Овде горе долу сите педијатри се исти Сум посетила вкупно 3 различни и не сум воочила никаква разлика Кој од кој по лош ми се гледаа Друго,не можеш тук така да промениш матичен,или пополнети квоти или не си во предност затоа што не си од тој град Едноставно не сме во можност да бираме
Никој не ми спомнал дека мора. Мора само бебето да го прегледа педијатар непосредно пред да го боцнат. Мислам дека крвна слика е личен избор, а убаво би било да се направи за да знаеш дека е целосно здраво.
Za smiruvanje obicno gi davaat vibrucol kapkite i nas mn nj pomagaat nema ni nervoza ni nis na prirodna baza se
@cimparka значи менингококна не е задолжителна така? Матичната ме нема ни прашано за оваја вакцина а сме 14+. А за што поточно е вакцинава? Прати ми линк од календарот за имунизација.
Мене педијатарот ми препорача борова вода за ногата и далерон за тт..ама немаше потреба воопшто..супер ги поминавме и првата и втората...дај Боже и Вие со лесно да помините
Син ми ја прими минатиот понеделник, он имаше точно 3.5 месеци. Помина добро, имаше првата вечер малку температура 37.2 - 37.3 до следниот ден на пладне, но ако не мерев често можеби немаше ни да приметам. На боцката (во десното бутче од напред) ставав лепенки, иако ми препорачаа ациди борици. Не ги послушав од причина што цело време пафта и облоги со ациди борици требаше да се тепаме за да му стојат Купив Далерон сируп превентивно, но не го искористив. Ми рекоа само ако крене температува над 38.
Здраво.. утре ни се јавиа за вакцина на 6 месеци што се дава.. ние сме 7 и пол месеци.. дали уште да одложуваме со ставање на вакцинава или да ја примиме? Мислење?
Ја примивме сабајлево.. Ја одложувавме зошто таков совет ни дадоа други родители.. демек да не му напраеле нешто на бебето со расвојот, ако било поголемко поубо ќе поднесело.. Искрено само шубе ми напраја, првите 2 не ги одложивме па немаше ништо фала богу! Се надевам и сега лесно ќе си поминиме
И ние примивме вакцина. Поише плачеше мама него бебе. Ми заспа по пат до таму, на искачање коа си одевме си продолжи со спиење. Им се смееше и им гугаше на сестрите и докторките. Се чудеше зошто другите плачеа. Лепенки стававте по потреба? Или превентивно? Тие што ви кренаа температура, после колку време ја кренаа? Колку да ја оставам да спие? Ноќе ми врзува и по 5ч сон, па дали и вечер да ја оставам или да ја проверувам почесто?
@TeddyGrey лепи одма лепенка, превентивно. Јас лепам два дена после вакцинирање нонстоп, доволно е. Остави бебе нека си спие, само проверувај ја почесто. Мене на третата ревакцина првпат ми качи темп, дента после вакцинирањето, и траеше само еден ден (двапати качи по 38.5). Претходните двапати немаше никаква реакција. Не мора да значи дека ќе крене, но и да се случи, ништо страшно. Дај далерон (не испод 38.5), еден ден трае само. Со лесно да поминете и без реакција, и лепенче одма стави, да стои и дење и ноќе. Ќе менуваш на неколку часа. Сецни мало парче, не мора цела, големи се
Лепенки му става цело време превентивно. Остави си ја да спие ти ќе си стануваш почесто и ќе и мериш тт
На ноџе е боцната така? Јас хеланки и облакав и не и паѓаше така. Можеш и чорапче да пресечеш, и тоа да го ставаш
Здраво .. Сакам да прашам за ММР вакцината што мислите какви искуства имате и дали се согласувате со тоа дека предизвикува аутизам?