Најреално и според мене најубаво објаснување има дадено една британска педијатарка специјализирана за аутизам. Има кажано дека ММР вакцината е последната капка во морето од предизвикувачи на кои било изложено детето пред да ја прими. Прв тригер се навиките на мајката пред да зачне и за време на носењето на плодот (антибиотски терапии, пороци, не здрав начин на живот), втор е пораѓајот (а и не мора да значи) царскиот рез или природно, трет тригер се антибиотските терапии кои самото дете ги примило пред таа вакцина, ако се повеќе од две тогаш истоштениот организам и мозок ќе реагира несоодветно или со социјално и физичко затворање на околина по примањето на вакцината. Ќе речете порано помалку деца имале аутизам. Не, порано имаше поголема стигма и срам, и родителите ги изолираа таквите деца, не како денес кога се инклузивно вклучени во се (како што и треба да биде) Читав многу и член сум и на АнтиВакс групи, но си ги вакцинирам децата, затоа што верувам дека функционираат. Читајте, не оставајте други туѓи искуства да бидат ваш начин на живот. Едноставно е, едни велат врне надвор, други дека сонце грее, ваше не е да се двоумите и да ги прифатите и двете информации, излезете и сами проценете која е вистината.
Луѓе, дали може да се прими вакцина на приватна поликлиника или мора државно? Дали некој има инфо за ова? Фала многу
Нема приватно, освен при раѓање во приватните клиники. Вакцините се ставаат во диспанзери за здраво дете, а тие се во склоп на државно здравство.
За жал Кај нас во Прилеп тие што работат кај вакцините како да им се одмилил нивниот живот личат не па да ти берат гајле за туѓ... Нажалост таква ни е ситуацијава скоро сегде на државно, а за да бидеш третиран како човек треба да си платиш. Тоа е..
Мајки ние денес имаме контрола на 2 години. Досега ја одложував ММР, последниот пат и реков дека на 2 години најверојатно ке ја ставиме. Ама малата ми беше малце настината пред 5 дена, имаше тт и сега не ми се ставаат вакцини планирам пак да одложам. Исто ме плаши тоа што овде не проверуваат крвна слика пред вакцина. Се мислам денес да провериме крвна слика и да закажеме за вакцина наредно ако е се во ред ама додека дојде време за вакцина може пак да закачи нешто. Стварно не знам што да правам.
Да се надоврзам на темата, ако ти е дека се некаде поквалитетни или не, вакцините се исти на ниво на држава, нема приватни, државни. И да, исклучиво во диспанзер, според место на живеење. Крвна слика и црп. Правиш денес и ако е во ред, наред.ден, одиш на вакцина.
На малиот му се појави кај рамото на местото каде што е боцнат од првата вакцина како мозолче и тоа сега после 2ипол месеци. Нормално е?
Да. Така треба да е. И ако поцрни не се плаши нормално е и тоа па ќе обели потоа. фактички после неколку месеци се гледа дали бсж успеала
Ако нема реакција пак ќе ја боцкаат на 9 месеци. Таа вакцина треба да има реакција како што ја опиша ти.
И кај моето нема сеуште. Педијатарот рече дека не значи дека не фатила вакцината и ако се ревакцинира може да даде ептен бурна реакција така да нема да ја боцкам пак.
@Feodora и кај ќерка ми немаше ништо. Ептен слабо видливо едно точкиче, што ми го посочи докторката кога ја прашав зошто ништо нема. Рече дека вакцината си е ок, видливо е каде е боцната и не треба да е местото којзнае какво. Кај некои деца е апла црвено, кај некои е незабележливо, како кај мојата. Не се секирај, кога ќе ја носиш на следна вакцина, или пак на контрола кај педијатар, побарај да ја види и да каже дали има потреба од повторно боцкање
Кога вакцинирате детето го носите на преглед претходни или само прегледот од др.што вакцинира? Јас секогаш го носам прво кај нашиот педијатар па потоа на вакцина. Некако на тие од вакцини не им верувам баш. А утре мислев да го носам за крвна слика па вакцина.... многу ги доцниме
Прво кај педијатар , па после да и земат крв , па пак кај док со резултати , и ако даде зелено светло одиме на вакцина , таму прегледот е како од око