ние денес ја примивме трета доза , и поминавме за сега мн полесно, синко мој е маже на мама,хехех само некоја секунда поплака и толку па допрва ке видиме како ке поминиме со реакција додуша на претходната немаше ништо се надевам и овај пат ке е така инаку јас не го носам на боцкање , си чекам пред врата, татко му го носи јас неможам ние сме сега во август за хепатитис б
А внатре кога влегува татко му го пресоблака? Јас мислам дека мајката треба да е со него, ние и двајцата влегуваме внатре, прво го преслушуваат, го соблакам скроз и гледаат дали е ок за вакцина, па го мерат, должина, тежина и сите тие работи и го вакцинираат на крај, јас си го пресоблакам и после го облекувам. А вие зар татко му сите овие работи ги прави внатре кога влегувате за вакцина? Малку ми е чудно ова ако е така
еххех не не сме се разбрале јас си го слекувам во таа просторија шо е , јас го носам на вагање, мерење, заедно одиме после кај др на преглед и дури на крај е боцкањето во друга соба, е таму оди со татичко зш јас неможам , првиот пат ке се онесвестев и затоа сега ги чекам пред таа врата и потоа пак јас го земам да го облечам , значи само во една соба оди со тато кај тетките шо боцкаат
^^ А зошто да не го облекува и соблекува таткото? Мм облекува, мења пелена, соблекува Ние касниме бааѓи со вакцините, сеуште се убедуваме со мм дали ќе вацинираме или не
Подобро да го вакцинираш бебето, затоа што ако сакаш да го пратиш во градинка нема да ти го примат доколку не примало вакцини.
аа и кај нас е исто , штом едома мажево мое секогаш го преслекува синко, му дава јадење, го заспива се шо си треба
Браво за вас кои ви помагаат мажите, мене мм само 2 пати до сега направил млекце за син му и го наранил , ништо друго, го нема никогаш преслечено и да му менува пелена, од една страна и го оправдувам пошто скоро цел ден е на работа, ама кога е дома и секоја слободна минута ја искористува во играње со малиот така да и тоа е нешто додека јас спремам ручек или извршам експресно некоја домашна работа
Nie denes ja primivme prvata doza od DTP.Ne bocnaa vo dvete kolkcinja, plakavme malce.Toa bese sabajleto...celo popladne kenkame i nekeme da spieme pred malce merevme temp. 37.5 dali da i dam sirupce ili da pocekam ako i se kaci poveke?!
Уфф колку е само ненормално да реагира организмот, дури сега дознав. Всушност не требало да се качува температура, зошто со самото покачување следувале и последиците. Туку ова во друга тема(истражувам зошто планирам да го прекинеме вакцинирањето). Инаку јас давав сирупче за температура 37,5, зошто после наеднаш скокнуваше на 38, па додека да реагираше сирупчето она веќе имаше 38,1. Може некој ќе ме критикува , некој ќе ме поддржи, но за мене не е ок да оставам да се качува. А од кога ќе дадев сирупче шетавме и не ја облекував многу, туку онака лесно, да може телото да се лади.
и јас меу поучена од едно мн лошо искуство со температура не чекам воопшто синко да крена па да му дадам сирупче, туку му давам одма откако ке ги примиме вакцините, ова ми го кажа и го правам со одобрение на доктор, и јас имам пишувано за ова и мене ме карале мајките, ама секој со своето мислење. навистина незнам како ке се избори дете до 3м со температура од 39 , кога јас неможам да фунционирам со толку а не тоа??? а каталина зошто во 2те колкчиња?? ние примаме една во рачето, во ноџето и со пиење една
И јас како меу ставав чепче на 37.5 не чекам да крене повеке оти ми е страв. Така и бев советувана од мед.сестра а меу како планираш да го прекинеш вакцинирањето? На училиште нема да ја примат без вакцините.
Ljubicicaa stvarno ne znam zosto vo dvete kolkcinja,namesto ednata vo race Valjda po toj princip rabotat tuka.Inaku vo 21h pak merev temp.bese ista i odluciv da ne i dadam nisto dokolku ne se kacuva.
кај ги примате вие вакцините?? инаку јас колку што имам читано по други форуми и групи за да не го вакцинираш детето потпишуваш изјава дека на своја одговорност не го вакцинираш , не ти следуваат никакви казни
Немате право, ама имате можност да избегнете со тоа што ќе платите казна, или можеби нема да платите. Ако некој е толку убеден дека ризикот од вакцината е поголем од ризикот од неколку болести, може да избегне вакцинација со тоа што нема да го однесе детето на вакцина. Мислам дека во градинка имаат целосно право и да не го примат ако не е вакцинирано затоа што е на ризик со толку дечиња наоколу, а и тие се под зголемен ризик, ама не ми се верува дека нема да го примат во училиште. Има и деца кои се алергични на вакцината и не примиле, или пак имале некоја друга контраиндикација, нив не може да ги одбијат од училиште. Не сум слушнала дека некое дете одбиле да го запишат во училиште кое е задолжително само затоа што не било вакцинирано. Иако таков е законот, сепак не верувам дека се спроведува. Од друга страна пак, децата кои не се вакцинирани се изложени на поголем ризик од болестите, а и претставуваат ризик со тоа што може да ги пренесуваат тие болести против кои не се вакцинирани. И затоа најразумно е детето да си биде вакцинирано. Баш пред неколку недели донесоа сличен закон во Австралија, ама тие што не се вакцинирани не ги одбиваат од училиште, туку за време на епидемии им наложуваат да не доаѓаат на училиште. Всушност нормално е да се покачи температурата од ДиТеПер, тоа значи дека организмот и имунитетот е силен и реагира на вакцината со тоа што создава антитела, а тие подобро се создаваат кога е благо покачена температурата. Помало покачување може да се очекува од таа ацелуларната ДиТеПер која содржи помалку антигени и организмот создава помалку антитела, ама пак таа е понеефикасна за заштита. Местото на апликација е пропишано по протокол, дали треба да биде интрамускулно (ДиТеПер, ХиБ и хеп Б) или субкутано (МоПаРу), ама дали на рачето или на ноџето не прави голема разлика, само обично за бебиња се препорачува на бутчето.
Секако дека имаш право на избор. Твое е да одлучиш дали ќе го вакцинираш детето или не, ако не сакаш, само носиш изјава во диспанзерот во кој се водите. Немаат право да ве гонат, ниту пак да плаќате казни, бидејќи законот ве штити (освен ако и тоа не го сменат, нели, за да ги потрошат вакцините ). Во градинка ако нема место ретко ги примаат, па нема врска дали е вакцинирано или не. А за училиште МОРА да го примат, бидејќи образованието е задолжително со закон.
Вакцините се задолжителни, но имаш право со изјава како што кажа ljubicicaa дека не сакаш да го вакцинираш детето на своја одговорност, потпишана од матичен да го прекинеш вакцинирањето. Ние децата ги вакцинираме на своја одговорност, докторите, а и производителот(што посебно ме изненади) на вакцините се одградени од било каква одговорност. Значи било што и да се случи никој не одговара. ЗОШТО??? Кога децата се запишуваат во училиште никаде не пишува дека треба да се однесе документ за вакцинирање. Школото нема врска со вакцините, иако сакаат тоа да го наметнат. Последно кога бевме на лекар, го прашувам што ако ќерка ми не ги прими наредните вакцини? Одговор: Тоа се страшни болести, кои предизвикуваат смртност, но со години ги нема, еве јас од кога сум доктор(а е стар човек во години), ги немам видено тие болести, па нивната “сила“ е намалена, така да неможе да пројави смртност, и би биле обичните вообичаени симптоми како и до сега. Но, вакцините не смеат да се прескокнат, јас сум за ставање на вакцините. ЈАс: Аха значи би се поминале болестите исто и со вакцина и без. А што ако се разболи пред да ја прими вакцината? Одговор: Епа ништо исто е тоа... Јас: WTF И сега што јас да заклучам од ова, туку ајде помина и тоа чудо, и ги разбирам зошто др. се обучени и учеле дека треба да ги убедат луѓето да се вакцинираат. А се тоа Аутизам, детска парализа.... врска немало(иако други истражувања поинаку покажуваат). Исто така многу се замислив и после интервјуто на Слаџана Велков, многу работи, многу информации поддржани со факти. Како и да е, темава не е за ова, па да не ја “загадувам“ или нека се премести постот во соодветната тема.
лелеле и јас сум на мисла за нареднава вакцина што ни иде у септември за заушки,рубеола,мали сипаници незнам ,назнам,назнам