Тоа е работата што не знам дали референтните вредоности се за деца или не. Во синлаб правевме крвна слика. Ќе препрашам сабајле во лабораторија па ќе видам што ќе правам.
Супер му е крвната слика. Лимфоцитите и не се којзнае колку покачени, гледај во процентуалниот дел се во граници на нормала. Кај бебиња и деца лимфоцитите имаат поголеми вредности од гранулоцитите.
5 пати да правиш крвна слика 5 пати ќе се различни и лимф, и аст и алт... за да се рече дека му е ниско или високо треба да е 60 а реф, вредност да е од 10 до 15. е тогаш се оди на додатни испитувања. крвнава слика е супер, хмгб е ок , црп е мирно , таман си е све.
Да го боцнаа утрово. И матичната и во ј.сандански рекоа дека к.с му е одлична. Го прегледаа убаво и конечно прими прва вакцина. Заплака на боцкањето, ама се гушнавме и помина.
Утре ќе ја клаваме вакцината шо е на 4, четири и пол месеци. Дали да ја напијам далерон пред да и ја стават?
Не немаше. Колку што читав и од искуство на блиски првата доза речиси никогаш не дава реакција. Еве недела дена помина и синко е супер.
6 месеци...ама и втората никаква реакција не даде.... Матичната ми рече дека сеа прочистени се и поквалитетни... Далерон чувам превентивно ама фала Богу не сум го отворила до сега... Облоги исто не ставав пошо не де ни познаваше ништо кј боцнатото. Само беше кемкава од време на време
Мајки,17сме и уште ја немаме примано ммр вакцината. На 18 се оди колку што видов на ревакцинација за ДиТерПер Искуства? Брачедами ја вакцинира на 2год пошо нон стоп и се разболуваше и немаше кога да ја прими фамозната ММр. Значи искуства ако може без предрасуди Мајка само таа ја немате ставено,а другите после тоа ги имате? И јас од пусти страв одлагаме ама две пусулчиња ми се стигнати да одам да ја однесам и тоа со датум кога...ке ме гонат прекршочно или?
Ние ја ставивме на 1год и 2 месеци. Денот кога и ја ставивме прооди! На 7 дена ми крена тем во спиење до 38.5најмногу, и нареден ден немаше. Само тоа беше реакција. Сега никој не може да ја над зборува и трча како коњ(јас така и викам) секој организам е различен. Со лесно.
И нас првата матична во Мк ни рече сега биле прочистени вакцините не биле како порано. Си се почудив какви ли се тие непрочистени вакцини што ја сум ги примала? Се уште не сум за психијатар ама имам едно прашање. Дали може вакцина да се извади од телото? Што не постои на веков па може постои и такво нешто да си прашам за секој случај.
Сакам да ми бидеш другачка!! ^^многу е касно, легни спиј и утре размисли убаво, ама пред тоа дури имаш време едитирај го постот
Вчера ја ставивме таа шо е на четири и ол месеци. Денес има мал оток и црвенило на местото кај шо и ја ставија. Реакција е така не е страшно.