Каква проверка тррба да се направи пред да се прими вакцина? И дали доколку има некоја бактерија на кожата, треба да се чека да пројде, па после да се вакцинира, или може и со тоа?
Детето треба да биде апсолутно здраво, да го прегледа матичен лекар (овие во диспанзер ги прегледуваат, ама често шибаат вакцини и на болни деца па јас затоа не им верувам), да се направи крвна слика и доколку се е во ред тогаш да се вакцинира. Не знам за каква бактерија на кожата се работи, ако имало веќе детето проблем најдобро е да се земе брис пред да се вакцинира. Ако прима некаква терапија најдобро е да чекате да заврши истата.
Здрaвo мaјки, сaкaм дa прaшaм дaли некoјa oд вaс ги вaкцинирaлa децaтa вo aмбулaнтaтa вo Автoкoмaндa( мислaм истaтa екипa е и Чентo) и кaкo сте зaдoвoлни oд дoктoркaтa и сестрaтa? Јaс денескa гo oднесoв прв пaт дa прими вaкцинa сo пoлни 2 месеци. Гo видoa дете супер е ми кaжaa aмa некa пooјaчa зoштo дa брзaме, викa aкo сaкaш ќе гo бoцнеме немa прoблем aмa пoчекaј 2 недели. Инaче си нaпредувaме се кaкo штo требa пo 1кг нa месец.
Мајки, вие што доцневте со вакцини и чекавте од септември, ги вакциниравте ли малите? И колку време после вирус да чекам за вакцинирање некој да не знае?
Да се опорави убаво организмот. Е сега зависи и кој вирус. Билдај имунитет пред и после вакцина, небитно кога ќе го вакцинираш. Јас го вакцинирав моево (2 години) со шестовалентната што се става на шестмесечна возраст, сега во петокот. Имаше овојпат реакција, за разлика од претходните две кои ги помина сосема безболно. Овојпат со болка и блага температура.
@Annath 11 месеци сме, освен бсж ништо нема примено. Минатата недела беше со стомачен вирус и обилно повраќање. Сега освен пробиотик ништо не давам друго за имунитет. Можам ли на таа возраст нешто за имунитет додатно да давам?
Јас реков септември и некако пак не ми се боцка. Сега на работа појдов, па да не и дојде стрес. Од октомври
Сеуште не. После вирус провери си ја крвната слика да видиш дали се опоравил. Ама јас 2,3 нед би чекала (уствари повеќе чекам ).
А, планираш да го вакцинираш воопшто? И дали до сега даваше нешто дополнително за јакнење на имунитетот, од храна мислам?
И ние рековме септември, ама еве уште не сме биле. Баш прееска разговаравме со мм и најверојатно наредна недела ќе одиме на контрола, крвна слика и на боцкање.
За е.коли, која ја третираме локално со креми антибиотици веќе подолг период. Има напредок, но споро е. А мене ми е страв, има примено само бсж и ништо друго, па сакам да го вакцинирам.
Ми стигна покана да ја вакцинирам малата со назнака ВЕДНАШ. Дали треба да ги известам дека ќе ја одложам вакцината?
Јас се јавив, и мојот број го пуштиле кај началничката на установата па таа ми се јави ама си го доби како што бев изнервирана. На крај ми рече да игнорирам покани, морале по закон да пуштаат ама да го однесам во секој случај. Кај нас една неделно пуштаа обавезно, а неколку пати ја имав објаснато ситуацијата, ама не водат евиденција. Ако ја одлагаш поради некоја причина мене и доказ ми бараа, пример извештај од матичен дека има вирус, па го носев ко му беше воспален дерматитот за да го видат, па сега алерго тест чекаат.
Крвна слика обавезно. Ќе почекам и јас барем уште недела, две. Сакам барем 3-4 недели пред роденден да ја вакцинирам, за да можам да избегнувам до тогаш контакти со други луѓе. @kukla21 слободни денови обавезно ми се во план за после вакцина
Јас вакцинирам таму, и не е истата екипа од Ченто. Во Ченто еднаш ја однесов демек да прими вакцина што не ја даваат кај нас, но докторката не беше педијатар и ме извади од памет со давање дијагнози на здраво дете. Во автокоманда и сестрата и докторката се приступачни и отворени за разговор.
Во петокот ја примивме ДТП вакцината на 18 месеци што се става. Синко е 2год и 4 месеци. Саботата поврати два пати, а од неделата има пролив. Дали е можно да е реакција од вакцината или го има фатено некој вирус? Весел си е , има апетит, ама и пролив има . Му давам електролити и пробиотик.
Мaјки јaс тaзе мaјкa сум пa не сум дoвoлнo упaтенa a ве читaм декa прaвите кoнтрoлa и крвнa сликa пред вaкцинирaње, ме интересирa дaли пред секoјa вaкцинa прaвите или aкo дететo имaлo виеус пa дa прoверите и крв. Ние сме 2 месеци и чекaме дa се бoцнеме сo првaтa вaкцинa пoсле бoлницa. Ќе требa ли дa му нaпрaвaм и крвнa сликa пред вaкцинa дa прими? Фaлa ви и убaв ден нa сите