Реков ќе почнеме овој септември со вакцини, 2 години сме...и пак некако не ми се почнува, ама и нон стоп сме со носе растечено...Искуство некој да почнал со имунизација на оваа возраст?
Ние утре треба да ја примиме петовалентната што се прима на 18 месеци. Требаше на 03ти месецов, ама му беа покачени леукоцитите - 15, иако други симптоми немаше, па ја одложивме за утре. Вечер ќе му направиме пак крвна слика, се надевам овојпат ќе е во ред, искрено на мисла ми се уште овие 2 вакцини, ММР и оваа и сакам да го затвориме ова поглавје.
Јас разбирам германски ама ниту ме прашаа дали сакаме да ја примаме ммр Исто на систематски дури ја прегледа и на брзина две вакцини и чао пријатно Ти стоиш шокиран и едвај чекаш да го добиеш картонче то да видиш што добило детето Сакале или не така функционира овде А посебно ако не знаеш јазик потполно ја разбирам џокерче и не мислам дека е неодговорна Незнам која членка имаше пишано да не барам ама баш не културно од неа за напишаниот пост полн со предрасуди Крвна слика?И да сакаш да платиш НЕМА Никоја од нас нема направено крвна слика пред вакцина (за мајките во дојчландов ) и тоа не прави неодговорни?
Факт е дека различен принцип имаат во еу, во холандија на мрсулави деца даваат вакцини око не им трепнува (на родени холанѓани кои немаат никакви јазични бариери) и не даваат терапија за тт освен чепче над 39. @gjoker4e Ако се обвинуваш во овој момент ништо не правиш. Само проаѓајте лесно сега и пази на реакции, нашите се блиску со возраст Ми беше криво и мене сите мерки на претпазливост што не ги превземав ама тоа е
I nie denes revakcina na 6 valentnata. Prvo gilo pregledaa preslusaa pa buckata. Ne placese i sega samo nekoj sekunda. Sega samo da nema reakcija ko prosli pat pa ke e super.
Мајки, знаете ли во Букурешт од колку до колку часот може да се носи дете на вакцина? И вчера правевме кр слика, до кога може најкасно да ги однесам (пр. 1, 2 недели)?
Биби ако примаат БСЖ прашај си предвреме во Букурешт за секој случај, нас во Ѓорче ни рекоа само 2 пати месечно отварале ампула БСЖ, од сабајле од 8, и до најкасно околу 2-3 часа по отварање да се оди да се прими. Крвната слика 2-3 дена за најсигурно.
Што е тоа леукоцити 15 дека биле покачени? Па нормални вредности се до 18. Мислам дека претерано паничат нашите доктори, не се за џабе поопуштени во поразвиените земји. Па децата имаат имунолошки систем во градба, постојано доаѓаат во допир со нешто ново. Не можат да имаат леукоцити со најниска вредност. Можеби ЦРПот е поверодостоен.
Во секоја лабораторија се различни референтните вредности, некаде до 10, некаде 12, некаде 15 е горна граница. 18 веќе е многу и со сигурност се работи за инфекција. Јас лично не го однесов кога беа 15, не ми требаше докор да ги прочита резултатите, вчера беа 11 и денес го вакцинирав.
На мојот извештај, референтни вредности се од 5.5-18. Синко имаше 15, двајца доктори беа ЗА, еден против. Го вакцинирав, ок пројде, качи 37.2 вечерта, денеска е добар. ЦРПот му беше 0.34. Тоа што го пишав горе, докторите ми го кажаа, не сум доктор
Нас со леукоцити 11 не вратија од Идадија, па после недела дена бевме пак. Зависи и од докторот што ќе каже. Јас тогаш се напнав, пошто реално 11 не е многу и е сосема во вредности на нормала, ама ајде. Бебе немаше воопшто никакви знаци за вирус, настинка, што и да е. Небитно, завршивме работа недела дена покасно.
Што да очекувам од првата вакцина што е на 2 месеци? Што да купам да имам за не дај Боже? Се спремав да ја носам денес, па сеа си викам да ја носам во среда... Каде се боцка, во нога? Какви реакции освен температура може да има? 11 недели сме.
Нека го види матичен, крвна слика направи му, земи си сирупче за температура, лепенки да залепиш ако го боли ноџето и тоа е. Мојот немаше никаква реакција на таа вакцина. Да поминете со лесно
Не велам дека се работи за неодговорност, сепак друга држава, други непознати правила. И не не функционира овде така, туку вие сте западнале кај таков доктор. Но, кога се работи за мое дете имам право и сакам се да знам. Живеам во Австрија и уште на почеток др ме праша сакам ли да вакцинирам, одлучив да, ќе ги прими сите освен ММР. Додуша и за менингококната која не е задолжителна уште се мислам. Си го симнав вакциналниот календар за оваа година и така гледам која е следна и кога, за да не одам неспремна а и на прегледот обавезно прашувам. @gjoker4e нема што да се плашиш за двете вакцини, практика е овде. Мојата е помала и на 3 месеци ја боцкаа во двете ножиња, во едно шестовалентната во друго за пнеумокока. Немаше температура, освен што цел ден беше нервозна и плачеше. Крвна слика не прават ни овде, само доктор ја прегледува, но ти имаш право да си бараш. Ако имате доктори кои ги вакцинираат без да ве прашат, веднаш ги променувајте, незаконски е тоа.
Прво на матичен крвна слика да ти направат. Мене др. ми кажа пола чепче за тт ако крене 38.5 и лепенки на местото каде што го боцнаа. Иначе во нога е боцкањето. Мојот немаше никаква реакција. Да си поминете со лесно
Дали треба пред секоја вакцина крвна слика? Поточно за шестовалентна ме интересира што се става на 2 месеци бидејќи ми рекоја не требало крвна слика туку од 3 месеци нагоре за следните вакцини морало, а за ова не. Исто и реакции што да очекувам?