сама помисла солзи ми наидуваат, ах, тогаш дете а сега родител исти чувства но повеќе боли за своето да се молиш да не го доживее тоа.
Малку сњ зборува за "дитепер" дека фокусот на ммр е. Ама оваа делува на нервниот систем. Една од поопасните за мене.
Тресење на телото после будење е резултат на закаснето будење на мускулатурата на телото во однос на нервниот систем.т.е мозочето се буди,отвара очиња ама поспано е-дур се раздвижи.Нема простор за грижа мајка. Примерот со девојчето кој го спомнувањ неможеш да тврдиш дека е поврзан со вакцинирање,бидејќи нејзините родители најверојатно никогаш не ти кажале експлицитно за дијагнозата на ќерката.Безвезе е да се 'прогнозира' ....
Два пати ми стасува картичка за ммр вакцина и одложувам . До кога може да ја одложувам? Да напоменам 13 месеци сме и до сега сите вакцини ги имаме примено ама оваа ми е страв.
Гледам оти многу се закануваат со парични казни па сакав да прашам дали има период одреден каде имам право да ја одложувам. Фалаа.
Незнам зашто 2 пати ти праќаат картичка кога тек сега има 13 месеци и "треба" да ја прими. Бог да чува се. Одложувај ти колку сакаш и сметаш дека треба, неможат да те присилат
Да прашам што мислите за HPV вакцината? Големата е 10 и пол години и треба да ја прими, многу лоши работи прочитав и незнам што да правиме, кажете ми ваше мислење, искуство ве молам.
И јас не би ја дала. Мојот матичен уште на времето кога го прашував ми рече џабе дека е зошто штитела само од неколку поттипови од вирусот, а има многу повеќе од тие.
Prvata doza od 6 valentnata bebus ja podnese super 4+ e malku samo temperatura se pojavi so 37,7 ama pomina po polovina cas. Za 4 nedeli revakcinata se nadevam samo deka ke bide isto lesno podnesena
Помеѓу две вакцини треба да има најмалку 40 дена растојание. Во диспанзер обично на четириесетиот ги закажуваат. Да не си грешка или таму утнале во броењето. Провери си пак. За 4 недели е рано.
И ние сме Австрија. Бебето мое е скоро 12 месеци. Ние казниме со вакцините. Мене овде многу набрзо ми ги закажуват ама не го носам редовно.
Не е точно. Од организмот зависи како ќе ги поднесе. А поголеми се шансите побурна реакција да има кај помал и послаб организам (читај бебе). Не дека кај поголеми не може да се јави, може, ама поретко.
Софијанова еднаш изјави дека бебињата многу подобро ги поднесувале вакцините, односно што помали, тоа подобро. Дури и според неа треба сите вакцини да се примат до 6-тиот месец. Се разочарав од таквата изјава.