Исто беше и кај вас со осип и оток или поинаку?Само со крвна слика ја боцнаа без црп а денес тука и испитаа и црп e 0.9.Многу се секирам ептен .Колку траеше опоравувањето кај вас?
Кај нас бебе од 37 температура на 39 и од 39 директно по 15 мин на 32 температура стана модро шарен (мермерно шарен) , плунката се лажеше многу и густа во вид на пена и не сакаше да цица заспан беше скоро цело време , опоравување 6-7 месеци траеше се мрсулаво , со секрети , кашлици , имунитет катастрофа ни јадеше нормално ни ништо . Се надевам по лесно ќе пријдете од нас и биди упорна да испиташ се на имунологија ако ти кажат да вакцинираш повторно , барај писмено да ги напишат дека одобруваат имунизација никако усмено не прифаќај.
И со дигитален и со оние старите со жива и со двата покажа исто , имунологот кажа дека тоа е можно и дека не било прво дете кое се јавило кај неа со таква реакција .
Женски, малата има 16 месеци прими ммр пред девет дена, вчера имаше 38 температура и спиеше катастрофа. Една недела пред вакцината беше проверена крвна слика и црп ок беа. По колку време држи тт како реакција на ммр?
Kako edna nedela pred? Pa za taa edna nedela moze se da zakaci. Istiot den koga e vakcinata se pravi krvna slika, urina i crp. Jas na moja raka brisevi pravam dva dena pred vakcina.
И нас ни е 10 ти ден од ммр, освен голема вознемиреност друг симптом немаме. Ни кажаа од 7-10 дена да очекуваме реакција, како блага тт до 38 најмногу и можен осип кој не се третира со ништо. @GFlower
Фала ти мила, истиот податок и јас го добив од докторката, само до 14 дена. Мене ме чуди траењето на покачена тт. Втора ноќ со 38 отприлика, се надевав дека една ноќ и ќе помине. Греотка ми е кога ја гледам дека и е мачно. Прва реакција на вакцина и е ова. Среќа сте поминале лесно вие, поздрав
Досега, фала му на Бога, сите вакцини ги поминавме убо. Тт не, ама вознемиреност, неспиење, нејадење и само кај мене враце и цицање, таква ни беше реакцијата, сега веќе се стабилизираме. Мислам дека и ова немаше да го поминиме ако не ја фатеше вирусот со повраќање и проливче. Ама непишано правило е се да бидит наеднаш , ама битно ќе поминит, само трпение.
Вознемиреноста и траеше 3/4 дена, а нејадењето нз дали и беше од вирусот, од запчето или вакцината, ама препишувам на вакцина дека и се враќа апетитот а запчето не е излезено , исто вирусот ни запре пред 7 ден од реакцијата.
Здраво мајки, Пробувам да следам за да не досаѓам со исти прашања ама тешко ми оди. Син ми има три месеци и една недела, педијатарот ни кажа прва вакцина на три и пол месеци, а го гледам сега календарот, таму пишува прва вакцина на два месеци? Плус не ги разбирам вакцините. Педијатарот ми рече ќе прими шестовалентна, а во календарот пишува петовалентна....ме фрустрира дека ништо не разбирам. Дали ЦРП оди на упат или не? Многу ќе ви бидам благодарна ако ми ги разјасните работиве. И плус да споделите како пројдовте со првата вакцина [во суштина трета, прими Хепатит Б и БСЖ првиот месец]
И мене не ми е јасен календарот. Ќерка ми ја прими на 29 август со точни 3 месеци наполнети. За втората ни кажаа на 15 окт. Колку што разбрав тоа е ревакцина од истата шестовалентна. Инаку немаше никаква реакција, немаше температура. За секој случај три дена ставав лепенки на местото.
јас утре сакам моево да го вакцинирам со шестовалентна.почекав 10 дена после полни два месеци. направив и крвна слика ми рекоа само железото му е малце помало ама не влијае на вакцинација. се молам се да биде во ред. нешто да ме предупредите освен можност за покачена температура? и сега гледам, шестовалентната сте ја примале трет месец а мене ми рекоа со полни два месеци е. не знам дали да чекам уште :/
Па и мене ништо не ми е јасно. Во календарот си пишува 2 месец, ама мене и педијатарот во Систина и матичната ми рекоа 3 - 3.5 месец. Не разбирам зошто, веројатно чисто за да биде малку поголем и поојачан. Јас ќе ја ставам во понеделник, не сакам да ме фатат неработни денови и викенд, за недај боже, што значи 3 и пол месеци точно.
И на мене ми кажаа во ремедика и патронажната на три - три ипол месеци да ја ставиме. И така отидовме.