И јас така @gjoker4e член сум на една групана фб и таму викаат дека може. Никогаш не се заинтереаирав како.
Може организмот да се прочисти од вакцини со хомеопатија, плус промена во исхраната, фокусирање на овошје и зеленчук и вклучување на супер храна (чиа, спирулина, хлорела, и слични). Е сега колку е кај нас храната чиста од отрови е дискутабилно. А има и хомеопатски вакцини, ако разбрав убаво, ама не се исти како конвенционалните.
Само хомеопативе можат да развијат ваква теорија, значи факти и студија дека тоа е возможно нема. Ако не се лажам, нели по Х период се губи дејството од вакцината, па што тогаш би се прочистувало и вадело од организмот?! Тоа еднката не би ја направило невакцинирана ако стои податок дека е вакцинирана, но како па инаку би се докажало.. Или ова може да се спроведе само кај рокот до кога вакцината има влијание?! Ако е па така, што би значело тоа?! @gjoker4e а тебе оти ти треба ваков податок?
Слаѓана Велков на времето продаваше зеолит за демек прочистување од вакцините. Па и луѓе и на бебиња го даваа. @gjoker4e што ти се увртело во глава, прашуваше и дали има невакцинирани, а да се болни од рак. Нашите баби и родители не се вакцинирани, родителите само бсж мислам, па имаш еден куп заболени од рак.
Би се прочистувале и ваделе тешките метали што ги содржат вакцините. И онака ги имаме доволно околу нас, во воздух, вода, храна, козметика, вакцините дополнително влошуваат ситуација. Ако некој сака да го прочисти организмот, не е само од вакцини. А ако не веруваш во хомеопатија, така кажи си. Јас лично, не верувам дека хомеопатите се шарлатани, напротив, повеќе верувам дека фармацевтската индустрија се најголемите шарлатани.
Разбрав што прават хомеопатите, но тоа пак нема да ги направи невакцинирани, јас не верувам во тој процес на прочистување/ослободување на организмот од вакцина.. А за фарма од мене има едно големо НЕ, не ни верувам јас во вакцини!
Од агенцијата за здравство ми рекоа ако денеска го вакцинирам детево за варичела, од утре смее во градинка. Инаку, како невакцинирана, има забрана до 20ти, додека не помине инкубацијата. Не дека планирам, ама има ли логика во исказов денес вакцинирај и утре стави ја помеѓу деца со потенцијалниот вирус?
Нема логика, ама секако била изложена на вирусот. Зошто да ја вакцинираш, што ќе смени вакцината? Само дупла доза од вирусот. Не дека ќе ја заштити, пошто нели, вакцините го активираат имуниот систем да создаде антитела, а тоа нема да се случи преку ноќ, па да е заштитена. Јас не би вакцинирала. Би почекала да видам. Ако се појавила варичела пред некој ден, сметај дека и две недели претходно детето било заразно, носител на вирусот. Ако одело во градинка, се разбира. И твоето девојче одеше во истиот период, сигурно имале некаков контакт. Обично прв знак за варичела е покачена тт, ама не мора да значи, има случаи без тт.
Повеќе млади има заболени од рак отколку стари, нажалост и мали бебиња и деца. Дедо ми 80 години невакциниран е поздрав од мене 28 годишна вакцинирана, јас сум со лекови уште од пред неколку години. Ова го зборам во контекст на тоа што го пиша ти, секако дека и други фактори на денешницата влијаат на болестите, но јас сум убедена дека и вакцините имаат голем удел.
Мајка ми цел живот спортиста, незнаеше шо е кафе, цигаре и нездрава храна...па на 37 години почина од рак и тоа пред 19 години.
Vcera ja stavivme vakcinata na 6 meseci. Denta si bese ok, nokeska pocna da kacuva temperatura ,vednas potoa se ispovraka kolicinski. Potoa temperaturata se simna no za kratko pak se kaci, dadov sirup i e ok. Me interesira dali povrakanjeto e reakcija od vakcinata?
Дали сте за инфлуенза вакцина? Бебе е 6месец 1недела, докторкава ме убедува да ја вакцинирам а јас се двоумам.
Јас не би. Од искуства на луѓе во моја околина, не е баш ефикасна. Е не знам во САД дали е истата. Ама имав другарка што секоја година ја примаше, и секоја година беше болна. Еднаш здрава не беше во зима, само на антибиотици беше.
Е тоа ми е и мене,самата вакцина е вирус и после примањето обавезно се разболуваш, инфлуензата штити само од висока температурата, настинки,вируси не спречува.
Мене ми се јавија да ме прашат дали и кога планирам да ја вакцинирам за да запишат кога да ми пратат покана. Прво ми рече во март дали може, реков не, во септември кога ќе наполни две години ќе ја однесам. Не правеа никаков проблем. Само кажа дека до 2 години ако не е примана вакцината, ќе реагираат кај инспекторат.
И мене ми стигна дома покана за вакцина. Ако не ја носам следи парична казна, така пишува. Како да однесам дете на вакцина кога се е мрсулава, де нос ќе се смири па ќе почне да подкашлува, па очи и солзат... Треба скроз да е здрава па да ја вакцинирам. Иако околу мене ми велат дека не е нешто болна па требало да ја носам. Е како да не, дури не ја видам скроз здрава не ја носам. Туку да се плашам ли од поканата?!?! Треба нешто да преземам?!?