Мими, ти праќам скрин шотови. Малку ми е чудно затоа што не гледам петовалентни и шестовалентни вакцини и пак е производителот од Бугарија. Големата ја вакциниравме во Грција, тогаш уште не беа донесени, а третата ревакцина ја прими кај нас. Ич не ми текнува дали беа на Глаксо или друг производител, ама бугарски не беа 100%. Која вакцина треба да ја примите?
Добро вечер. Сакам да носам дете на вакцина во петок. Прво крвна слика, па кај матичната и на боцкање. Прашањето ми е дали во ј.сандански боцкаат секој ден?
Да. Нема примено ништо освен двете во болница. Благодарам на инфо. Не можам веќе да одлагам, ми порасна детето и се повеќе разбира па се потешко ќе биде.
Да, пожално е кога се поголеми Ако ја примате дитепер, мала е игличката. Барем беше кога ја ставаа на мојата, така да, не е страшно.
Дитепер треба да ја примиме за нареден месец ( 5+ ќе сме) планираме, ама имам доста дилеми. @Ano зошто одлагате?
И ние на 4 и пол ја примивме...супер поминавме...беба се смееше...Ни тт ни оток, освен цел ден што беше ко кемкава
Zenki krvna slika pred sekoja vakcina li pravite? I kade pravite krvna slika? Primer moze li po privatnive, avucena, synlab.. Vakcinava sto e na 2 meseci tocno na 2 meseci ja stavavte ili kako?
Можеш по приватните, земи си упат за таму. На два и пол ја ставив, така ми кажаа. Следната ми рекоа од ко ќе има 4 месеци, не порано.
Прво оправдано заради операција, па летни одмори. Е од септември наваму секој а недела го носам и никако да го однесам. Ама утре ќе го носам сигурно, нормално ако крвната слика е ок. Туку некој да не знае новата авицена во ародром дали почна со работа?
Чупиња јас денес ја носев мојата на здраво, утре прави 1 месец. Докторката ни кажа дека местото кај што е ставена БСЖ вакцината е готово да пукни, и дека ома оток. Јас немав заприметено Дали бебка има некоја болка или мака од то? Оти од ко си дојдовме оттаму не престана да плачи, никако нејќи да се смири, ни да спие Совет?
Денес ја примивме шестовалентната на 2ипол месеци. Бидејќи беа нељубезни не успеав да прашам на што да внимавам. Ве молам тие што се со искуство да ми посочите на што да обратам внимание Благодарам однапред многу
Прво, обавезно стави облога на местото кај што е боцнато бебето (можеш ациди борици на памукче, па да го залепиш памукот на ноџето). Уште полесно ти е Антипиреа лепенка за температура да залепиш, ќе исечеш помало делче од лепенката (зошто големи се тие) и директно на боцнатото место ќе залепиш. Облоги ќе ставаш 2 дена континуирано, можеш и 3. Ќе ги менуваш на секои неколку часа. После околу еден ден од вакцината може да се јави блага температура, макс. до 38,5 и истата трае еден ден. Ако се случи тоа, дај сируп Далерон максимум 4 мл. на секои 4 часа ако трае темп. подолго (јас давам по 3 мл обично, па дури и 2,5). Температурата е нормална реакција, не се плаши и да се случи, не трае долго, како што кажав.